Пропадна уште еден проект на Мета - Канал 5

Пропадна уште еден проект на Мета

Часовникот на Мета се приклучува на низата неуспешни хардверски проекти на Фејсбук (сега Мета).

Пропадна уште еден проект на Мета

Минатата година на интернет се проширија неофицијални фотографии од паметниот часовник на Мета. Тоа само по себе не би било вест, доколку острото око на јавноста не забележи дека на часовникот нема една, туку две камери.

Колку и да звучи корисно на прв поглед, способноста да фотографирате без да го извадите паметниот телефон од џебот или чантата, за некои покрена проблеми со приватноста. Затоа што, да бидеме реални, може да се создадат фотографии таму каде што не би смеело да се фотографира.

Но, изгледа дека овој часовник нема да ја доживее својата премиера, барем засега. А дали тоа некогаш ќе се случи е голем знак прашалник.

Според Блумберг, Мета одлучила да ја прекине понатамошната работа на овој производ. Наводно, на ова влијаел токму фактот дека на часовиникот биле предвидени две камери - предната (5MP) и незгодно поставена задната (12MP).

Блумберг наведува дека Мета сакала да користи електромиографија за да ги претвори електричните импулси од нервите во дигитални команди (и да ги користи за контрола на видео игрите или виртуелниот свет). Но, се чини дека е потешко да се направи отколку што мислеле, па се откажале од проектот.

Така, часовникот на Мета се приклучува на низата неуспешни хардверски проекти на Фејсбук (сега на Мета). Дали некој воошто се сеќава на паметен телефон на Фејсбук?

Во Блумберг, пак, посочуваат дека милионите вложени во часовникот на Мета можеби нема да одат залудно. Имено, тие наводно сè уште работат на уред за носење кој би бил еден вид контролер за проширена реалност, а би имал некои од технологиите кои биле развиени за часовникот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промовирана платформата „ЕКОСКОПЈЕ“: Граѓаните полесно ќе може да пријавуваат еколошки проблеми

Диви депонии, расфрлан отпад и полни контејнери – проблеми кои скопјани отсега ќе можат да ги пријават со само еден клик. 

Промовирана платформата „ЕКОСКОПЈЕ“: Граѓаните полесно ќе може да пријавуваат еколошки проблеми

Младите ја создадоа „ЕкоСкопје“, дигитална платформа преку која пријавите треба директно да стигнуваат до надлежните служби.

Како функционира платформата и како граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми, дури и анонимно, објаснува 18-годишниот Андреј Божиновски, кој стои зад нејзината техничка реализација.

„Пред се да се поттикне пријавување на овие проблеми и да не се оди на оној класичен начин преку социјални медиуми кадешто ќе биде ајде да напишеме одреден пост за полни контенјери или слично...На самата апликација вие веднаш ќе може да си пријавите и веднаш знаете дека ќе стигне до правилното место без да треба препраќа, без да треба да се оловлекува таа постапка, надлежните служби одма ќе имаат увид и ќе постапат. Пријавувањето може да биде анонимно, може да биде и со профили“,-– Андреј Божиновски.

Освен пријавување на еколошките проблеми, платформата ќе овозможи и следење на тоа колку брзо надлежните служби реагираат. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, посочува дека на овој начин граѓаните ќе имаат подобар увид во постапувањето на институциите, а ќе се зголеми и транспарентноста на Град Скопје.

„Тука ќе се види брзата реакција на Градот Скопје и на службите. Ако се работи за депонија покомплицирана работа ќе треба неколку денови да се сработи истата, но кога се работи за одредени ситни пропустиц тогаш ќе можеме веднаш да постапиме со службите и да дадеме конкретен резултат.Ова ја зголеми транспарентноста на Скопје, ние влеговме како град во процес на целосна дигитализација .. Нешто што целосно недостасуваше во минатото“-Орце Ѓорѓиевски.

Дополнително, во однос на комуналната хигиена, Ѓорѓиевски тврди дека со ставањето во функција на новите камиони, службите поефикасно се справуваат со проблемите на терен.

Посочи дека за 11 месеци се набавени 3.300 нови контејнери, а за следната година најави набавка на уште 20 камиони за одржување на комуналната хигиена.

Исто така „ЕкоСкопје“ нема да служи само за пријавување отпад и диви депонии. Преку платформата граѓаните ќе можат да го следат и квалитетот на воздухот во главниот град, со податоци од официјалните и приватните мерни станици.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни

Брзата помош доби 100 нови возила, интервентните возила се со подобар квалитет во делот на ЕКГ, респираторна поддршка, дефибрилатор, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. 

Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, преговори за уште 50 дополнителни

Во моментот на целата територија има 100 возила, но 40 од нив не се во употреба. Освен новите возила, ќе има нови вработувања а најдефицитарни се возачите на брзата помош.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека и во наредената година ќе има нови 50 возила на брзата помош и изградаба на новиот клинички центар.

Како новини во брзата помош е најавено брзата помош да биде одвоена како посебна институција од здравствениот дом со цел да има подобра ефикаснот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Одложено е денешното рочиште за Државна лотарија поради остуство на сведок

Одложено првото рочиште за Државна Лотарија откако Артан Груби пред една недела излезе и од куќен притвор – сведок на обвинителството не се појави во судница. 

Одложено е денешното рочиште за Државна лотарија поради остуство на сведок

Станува збор за Надије Хоџа, вработена во државна лотарија, која вчера ги известила обвинителите дека денеска ќе оди на службено патување. По ова, судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски го одложи рочиштето, следното судење е веќе утре, но Хоџа повторно нема да се појави во судницата.

Поради ова, судот го задолжуи обвинителството да го обезбеди сведокот на судењето закажано за 30 октомври.

Покрај тоа што судот ќе почека Хоџа да се појави како сведок, од претходно Владо Петковски, директорот на секторот за приредување на игри на среќа беше прогласен за непријателски сведок на обвинителството, иако беше предложен од нивна страна.

Обвинителите велат дека истражуваат дали врз Петковски имало некакво влијание бидејќи тврдат дека пред судот го сменил исказот, но генерално посочуваат дека се задоволни од досега дадените искази на нивните сведоци.

– Тој беше испитан во обвинителството како осомничен, беше предложен како сведок во делот на набавката на ВЛТ апаратите, а од нему познати причини одлучи да го промени исказот којшто го имаше дадено во обвинителството . Вториот сведок имаше неколку клучни моменти коишто мислиме дека се битни за предметот. Иако ова е предмет којшто генерално е базиран на материјална документација како доказим меѓутоа сведоците даваат неколку поврзници на тие докази, вториот сведок имаше неколку клучни моменти кои сметаме декао дат во корист на теоријата на одбраната,- изјави Даниел Коцев, обвинител во случајот „Државна лотарија“.

На утрешното рочиште треба да се појави нов сведок на обвинителството, додека Хоџа и уште еден вработен во државна лотарија, во судницата ќе се појават на 30 октомври.

Покрај поранепшниот прв вицепремиер Артан Груби, за проневери од 9,7 милиони евра во државна лотарија обвинет е и екс директорот Перпарим Бајрами и уште 6 лица.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер