Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЖивотПронашол паричник, возел 30 километри да му го врати на сопственикот, па тој му викнал полицијаСлучајот е од Хрватска, каде во јавноста се најде извесен Зоран. Неговата објава на Твитер предизвика лавина од коментари.Човекот тврди дека нашол изгубен паричник, а потоа возел 30 километри до сопственикот за да го врати. За возврат бил пријавен во полиција. „Најдов паричникот, возев 30 километри до адресата за да му го вратам на човекот, имам 40 до полицијата, сметам дека е поблиску. Типот сака да ми ја слика личната карта, не му ја давам, го запишал бројот на регистарската табличка и пријавил сомнителна кражба на идентитет во полиција. Дојдоа да ме земат од фирма во 08:00 часот, ми побараа слики на мобилен“, напиша Зоран. Našao novčanik, vozio 30 km do adrese da vratim to čovjeku, do policije imam 40, računam bliže je. Lik hoće slikati moju osobnu, ja mu ne dam, on zapisao broj tablice i puknuo prijavu policiji na sumnju u krađu identiteta. Ovi došli po mene u firmu u 08:00, tražili slike po... — Zoran Mijajlović (@z_mijajlovic) October 25, 2023 Потоа продолжил во друга порака: „Зедоа изјава и по четири часа ме пуштија да си одам дома. Ако во иднина најдам нешто од некого... пари во џеб, документи во ѓубре и збогум“. mobitelu, uzeli izjavu i nakon četiri sata odbacili sve to i pustilo me kući. Ako ubuduće nađem nešto od nekoga...pinka u džep, dokumenti u smeće i doviđorno. Jbte se. — Zoran Mijajlović (@z_mijajlovic) October 25, 2023 Објавата на Зоран има повеќе од 88.000 прегледи и 1,2 илјади лајкови, до моментот на пишување. Луѓето коментираа за ситуацијата во која се нашол, а секој имал различен став. „Не знам каде мојот покоен вујко ја ископал изреката „ако некому направиш нешто - сам си крив“, но толку пати ја цитирам што ми се смачи“, напишал еден. Потоа една жена продолжила: „Го најдов пред еден месец, свртев 5 броја за да дојдам до ликот, ја најдов девојката, таа го зеде со половична благодарност, малку се навредив, а види како сум можел да поминам. " Друг човек раскажа лошо искуство: „Пријател нашол паричник, сопственикот почнал да тврди дека има не знам колку пари, сакал да го убеди дека е крадец. Заради тоа што го кажуваш - пари во џеб, паричник во ѓубре и чао. Единственото нешто е што можеби некој навистина чесен човек може да гребе за будала“. На крајот, многумина ја пофалија постапката на Зоран: „Човечки го направивте ова, инаку ќе се чувствувавте како ѓубре. И повторно ќе го направите ако ве доведат во тоа искушение. Верувајте ми".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветКуба се подготвува за можен американски воен нападКуба се подготвува за можен американски воен напад по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кои беа протолкувани како закана за воена интервенција. Ова го изјави кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел, кој порача дека земјата е подготвена да се брани од секоја странска агресија. „Одлучни сме да го одбиеме секој обид за странска воена агресија врз нашата земја“, рече Канел. Неговата изјава следува откако Трамп прашан дали би размислил за воена интервенција со цел да ја „ослободи“ Куба, за американски медиуми рече: „Сакам да ја решам Куба пред да си заминам“. Тој додаде дека САД внимателно ја следат ситуацијата на островот, оценувајќи дека земјата е во многу лоша состојба и дека практично е пропадната држава. Тагови: куба Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаКравите од Крива Паланка осамнаа во светските медиумиКравите од Крива Паланка го обиколуваат Светот. Веста дека стотици говеда шетаат слободно низ градот го објавија неколку угледни светски медиуми, како Асошиејтед прес и Еуроњуз, каде што случајот со кравите се најде во познатата рубрика „без комента“. Медиумите наведуваат дека жителите на Крива Паланка, опишана како земјоделски град, се бори со повеќе од илјада крави кои им ги уништуваат имотите.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗаврши најголемиот прекин на авиосообраќајот во САД од 2001 година - хаосот ќе трае со деновиИлјадници откажани летови, преполни аеродроми и патници заглавени со часови. САД се соочија со најголемиот прекин на авиосообраќајот од терористичките напади на 11 септември 2001 година. Иако забраната за полетување е укината, хаосот не завршува. Последиците ќе се чувствуваат и во наредните денови, откако синоќа пет часа беа приземјени сите авиони на аеродромите, а кон леталата кои сообраќаа се постапуваше индивидулно. Над 9.000 летови беа одложени и повеќе од 5.000 откажани. Aвиокомпаниите се обидуваат да го вратат нарушениот распоред. Властите отфрлија можност дека се работи за сајбер напад. Појаснија дека станува збор за голем технички дефект во системот за контрола на воздушниот сообраќај. ,,Ова е нашиот стар аналоген ТДМ-систем, кој беше преоптоварен со податоци, поради што почнаа да се појавуваат овие проблеми. Овој систем беше користен во нашите ТРАКОН-центри и во контролните центри низ целиот Национален систем на воздушен простор (НАС). Сега дел од системите во ТРАКОН-центрите и контролните центри се надградени и функционираат дигитално.,, – Шон Дафи, министер за транспорт на САД И додека американските власти најавуваат модернизација на системот, авиоаналитичарите предупредуваат дека застарената инфраструктура и натаму претставува сериозен проблем, а ризикот од нови прекини останува. ,,Очекувам ваквите проблеми да се повторуваат и во иднина. Сметам дека тоа ќе биде поврзано со несоодветната инфраструктура со која располагаме, додека трае процесот на нејзино развивање и модернизирање, со цел да се доведе на ниво на технологијата на 21 век и понатаму,, Додека авиокомпаниите се обидуваат да го нормализираат сообраќајот, патниците и натаму се соочуваат со доцнења и неизвесност. ,, Утрово добивме известување дека нашиот лет ќе доцни два часа, па сега чекаме тука. Веќе два часа сме овде и сè уште не добивме никакви информации,, Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп побара забрзана модернизација на системот за контрола на воздушниот сообраќај. За таа цел, неговата администрација побара дополнителни 30 милијарди долари од Конгресот, со цел да се спречат слични прекини во иднина. 🚨Long queues of planes at US airports after the FAA grounded flights due to a glitch in the air traffic control system https://t.co/tU0nL9l4cy — The Tatva (@thetatvaindia) November 14, 2026 Тагови: САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook