Пронашла фрлена украсна кутија- се шокирала кога видела што има внатре (ВИДЕО) - Канал 5

Пронашла фрлена украсна кутија- се шокирала кога видела што има внатре (ВИДЕО)

Ане Трапани е многу активна на социјалните мрежи, а неодамна ги изненади своите следбеници со необично откритие.

Пронашла фрлена украсна кутија- се шокирала кога видела што има внатре (ВИДЕО)

Таа вели дека шетала низ населба на Лонг Ајленд и видела фрлена украсна кутија на тротоарот. Решила да ѕирне внатре, но ништо не можело да ја подготви за изненадувањето.

„Никогаш не сум видела...“

Девојката останала запрепастена кога видела венчаница, најверојатно од 1987 година. „Бев целосно шокирана. Никогаш не сум видела стара венчаница толку добро сочувана“, рекла таа.

Го препознала квалитетот

Ане шие и менува облека, па веднаш го препознала квалитетот на материјалот.

"Ваков фустан би завршил на депонија? Не можев да го замислам тоа, па го однесов дома", додала таа.

@anne.e.trapani Walked by a box, decided to open it, then couldn’t imagine leaving there to get picked up with the trash. NO CLUE what I’m going to do with it but I’m excited. Any idea or suggestions are welcome! #thrifted #thriftedweddingdress #vintageweddingdress ♬ original sound - anneetrapani

Два милиони прегледи

Во меѓувреме објави уште едно видео кое „собра“ повеќе од два милиони прегледи. Кога ја пробала венчаницата, гледачите биле воодушевени.

"Како да е направено за тебе! Можеби е знак?", напиша една личност, а друга додаде: "Како е можно толку совршено да ти стои?"

@anne.e.trapani Finally tried it on. Honestly it fit like a glove 😂🤭👰♀️ now for the fun part, figuring out what to do with it! I think I’m going to make a skirt and top. Key world think…any ideas!? #thrifted #thriftedweddingdress #vintageweddingdress ♬ original sound - Makayla Did

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Посебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид Гета

Посетителите на музичкиот настан што денеска ќе се одржи во Националната арена „Тодор Проески“ треба да очекуваат отежнато одвивање на сообраќајот во околината на објектот.

Посебен сообраќаен режим денеска низ Скопје поради концертот на Дејвид Гета

Концертот е закажан за 19 часот, а поради очекуваниот зголемен број посетители, полициските служби ќе воведат посебен режим на сообраќај на улиците и приодите кон Арената, како и на дел од булеварот „Илинден“.

Од СВР Скопје информираат дека сообраќајните мерки се преземаат со цел да се обезбеди безбедно пристигнување и заминување на посетителите, но и непречено одвивање на сообраќајот за останатите учесници.

На граѓаните кои планираат да се движат во овој дел од Скопје им се препорачува навреме да ја испланираат својата маршрута и да предвидат дополнително време за патување.

Возачите се повикуваат да ги почитуваат насоките на полициските службеници, поставената сообраќајна сигнализација и да покажат дополнителна внимателност и трпение за време на траењето на посебниот режим.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!

Премиерот Христијан Мицкоски со видео од убавините на нашата земја им го честита на граѓаните големиот празник, Денот на независноста на Македонија. 

Мицкоски: Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!

„Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо!“

На својот ФБ профил премиерот објави видео со убаините на Македонија по повод 35 години независност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија

По повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија и 35 години од независноста, Движењето ЗНАМ за наша Македонија упатува искрени честитки до сите граѓани на Македонија.

ЗНАМ: Честит 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија

Пред 35 години, со референдумот на 8-ми Септември 1991 година, народот ја потврди својата историска одлука – да живее во суверена, самостојна и независна држава.

Денес, 35 години подоцна, независноста е наша чест, но и наша обврска.

Обврска да ја чуваме државноста, да го браниме достоинството и да создадеме Македонија во која секој граѓанин ќе има сигурна иднина и еднаква можност за успех.

Македонија е наша татковина.

Независноста е наше наследство.

Иднината е наша заедничка обврска.

Да продолжиме заеднички да ја градиме силна, стабилна, достоинствена и европска Македонија.

Честит 8-ми Септември!

Честити 35 години независна Македонија!

Движење ЗНАМ за наша Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер