Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
2Ѕвездата на „Смртоносно оружје“ откри тешка дијагноза: актерот со години живее со Алцхајмерова болест.
ТехнологијаПронаоѓачот на мобилниот, Мартин Купер доби награда за животно делоМартин Купер, човекот кој го измисли мобилниот телефон, ја доби Наградата за животно дело на Светскиот конгрес за мобилни комуникации во Баселона.Мартин Купер, човекот кој го измисли мобилниот телефон, ја доби Наградата за животно дело на Светскиот конгрес за мобилни комуникации во Баселона, Шпанија, најголемиот саем за безжични комуникации во светот. Држејќи го во рацете прототипот на првиот мобилен телефон наречен „цигла“, од пред 50 години, Мартин Купер зборуваше со оптимизам за иднината на мобилната технологија. Опишувајќи се себеси како сонувач, Купер изрази надеж дека напредокот во технологијата за мобилна телефонија има потенцијал да ги револуционизира полињата како што се образованието и здравствената заштита, но исто така, изрази загриженост за опасностите што паметните телефони ги претставуваат за приватноста и за младите. - Моето најнегативно мислење е дека веќе немаме приватност затоа што сѐ за нас е снимено и достапно за некој кој има доволно силна желба да го види или слушне, рече 94-годишниот Купер. Покрај „ерозијата на приватноста“, Купер изрази загриженост и поради „споредните последици“ што ги имаат паметните телефони врз корисниците на интернет-просторот, како што е зависноста од интернет и полесен пристап за децата до штетни содржини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканМицотакис по нападот во Солун: Ќе ве најдеме и ќе ве предадеме на правдатаПремиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, изјави дека сторителите на нападот во Солун ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, по смртта на жената која претрпе најтешки изгореници во намерно подметнат пожар .Премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, изјави дека сторителите на нападот во Солун ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, по смртта на жената која претрпе најтешки изгореници во намерно подметнат пожар врз објект поврзан со функционери на владејачката партија Нова демократија.. 72-годишната жена, инаку мајка на партиската кандидатка Афродити Нестора, починала на одделението за интензивна нега во Солун. Мицотакис изрази сочувство до семејството и предупреди дека не може да има толеранција за крвопролевање. Тероризмот мора да биде протеран таму каде што му е местото, на маргините“, изјави грчкиот премиер. Нападот врз домот на нестора бил еден од три координирани инциденти вчера рано утрината, во кој биле повредени уште четири лица, меѓу кои и самата кандидатка и нејзиниот татко..Тагови: Киријакос Мицотакис солун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРусија го нападна Киев, најмалку 13 луѓе се убиениРуските сили извршија голем напад со дронови и ракети врз украинската престолнина Киев, при што загинале 13 лица, а десетици се повредени.Неколку населби биле евакуирани додека нападите ги потресувале зградите низ целиот град, Само неколку часа откако украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека Русија се подготвува за нов напад.. Меѓу жртвите има и деца, изјави Тимур Ткаченко, шеф на воената администрација на Киев.. „Непријателот повторно намерно ги гаѓа станбените области и убива цивили“, изјави тој. Воздухопловните сили на Украина соопштија дека Русија лансирала 74 ракети и 496 дронови преку ноќ. Ова е прв голем руски напад со ракети и дронови врз украина во последните повеќе од две недели. Руското министерство за одбрана соопшти дека биле погодени и воени бази во централна и источна Украина..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТри лица претепале малолетник и го избоделе со нож во населба ЧентоНа социјалните мрежи се споделува кратка видео снимка на која се гледа момче кое лежи на земја со траги од крв низ целото тело. Неофицијално се работи за 14 годишно момче кое во парк во Ченто било седум пати прободено со нож и претепано до бессознание. Според полицискиот билтен, за настанот во МВР добиле пријава пред полноќ на 22 јуни, кога на подрачјето на Гази Баба физички било нападнато малолетното лице и му биле нанесени повреди со остар предмет. Приведени биле напаѓачите, три лица со иницијали ј.ј., в.а. и В.С.. Според информациите се работи за полнолетни лица, а од обвинителството, до нив се уште не е стигната пријава од мвр за овој случај.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter