Пронајдено оружје во Бањска во северно Косово, се наоѓало таму од ланскиот напад врз полицијата - Канал 5

Пронајдено оружје во Бањска во северно Косово, се наоѓало таму од ланскиот напад врз полицијата

Ова не е првпат полицијата во тој дел од Косово, населен со мнозинско српско население, да открие оружје за кое се претпоставува дека е користено во минатогодишниот напад.

Пронајдено оружје во Бањска во северно Косово, се наоѓало таму од ланскиот напад врз полицијата

Косовската полиција објави дека денеска во Бањска кај Звечан, во северно Косово, повторно открила оружје, за кое се претпоставува дека се наоѓало таму уште од нападот на српска вооружена група врз косовската полиција на 24 септември минатата година, јави дописникот на МИА од Приштина.

Заменикот началник на полицијата на Косово за северниот регион, Ветон Ељшани изјави за медиумите дека во денешната акција, меѓу другото, се пронајдени авотматска пушка, куршуми и друга воена опрема.

„Денеска во текот на денот извршивме дополнителна проверка во хотелот ‘Рајска Бања’ и најдовме два панцири, (автоматска пушка) АК-47, осум рамки со куршуми и друга воена опрема. Се верува дека овие материјални докази биле таму уште од случајот Бањска“, изјави Ељшани.

Ова не е првпат полицијата во тој дел од Косово, населен со мнозинско српско население, да открие оружје за кое се претпоставува дека е користено во минатогодишниот напад.

Комплексот „Рајска бања“ беше преземен на управување од државата на крајот од минатата година. Тој беше функционален до неговото преземање од страна на Косовската агенција за приватизација (АКП). Отворањето на хотелот во Бањска го изврши Марко Ѓуриќ, тогашниот директор на Канцеларијата за Косово при Владата во Белград, кој сега е министер за надворешни работи на Србија. Врз основа на фотографиите кои ги објави веб-страницата на оваа бања, таму престојувале и поранешната премиерка на Србија, Ана Брнабиќ и функционери на најголемата партија на косовските Срби, Српската листа, која е отворено поддржана од властите во Белград. АКП соопшти дека објектот е реновиран без дозвола и дека е сопственост на социјалното претпријатие „Трепча Стандард“.

На 24 септември минатата година, десетици вооружени Срби ја нападнаа косовската полиција во Бањска, убивајќи го полицаецот Африм Буњаку. Во полициската акција што уследи беа убиени и тројца од српските напаѓачи. Одговорноста за терористичкиот напад ја презеде поранешниот потпретседател на Српската листа, Милан Радоичиќ, за кого се верува дека е засолнет во Србија./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мажот кој беше влечен по Широк Сокак е жив – починатиот е оној кој влечел, на настанот му претходела физичка преметка

Тепачката, која се случила во центарот на градот во четири часот наутро, ја расчистила полицијата.

Мажот кој беше влечен по Широк Сокак е жив – починатиот е оној кој влечел, на настанот му претходела физичка преметка

Пресврт во случајот во Битола, лицето кое на видеото што ја вознемири јавноста се гледа како го влечат на „Широк Сокак“ е живо потврдуваат од МВР, а неофицијално, дознава Канал 5, починат е токму оној кој влече и подоцна беше пронајден во дворот на битолскиот клинички центар. Тепачката, која се случила во центарот на градот во четири часот наутро, ја расчистила полицијата, но зошто дошло до истата и што се случувало допрва ќе се утврдува.

-Во врска со видео снимките од социјалните мрежи, ве информираме дека од страна на СВР Битола утврден е идентитетот на лицата кои се на снимката, при што за расчистување на настанот повикани се повеќе лица на службен разговор. Потенцираме, дека споменатато починато лице, Ј.И. во дворот на КБ Битола не е лицето кое на видео снимката е влечено од страна на друго лице.- Гоце Андреевски – Портпарол на МВР

Сега починатиот 39 годишник од Струмица по физичката пресметка, рано утрото во понеделникот, со итна медицинска помош завршил на ургентниот центар во битолската болница, каде му биле извршени низа прегледи, и бил испратен на дополнителни, но наместо тоа ја напушти болницата и по кратко време бил пронајден мртво во дворот. Неофицијално, причина за смртта е срцев застој.

-Во ургентниот центар е донесен со екипа на итна медицинска помош, од таму на одделение за психијатрија, хирургија и неврохирургија каде е уредно прегледан и упатен на рентгнен, каде што не се јавил. После тоа ја напуштил болницата. – Велат од битолската клиника за Канал 5

Но, дали 39 - годишникот имал видливи траги од насилство, што точно утврдиле прегледите и дали физичката пресметка е причина за смртта, допрва треба да се дознае, од обвинителството велат дека обдукцијата е во тек, а во меѓувреме се преземаат и сите мерки за расветлување на случајот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани

Според податоците на IQAir, во Скопје денеска индексот на квалитетот на воздухот е околу 69, што значи умерено загадување, при што главен загадувач се ситните PM2.5 честички.

Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани

Армиски и полициски хеликоптери, како и „ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување, од утрово даваат воздушна поддршка на скопските пожарникари и на огнените тимови со „пинцгауери“ на ДЗС, кои заедно дејствуваат врз големиот пожар кај село Грачани, кој се уште е активен и од македонска и од косовска страна и во последнотo деноноќие го загади воздухот во Скопје.

Според податоците на IQAir, во Скопје денеска индексот на квалитетот на воздухот е околу 69, што значи умерено загадување, при што главен загадувач се ситните PM2.5 честички. На чадот и мирисот се жалат и дел од граѓаните.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов им изрази благодарност од пилотите кои учествуваат во гаснењето на пожарот и откри дека на Китка биле подметнати два пожара – во Студеничани и Зелениково. Иако скопските пожарникари брзо ги локализирале, тој предупредува дека ваквите случаи ги распрскуваат силите и го отежнуваат концентрирањето на екипите кон големиот пожар.

Од вкупно 31 пожар што избувнале, Ангелов вели дека посериозен е пожарот на територијата на Струга којшто граничи со општина Дебар.На овој пожар работат струшките пожарникари.

Останува апелот за внимателност, но и прашањето колку долго ќе траат последиците од чадот и загадувањето доколку пожарите не бидат ставени под контрола.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Седум починати од западнонилска треска - осум недели молк за водата во Гостивар, одговорни нема

Осум недели поминаа од труењето со водата во Гостивар, каде 5.000 граѓани завршија во болница и сè уште нема одговори, нема извештај за видата и нема кој е одговорен.

СДСМ: Седум починати од западнонилска треска - осум недели молк за водата во Гостивар, одговорни нема

Во околу 50 населени места низ државата беа регистрирани проблеми со безбедноста на водата. Проблеми имаше и со четири реки и локални извори од кои граѓаните користат вода.

Одговори нема, одговорност нема.

Трагедијата со западно нилска треска продолжува да отвора сериозни прашања за институционални пропусти.

Уште еден човечки живот е загубен, судум лица се починати досега.

Власта задоцни со реакција, задоцни со прскање против комарци, задоцни со преземање мерки. Одговорни нема.

За секој скандал – молк. За секое прашање – криење. За одговорност – никој надлежен.

Мицкоски и неговите функционери должат одговори, а институциите должат постапување.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер