Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг
1Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг
Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
2Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
СветПронајдено е телото на напаѓачот со киселина од Лондон, полицијата го нашла телото во Темза Британската полиција пронашла тело во реката Темза за кое се верува дека му припаѓа на Абдул Шокус Езеди, осомничен за хемискиот напад во Лондон пред речиси четири недели.Остатоците биле пронајдени во реката Темза вчера околу 16 часот, откако биле забележани од екипаж на брод. „Врз основа на препознатливата облека што ја носеше за време на нападот и предметите што го најдовме, силно веруваме дека го пронајдовме телото на Езеди“, изјавил командантот Џон Савел. „Контактиравме со неговото семејство и им ја соопштивме веста“, додаваат тие, пренесува Метро. „Како што може да очекувате по долг временски период во силната струја на Темза, формалната идентификација не е можна визуелно или од отпечатоци од прсти. Ќе работиме со судскиот вештак на други средства за целосна идентификација, како што се ДНК-тестирање и стоматолошки записи. “ објаснија тие. Езеди (35) е обвинет дека во напад со корозивна материја на 31 јануари ранил 12 лица, меѓу кои мајка (31) и нејзините две ќерки на три и осум години. Осомничениот последен пат бил виден на мостот Челзи нешто пред 23.30 часот вечерта на нападот. Тие изјавиле дека имал јасен правец на движење пред мостот, но потоа „видно му се променило однесувањето“. „Тој оди горе-долу и можете да го видите како се наведнува преку оградата“, изјавил тогаш полицискиот портпарол.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг Димитриеска-Кочоска прими престижно меѓународно признание за Македонија за управувањето со јавниот долг – остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра.Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во Истанбул ја прими престижната меѓународна награда „Liability Management Deal of the Year“ за 2026 година, за успешното управување со јавниот долг преку издавањето на десеттата еврообврзница и предвремениот откуп на дел од постојната еврообврзница, со што е остварена буџетска заштеда од 3,2 милиони евра. Наградата беше врачена во рамки на регионалниот настан „Global Banking & Markets: CEE, Central Asia & Türkiye 2026“ и претставува меѓународно признание за квалитетот на трансакцијата, поволните услови на финансирање и стратешкиот пристап на Министерството за финансии во управувањето со должничкото портфолио. Министерството за финансии во јануари 2026 година успешно го реализираше издавањето на десеттата еврообврзница. Во процесот учествуваа над 150 глобални инвеститори, меѓу кои водечки пензиски фондови, реномирани осигурителни компании и други институционални инвеститори од САД, Велика Британија, Германија и други земји од Европската Унија. „Ова признание е потврда за одговорниот и стратешки пристап во управувањето со јавниот долг. Во услови на зголемена глобална макроекономска и геополитичка неизвесност, обезбедивме исклучително поволни каматни стапки, порамномерно распоредување на доспевањата и намалување на ризиците од рефинансирање. Особено е важно што преку внимателно структурирање на трансакцијата обезбедивме конкретна буџетска заштеда од 3,2 милиони евра. Силниот интерес на меѓународните инвеститори е дополнителна потврда за довербата во економските политики што ги спроведуваме“, истакна министерката Димитриеска-Кочоска. Наградите Global Banking & Markets се востановени во 2014 година и се доделуваат врз основа на оценка на големината, структурата, роковите, условите на финансирање и квалитетот на реализацијата на финансиските трансакции на меѓународните пазари на капитал. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВо близина на Канарските острови е пронајден брод со 14 безживотни тела на мигранти Телата на 14 мигранти беа пронајдени откако брод со околу 100 луѓе беше запрен во близина на шпанските Канарски Острови, соопшти Службата за поморско спасување.Шест лица во сериозна состојба беа префрлени во болница со хеликоптер, објави денес шпанската новинска агенција EFE. Бродот, кој беше откриен 39 наутички милји (72 километри) јужно од островот Ел Иеро, беше однесен во пристаништето Ла Естака. Се додава дека 84 преживеани мигранти биле однесени во пристаништето Ла Рестинга на островот, каде што се наоѓаат центар за прием на мигранти и болница. Регионалниот лидер Фернандо Клавихо напиша во објава на Ix дека чувствува болка и беспомошност поради новата трагедија, барајќи одговор од шпанската влада и Европската комисија. „Хуманитарната криза не започнува во Ел Иеро, туку на бреговите на Сенегал и Гамбија, каде што мора да дејствуваме“, рече тој. Пристигнувањето на мигранти на Канарските Острови се забрза од октомври, достигнувајќи рекордни 2.100 луѓе во еден ден на 25 ноември, при што мнозинството пристигнаа на островот Ел Хиеро, дом на 11.400 луѓе. Илјадници мигранти се обидуваат да го преминат Атлантикот во нелегални чамци секоја година, борејќи се со бурното море и силните струи за да стигнат до шпанска територија, а нивниот врв обично достигнува на есен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
КултураJazz Factory Festival на 22. Фестивал на словенечкиот џез: Живата музика во следните десет годиниКако ќе изгледа концертната сцена на иднината? Каква перспектива ги очекува џезот и независните музички фестивали во регионот и низ Европа во следната деценија? И како да се зачуваат најважните вредности на живата музика – непосредноста, слободата и автентичната енергија што се создава во директниот контакт меѓу музичарите и публиката? Ова беа дел од прашањата за кои се дискутираше во рамките на 22. Фестивал на словенечкиот џез (FSJ), на меѓународната тркалезна маса со наслов „Жива музика за десет години“, одржана во Корошката централна библиотека „Д-р Франц Сушник“ во Равне на Корошкем, Словенија. Средбата обедини истакнати организатори и програмски директори на европски џез и независни музички фестивали, кои преку размена на искуства и различни перспективи разговараа за предизвиците и можностите што ја очекуваат современата музичка сцена. Посебно внимание беше посветено на променливите навики на публиката, влијанието на технологијата и вештачката интелигенција врз концертното искуство, одржливото финансирање на фестивалите, меѓународната соработка и потребата да се зачува автентичноста на живата музика. Меѓу учесниците беше и Сашо Поповски, претставник на Jazz Factory Festival, кој ги сподели искуствата од развојот на фестивалската и џез-сцената во нашата земја. Учеството на Jazz Factory Festival на вакви меѓународни средби е значајно и за промоцијата на Битола и Општина Битола како активни чинители во развојот на современата култура, џез-музиката и меѓународната културна соработка. Во овој процес особено значајна е поддршката на локалните институции, како и поврзувањето со образовните и културните центри во земјата. Важна улога во развојот на македонската џез-сцена има и Џез-одделот при Музичката академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип (УГД), кој преку образованието, едукацијата на нови генерации музичари и поттикнувањето на креативноста придонесува за континуитетот и иднината на џез-културата во Македонија. На тркалезната маса учествуваа: Сашо Поповски – Jazz Factory Festival (Македонија) Драган Влајниќ – JazzFestival Kikinda (Србија) Богдан Бенигар – Festival Druga godba (Словенија) Роби Јамник – Jazz Ravne (Словенија) Игор Вида – Are You Free? Music Festival (Словачка) Винко Михајловиќ (Wins Meahalowich) – Petrovac Jazz Fest (Црна Гора) Ваквите средби уште еднаш потврдуваат дека иднината на независната музичка сцена се гради преку соработка, меѓусебна поддршка и отвореност кон нови идеи. Без разлика на тоа како ќе се менуваат фестивалите и концертните формати во наредните десет години, живата музика ќе го задржи она што ниту една технологија не може да го замени – непосредната средба меѓу уметниците и публиката, заедничката емоција и неповторливата енергија на моментот. Битола, преку својата фестивалска активност, културните институции и соработката со академската заедница, продолжува да биде дел од пошироката европска музичка приказна, градејќи мостови преку џезот, образованието, културата и меѓународната соработка, се наведува во соопштението. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter