Пронајдено досега непознато дело на Моцарт - Канал 5

Пронајдено досега непознато дело на Моцарт

Досега непознато дело на Волфганг Амадеус Моцарт, за коешто се претпоставува дека настанало кога тој бил тинејџер, е откриено во библиотека во германскиот град Лајпциг.

Пронајдено досега непознато дело на Моцарт

Истражувачите го откриле овој ракопис во Градската музичка библиотека додека го составувале најновото издание на каталогот „Кохел“ - комплетната листа на музичките дела на познатиот композитор. Ракописот се состои од темно-кафеаво мастило на рачно изработена бела хартија, а листовите се поединечно врзани. Делото датира од 1760-тите, се состои од седум минијатурни ставови за гудачко трио и трае околу 12 минути, соопштија Општинските библиотеки во Лајпциг.

Делото во каталогот се спомнува како „Многу мала ноќна музика“ (Ganz kleine Nachtmusik).

Како што наведува, новооткриениот ракопис не е на самиот Моцарт, туку се работи за препис направен околу 1780 година. Нептпишаниот запис „е сочуван во еден примерок, во којшто атрибуцијата на авторот посочува дека делото е напишано пред првото патување на Моцарт во Италија“, се вели во описот.

Композицијата денеска ја изведе гудачко трио на откривањето на новиот каталог „Кохел“ во австрискиот град Салцбург. Во Германија премиерно ќе биде изведена утре во операта во Лајпциг, пишува „Гардијан“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И првиот човек на Мерцедес е воодушевен од новиот електричен CLA 45 (ФОТО)

Новиот електричен Mercedes-AMG CLA 45 постави рекорд во класата на патеката во Нирбургринг претходно овој месец, со време на круг од 7:32.070. 

И првиот човек на Мерцедес е воодушевен од новиот електричен CLA 45 (ФОТО)

Го напојуваат три електрични мотори со вкупна моќност од 671 КС и 1759 Nm вртежен момент, што го прави сосема различен концепт од неговиот претходник. Meрцедес вели дека автомобилот, и покрај преминувањето на електричен погон, сепак е забавен за возење.

Обидувајќи се да го задржи чувството на V8

Следејќи го примерот на претходно презентираниот електричен AMG GT 4-Door, Mercedes-AMG се обиде да ги зачува карактеристиките на своите автомобили со класични мотори во моделот CLA 45. Ова се постигнува со симулирање на менување брзини и звучно поле кое во основа имитира 2,0-литарски четирицилиндричен турбо мотор. Сепак, шефот на Mercedes, Ола Калениус, неодамна откри дека системот може да го реплицира и звукот на V8 мотор.

„Првото возење на моделот CLA 45 со тој систем беше вистинско откритие за мене“, изјави Калениус за Autocar. „Тоа беше најдобриот V8 мотор што некогаш сум го возел: дава целосен V8 изглед, но со поголема моќност и вртежен момент.“

Интересно е што Mercedes-AMG не ја спомена можноста за звук на V8 на премиерата на автомобилот, туку само репликација на четирицилиндричниот мотор. Новите AMGForce „тресечи“, елементи вградени во предните седишта што произведуваат вибрации и на тој начин ја имитираат работата на класичен мотор, даваат дополнителна димензија на искуството. И покрај напорот, останува отворено прашање дали ова е навистина „најдобриот V8“ што го возел Калениус.

Перформанси и технички податоци

Новиот електричен CLA 45 забрзува до 100 km/h за 3,0 секунди, а со пакетот AMG Dynamic Plus достигнува максимална брзина од 270 km/h. Опремен е со батерија со капацитет од 94 kWh, што според WLTP стандардот овозможува опсег од 670 километри.

Варијантите CLA 200 (272 КС), 250+ (272 КС) и 350 4Matic (352 КС), сите почнувајќи од 49.090 евра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Тимчо Муцунски ќе учествува на 21. Бледски стратешки форум

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре и задутре ќе учествува на 21. меѓународна конференција – Бледски стратешки форум, во Блед, Република Словенија.

Министерот Тимчо Муцунски ќе учествува на 21. Бледски стратешки форум

Во рамките на форумот, кој оваа година се одржува на тема „Моќта да ја обликуваме иднината“, министерот Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, во рамките на која ќе бидат разгледани геополитичките трансформации што ги редефинираат меѓународните односи.

Покрај учеството во официјалната програма, министерот Муцунски ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, на кој ќе се направи пресек на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан.

На маргините на настанот, предвидено е министерот Муцунски да оствари повеќе билатерални средби со колеги министри, како и со претставници на меѓународни организации, учесници и гости на форумот, соопштуваат од МНРиНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓоковиќ му честиташе на Федерер за неговиот влез во Куќата на славните (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ се огласи по повод приемот на Роџер Федерер во Меѓународната тениска сала на славните и му честиташе на еден од неговите најголеми ривали и пријатели.

Ѓоковиќ му честиташе на Федерер за неговиот влез во Куќата на славните (ВИДЕО)

Швајцарскиот тенисер официјално стана член на Салата на славните во Њупорт, а церемонијата беше особено емотивна. Федерер не можеше да ги задржи солзите за време на својот говор, во кој се потсети на својата кариера, семејството и луѓето што го следеа во текот на четирите децении поминати во тенисот.

Генерацијата на која Ѓоковиќ ѝ припаѓаше, исто така, имаше посебно место во неговата приказна, заедно со Рафаел Надал и други великани кои ја одбележаа една од златните ери на овој спорт.

- Роџер, честитки за приемот во Салата на славните. Сите знаевме дека овој ден ќе дојде порано или подоцна. Никој не го заслужува ова повеќе од тебе. За сè што си постигнал, за она што си го претставувал и сè уште го претставуваш за спортот и тенисот. Тоа е нешто извонредно и неверојатно. Ти благодарам што си толку голем амбасадор за нашиот спорт. Се надевам дека ќе имаш прекрасен ден со твоето семејство и ќе ја прославиш твојата неверојатна кариера.

За потсетување, легендарниот Роџер Федерер беше официјално примен во Меѓународната тениска сала на славните во саботата, но церемонијата во Њупорт беше обележана со силни емоции. Еден од најголемите тенисери на сите времиња не можеше да ги задржи солзите додека зборуваше за својата кариера, семејството и спортот кој, како што самиот рече, му „значеше сè на светот“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер