3Скопјанец се бори за живот на респиратор: Прв тежок случај со западнонилска треска од домашен комарец
БалканПронајдени уште две тела во Долна Јабланица, порасна бројот на жртвите од поплавите во БиХ Спасувачките служби денеска во Долна Јабланица пронајдоа тела на уште две жртви од катастрофалните поплави кои го погодија овој регион во Босна и Херцеговина. Со ова, вкупниот број на жртви од поплавите во БиХ се искачи на 20.Сабахудин Спаховиќ од Цивилната заштита истакна дека под урнатините во Долна Јабланица биле пронајдени тела на жена и маж. Спасувачките тимови и денеска продолжуваат со откопување и потрага по тела, а во оваа мисија помагаат и бројни колеги, волонтери и граѓани. Спасувачките тимови од соседните држави на Би и членки на Европската Унија денеска здружија сили за да ги исчистат урнатините и да ги пронајдат исчезнатите во поплавите и свлечиштата кои ги опустошија делови од западно-балканската земја. Според официјални лица, најмалку 10 лица сè уште се водат како исчезнати, од кои многумина се од селото Долна Јабланица, кое е речиси целосно затрупано. Мештаните велат дека слушнале силна бучава и виделе како куќите исчезнуваат во свлечиштето пред нивните очи. Луиџи Сорека, кој ја води мисијата на ЕУ во Босна, изјави дека ЕУ е солидарна со БиХ и дека тимови се на пат да помогнат. Властите соопштија дека хрватските спасувачи веќе пристигнале, а се очекува да бидат распоредени тимови од Србија, како и од Словенија со специјално обучени кучиња. Македонија, Црна Гора, Полска, Чешка и Турција исто така понудија помош, се наведува во соопштението на владата. Инаку, денеска се одржуваат локални избори во БиХ, но властите одлучија да го одложат гласањето во регионите погодени од поплавите./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски и Трамп во Белата куќа. „Средбата беше добра“Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа за да разговараат за нови дипломатски напори за ставање крај на војната во Украина. Двајцата лидери разговараа и за можноста за лиценцирано производство на американски системи за противвоздушна одбрана, пренесува „Киев индепендент“ (The Kyiv Independent). По средбата, Зеленски изјави дека таа била „добра“. „Со претседателот разговаравме за лиценци за производство на пресретнувачи за системот ’Патриот‘ и за неколку други идеи што би можеле да помогнат“, рече Зеленски. „Исто така, се осврнавме и на дипломатијата. Важно е тој процес повторно да се активира, а нашите тимови ќе ја организираат понатамошната комуникација.“ Средбата започна во 9:47 часот по локално време, траеше околу еден час и се одржа зад затворени врати, потврди претставник на Белата куќа. Советниците на украинскиот претседател сметаат дека Трамп станал посклонен кон Украина и дека оваа средба е можност да се обезбеди неговата поддршка.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалМанчини се поблиску до клупата на Италија?!Враќање по три години – Италија пронајде селектор Претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз, Џовани Малаго, вели дека трофејниот стратег Роберто Манчини наскоро треба да стане новиот-стар селектор на „Аѕурите“. По одбивањето од страна на Андреа Пирло и оставките на Паоло Малдини и Леонардо, во вторникот се одржа итен состанок на Асоцијацијата. „Разговарав со Роберто Манчини за преземање на функцијата нов селектор. Го чекаме неговиот потпис“, изјави Малаго. Манчини веќе еднаш ја извршуваше оваа функција, во периодот од 2018 до 2023 година, кога си замина и набрзо потоа ја презеде репрезентацијата на Саудиска Арабија. Тој го освои Европското првенство во 2023 година со „Аѕурите“. Со оваа репрезентација не учествуваше на Светското првенство во Катар во 2022 година, а има и две трети места во Лигата на нации, во 2021 и 2023 година. По Саудиска Арабија, Манчини го водеше само катарскиот клуб Ал-Сад, кој неодамна го напушти. Манчини е тренер веќе две и пол децении. Во кариерата до сега ги водел Фиорентина, Лацио, Интер, Манчестер Сити, Галатасарај, повторно Интер и Зенит.Тагови: Манчини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизТејлор Свифт и Тревис Келси донирале два милиона долариСветската музичка ѕвезда Тејлор Свифт и нејзиниот сопруг, рагбистот Тревис Келси донираа 2 милиони долари на организацијата „Answer the Call NYC“, која обезбедува финансиска помош за семејствата на полицајци, пожарникари и болничари...Светската музичка ѕвезда Тејлор Свифт и нејзиниот сопруг, рагбистот Тревис Келси донираа 2 милиони долари на организацијата „Answer the Call NYC“, која обезбедува финансиска помош за семејствата на полицајци, пожарникари и болничари кои ги загубиле животите вршејќи ја својата должност. По овој гест, направен пред нивната свадба, тие добија бројни емотивни пораки на благодарност од организацијата и од семејствата на настраданите. Патриша Полимени, сопругата на покојниот њујоршки детектив Џек Полимени, изјави дека донацијата од славниот пар носи многу повеќе од само пари: – Вашата донација носи надеж, утеха и чувство на заедништво за семејствата кои се обидуваат да продолжат со животот по загубата на личност што го посветила својот живот на служење на другите. Слични пораки на благодарност упатија и Аманда Ривера, ќерката на полицаецот Вилијам Ривера, како и Алисон Гаргер, сопругата на Томас Џ. Кенеди, кој го загуби животот во терористичкиот напад на 11 септември. Извршната директорка на организацијата, Лорен Профета, потврди дека овие значителни средства ќе овозможат продолжување на неопходната помош за семејствата во Њујорк. Оваа донација е дел од поширокиот хуманитарен ангажман на парот; Тејлор Свифт и Тревис Келси досега имаат донирано вкупно околу 26 милиони долари на разни организации низ САД.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПаѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00Водата во Гостивар може да се користи само како техничка, не и за пиење и готвење08:48Водата во Гостивар може да се користи како техничка, но не и за пиење и готвење15:04Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20