3Нова рунда мировни преговори: Витокоф се сретна со Путин, но без јасен договор за крај на војната во Украина
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
1Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи
3Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување
ЖивотПронајдени се остатоци од ДНК во фосил на желка, стар шест милиони години Научниците пронајдоа остатоци од ДНК во фосил на морска желка стар шест милиони години.Желката е поврзана со денешните Кемпови и маслинести желки, а ова е еден од ретките случаи на идентификација на генетски материјал во такви стари фосили од 'рбетници. Тие забележале дека коскените клетки наречени остеоцити се извонредно зачувани во фосилот, кој беше откопан на карипскиот брег на Панама во 2015 година. Школката на желката е речиси целосно зачувана, за разлика од остатокот од скелетот. Во некои остеоцити, јадрата на клетките биле зачувани и реагирале на хемиски раствор што им овозможило на истражувачите да го идентификуваат присуството на остатоци од ДНК, откри палеонтологот Едвин Кадена, главен автор на студијата објавена во списанието за палеонтологија на 'рбетници. „Сакам да истакнам дека не извадивме ДНК, туку можевме само да препознаеме присуство на траги од киселина во јадрото“, додаде Кадена, научник од Универзитетот Росарио во Богота и Институтот за тропски истражувања Смитсонијан. ДНК киселината прилично лесно се разградува, иако под соодветни услови е зачувана во некои древни остатоци. Минатата година, истражувачите објавија дека откриле животинска, растителна и микробна ДНК која датира од пред околу два милиони години од седиментот на најсеверната точка на Гренланд. Кадена рече дека единствените постари фосили од 'рбетници пронајдени со слични остатоци од ДНК се од два диносауруси - Тираносаурус (стар 66 милиони години) и Брахилофосаурус (стар 78 милиони години). Кадена рече дека остатоците од ДНК се забележани и кај инсекти кои датираат од пред десетици милиони години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
МакедонијаРеформа на државната управа: Помалку бирократија, повеќе услуги за граѓанитеЗавршува времето на институционално самоволие и неконтролирано буџетско трошење, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев, на јавната дискусија за нацрт законот за организација и работа на органите на државната управа. Тврди дека во иднина ќе се воспостави ред со предвидената рационализација и ќе се стави крај на формирање на непотребни паралелни агенции, дирекции и комисии кои не одговараат пред никого, а се производ на партиски договори по политичките кризи од минатото. -Суштината на оваа реформа не е во тоа колку органи ќе има државата, туку дали секој од нив има оправдана причина да постои, јасно утврдена надлежност и капацитет да ја извршува. Не станува збор за реорганизација на сите институции во јавниот сектор, туку за воспоставување јасни правила за органите на државната управа - правила кои пред се ќе ја поврзат функцијата со одговорноста и овластувањето со законската граница,- Горан Минчев – министер за јавна администрација. Нацрт законот е ставен на ЕНЕР и е испратен до координаторите на пратеничките групи во Собранието, а пред да биде испратена финалната верзија ќе има и јавна расправа во Комисијата за политички систем. Овој закон е дел од реформската агенда и за негово усвојување е потребно двотретинско мнозинство. Инаку пред неколку дена беа изгласани законите за административни службеници, а во процедура се уште неколку други кои треба да донесат помала, попрофесионална и дигитализирана администрација. Од 1 октомври стапи на сила и законот за висока раководна служба, со кој позицијата В.Д. директор се ограничи на шест месеци, а управните одбори се намалени на три члена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНа 25 октомври 2026 започнува зимското сметање на времетоЛетното сметање на времето започна на 29 март 2026 година, а зимското сметање на времето започнува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета какоМинистерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека Владата на Република Македонија донесе Одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година. Согласно донесената Одлука, летното сметање на времето започна на 29 март 2026 година, а зимското сметање на времето започнува на 25 октомври 2026 година во 03:00 часот, со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, односно времето од 03:00 часот се смета како 02:00 часот. Донесувањето на оваа Одлука е во согласност со утврдената годишна практика за регулирање на сметањето на времето, како и со обврските за усогласување со европската регулатива во оваа област. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: зимско сметање на времето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
СветНова рунда мировни преговори: Витокоф се сретна со Путин, но без јасен договор за крај на војната во Украина По средбата со Зеленски во Осло, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф со сет идеи замина кај Путин во Санкт Петербург, во деветти во низа обид да издејствува мир во Украина. Нема детали дали и колкав напредок е направен за ставање крај на петгодишната војна. -Секако, би сакал да ги знам резултатите од состанокот (во Осло). Сакам да ви се заблагодарам вам и на претседателот Трамп за вашето внимание кон прашањата за решавање на кризата во Украина, вклучително и за можната средба во Кина. , изјави Владимир Путин, претседател на Русија. -Преговорите (во Осло) беа продуктивни и би можел да кажам дека има напредок. Се надевам дека денеска може да биде исчекор кон мировнмиот процес во дискусијата за решение на украинско-рускиот конфликт. , изјави Стив Виткоф, специјален пратеник на Трамп. Но, Виткоф не си заминува од Русија со празни раце, откако договорот за дизелот го доби првиот конкретен епилог. Путин му вети дека првиот танкер гориво со 40 илјади тони ќе тргне кон САД за два дена. Втората придобивка е ослободување на 74-годишниот Американаец Стивен Хабард, кој четири години помина во притвор во Русија, откако бил уапсен во Украина дека наводно се борел на страната на Киев. И двете страни, како што пренесоа руските медиуми, се многу блиску до организирање средба Трамп, Путин, Си Џинпинг за Украина, а на која според најавите, нема да има место за Зеленски, особено откако Трамп му порача дека можеби е време друг да преговара во име на Киев. -Не знам што ќе биде со трилатералниот состанок меѓу САД, Кина и Русија. Од нив зависи. Но секако, ако прашањето е Украина, нашата иднина, тоа може да биде прифатливо, само кога ние сме на преговарачка маса. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. -Зеленски треба да сака да ја заврши оваа војна. Ако не го стори тоа, ќе виде многу лошо. Сакаме Зеленски да склучи договор, тој може да склучи договор. Можеше да склучи договор пред две години кога го имавме нашиот мал разговор во Овалната соба. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД. Зеленски денеска соопшти дека САД потворно почначе да споделуваат разузнавачки со Киев, откако минатата недела предупреди дека дел од информациите за руските ракетни напади биле прекинати или недостапни. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22