Пронајдена е жената што беше пријавена за исчезната во Куманово - Канал 5

Пронајдена е жената што беше пријавена за исчезната во Куманово

Пронајдена е жената, чијшто сопруг пријави дека се оддалечила од нивниот дом, соопшти денеска СВР Куманово. Жената остварила влез во државата на граничниот премин Долно Блаце.

Пронајдена е жената што беше пријавена за исчезната во Куманово

- На 23-ти октомври, годинава во 15:40 часот во СВР Куманово, Б.С. од Куманово пријавил дека неговата сопруга В.С.(38), за која претходниот пријави дека се оддалечила од домот, била кај нејзините родители во Република Албанија. Во 18:35 часот на граничен премин Долно Блаце, В.С. остварила влез во државата, соопшти СВР Куманово.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија во топлотен бран: Од вторник променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Утре ќе биде најтоплиот ден во Македонија годинава, со температури кои на некои места ќе достигна и до 40 степени..

Македонија во топлотен бран: Од вторник променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Од вторник веќе се очекува постепена промена на временските услови и намалаување на темрпатурите...

Официјални мерки не се прогласени, но лекарите препорачуваат избегнување подолг престој на отворено во најтоплиот дел од денот, внесување повеќе течности и дополнителна внимателност кај повозрасните лица и хронично болните.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пред уништен споменик на децата бегалци во паркот Жена-борец се одбележа 80 годишнината од Граѓанската војна во Грција

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и Децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија пред споменикот на Децата бегалци во Паркот „Жена –борец“ се одржа  одбележувањето на 80-годишнината од почетокот на Граѓанската војна во Грција.

Пред уништен споменик на децата бегалци во паркот Жена-борец се одбележа 80 годишнината од Граѓанската војна во Грција

Оставен да сведочи не само за една од најболните страници од македонската историја, туку и за годините негрижа и видливите траги од вандализам. Бел бетон без плочи и натписи, вака денеска изгледа споменикот на децата бегалци, осум децении по почетокот на Граѓанската војна во Грција и 78 години од прогонството на македонците од Егејскиот дел на Македонија.

Не случајно секоја година комеморацијата се одржува токму овде во паркот жена борец, кај овој споменик, кој што треба да го симболизира страдањето и прогонството на илјадници македонци од Егејска Македонија. Но организаторите се жалат токму на состојбата овој споменик. Низ годините тој е често мета на вандализам, меѓутоа реагираат и на самата институционална негрижа..

Иако демолирањето се случувало повеќепати од 2019 година, претсетаделот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров, вели дека биле поднесени кривични пријави и испратени дописи до владата, но без епилог, што според него дополнително ја продлабочува неправдата. Тој додава дека зад вандализмот стои смислена намера од анти-македонски центри. Како позитивен чекор ја посочи најавата од Министерството за култура дека во тек е изработка на нова плоча од оригиналната авторка, која наскоро треба повторно да биде поставена

„ Денес стоиме пред обелен бетон и не ни преостанува ништо друго освен да кажеме засрамете се.. Полицијата и обвинителството истрагата за извршителите за овој вандализам до ден денешен не ја завршија, а владата со прст не мрдна споменикот да се реставрира. Невозможно е карши собрание со толку камери на овој јавен простор да нема индиции за сторител или сторители..“

Здруженијата оценуваат дека запоставениот споменик е само дел од поширокиот однос кон македонското историско прашање. Според нив, политичките договори од 2017 и 18 година дополнително ја влошиле состојбата на македонците од Егејскиот и Пиринскиот дел. Велат дека и натаму има случаи на дискриминација при влез во Грција, со враќање од граница со образложение дека претставуваат закана за националната безбедност на државата.

„Бараме македонската Влада во односите со Грција да изнуди поништување на сите забрани од владата во Атина за влез на македонци од Македонија, со обвинение опасни по националната безбедност на Грција. Бараме слободно движење за сите во Македонија и Грција и почитување на слободата на мислата и гласот. “

До Владата, Собранието и претседателката здруженијата побарале и усвојување на резолуција, за како што наведуваат, извршениот геноцид врз македонскиот народ и со барање 10 август да биде прогласен за ден на негово меѓународно одбележување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална

Шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски позитивно гледа на последната иницијатива за т.н. постепена интергација во ЕУ, но предупредува дека оваа алатка може да биде корисна само ако биде мост до полноправо членство,а не да се претвори во трајна чекална.

Муцунски на Дубровник форум: Постепената интеграција во ЕУ да биде мост кон членство, а не трајна чекална

По најавите дека есенва Европската Комисија ќе усвои нова стратегија за т.н постепена интеграција на земјите кандидати во ЕУ додека спроведуваат реформи, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски ваквите иницијативи ги оцени како позитивни, но само ако на нив не се гледа како на алтерантива за полноправното члнество.

На панел дискусија на Дубровник форумот, осврнувајќи се на процесот на проширување, Муцунски истакна дека е потребна поголема дисциплина, со појасни стандарди, рокови и исходи, како и покредибилен и попредвидлив пристапен процес.

-Доколку овој нов модел на постепена интеграција што треба да се имплементира, се надеваме во одреден момент, претставува мост кон полноправно членство и тоа е пораката што ја примаме од сите, тогаш ќе биде исклучително корисна алатка. Но, мора да внимаваме да не стане алатка за поплаки каде што се гледа како нешто што е направено и ќе создаде трајна чекална без врата кон целосно членство. И мислам дека ова е главната загриженост која постои, но генерално расположението и тоа што го слушнавме и за што се разговараме, од наша перспектива е исклучително позитивн, изјави Муцунски.

Во обраќањето министерот за надворешни работи посочи и дека покрај тврдењата на 26 земји членки дека Македонија има две основни обврски за отворање на пристапните преговори: уставните измени и исполнувањето на т.н. отворачки критериуми, истовремено Бугарија според него инсистира и на дополнителни билатерални барања, поврзани со ревизија на националната историја и други области што, како што рече, не се дел од европското законодавство и критериумите за членство.

- Една земја членка, вели, покрај тоа, европскиот консензус е и сет на други договори кои очигледно постојат меѓу двете држави, вклучувајќи, меѓудругото, ревизија на нашата национална историја и области како интервенција во домашните медиумски работи на земјата и други прашања исто така. Значи прашањето е дури и ако го направиме она што 26 земји членки на ЕУ и европските институции ни кажуваат да го направиме, една земја членка штом го направиме ќе рече: „Сега кога сме тука, ајде да почнеме со овие други аспекти што ни се важни“. Ова е замката, многу очигледна, изјави Муцунски.

На истиот панел, американскиот професор и експерт за Балканот, Едвард Џозеф, оцени дека Европската Унија прави грешка доколку врши притисок врз Скопје да спроведе договор без јасни гаранции дека Софија ќе го почитува неговиот дух и нема да поставува нови барања поврзани со идентитетските прашања.

-Ова е уште една грешка на Европската Унија, да го притиска Скопје да спроведе договор за кој не постои никаква гаранција дека Софија ќе го почитува во неговиот дух и дека нема повторно да поставува нови идентитетски барања. И постојат и други решенија. Може да држат состаноци во Советот и погодете што, Бугарија може да излезе од просторијата како што Унгарија излезе од просторијата, изјави Џозеф.

Во однос на прашањата поврзани со македонскиот идентитет, министерот Муцунски од Дубровник порача дека не постои „северномакедонски“ народ, „северномакедонски“ јазик ниту „северномакедонски“ идентитет, туку единствено македонски народ, македонски јазик и идентитет, нагласувајќи дека секој обид за нивно оспорување ќе наиде на соодветен одговор. Простор за дијалог со Софија за отворените прашања од македонска страна постои, кажа Муцунски, а во меѓувреме, државата продолжува да испорачува резултати во спроведувањето на реформите.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер