Пронајдена е мумија во Египет со златен јазик, стара 2.000 години (ФОТО) - Канал 5

Пронајдена е мумија во Египет со златен јазик, стара 2.000 години (ФОТО)

Археолозите пронашле мумија со златен јазик стара околу 2.000 години во областа на древното египетско место Тапосирис Магна.

Пронајдена е мумија во Египет со златен јазик, стара 2.000 години (ФОТО)

Ја пронашол тим предводен од археологот од Доминиканската Република, Катлин Мартинез, која се прослави со потрагата по изгубениот гроб на Клеопатра - последната кралица на дрвениот Египет.

Мартинез, која првично работела како адвокат, сметала дека Клеопатра, која важела за претставничка на божицата Изида, најверојатно решила да и ги закопаат нејзините остатоци во храмот посветен на таа божица, а не на друго место. Затоа Мартинез направила мапа на потенцијални гробници на славната кралица и запишала 21 локалитет поврзан со легендата за Изида и Озирис.

Откако исклучила голем број храмови, таа одлучила да започне со ископувања во областа на храмот Тапосирис Магна (големата куќа на Озирис) бидејќи исполнува неколку критериуми за последното прибежиште на Клеопатра. Имено, во самиот град имало неколку храмови посветени на Озирис и Изида, божицата која му била сопруга и сестра.

Иако се уште не е ископана мумијата на легендарната египетска кралица, овековечена во безброј филмови, Мартинез неодамна открила многу интересно откритие - мумија со златен јазик.

Мумијата е пронајдена од археолозите на едно од 16 гробни места. Претходно, во оваа област биле пронајдени остатоци од паричка на која е претставена Клеопатра VII, што укажува на тоа дека храмовите биле во употреба за време на владеењето на кралицата, соопшти египетското Министерство за туризам и антиквитети на 29 јануари.

Експертите веруваат дека свештениците и ставиле златен јазик на мумијата за да се осигураат дека во задгробниот живот, според верувањата на древните Египќани, тој може да разговара со Озирис, богот на подземниот свет.

Останатите 15 гробни места исто така датираат од пред 2000 години и во нив се пронајдени артефакти од исклучителна вредност. На пример, археолозите пронашле една мумија на женско лице кое носи посмртна маска, која го покрива поголемиот дел од нејзиното тело. Маската на смртта го претставува починатиот со насмевка на лицето.

Остатоци од свитоци биле пронајдени во две мумии, додека едната имала златни украси на кои е претставен Озирис на корицата, пишува Live Science.

Мартинез и нејзините колеги пронашле и неколку статуи на луѓе закопани на ова место. Статуите се толку добро зачувани што сè уште може да се препознае нивната фризура или покривки. Статуите ги прикажуваат мртвите со сериозен израз, без насмевка на нивните лица.

Иако археолозите не се сигурни во точните години на смртта, тие претпоставуваат дека овие луѓе живееле во време кога со Египет управувале или Птоломеите (304 п.н.е. до 30 п.н.е.), потомци на Александар Велики или за време на Римската империја што владеела со Египет по смртта на Клеопатра.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Општина Центар  ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Локалната самоуправа започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување.

„Општина Центар спроведува анкета со која граѓаните можат да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми и предлозите за подобрување на животната средина. Вашите одговори се важни за да ги утврдиме приоритетите и да ги насочиме идните активности кон подобри услови за живеење во Општина Центар“, порача градоначалникот Герасимовски.

Анкетата е анонимна, а може да ја пополните на линк: Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје | Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

На маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат.

Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп.

На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер