Поранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина
1Поранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина
3Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
ЗабаваПронајдена двојничка на Трамп:Неверојатна сличност на жена од Шпанија и американскиот претседател (фото)Далеку од белата куќа, преку океанот, во шпанска Галиција, живее една обична жена која ги запали социјалните мрежи со нејзината неверојатна сличнос со американскиот претседател Доналд Трамп.Изгледа дека Доналд Трамп има близначка - Шпанка во здолниште со престилка. Нејзината фотографија се рашири на социјалните мрежи како пожар, а корисниците и се чудат на неверојатна сличност со американскиот претседател Долорес Леис е родена 1954 година, десетина години по Трамп. Очигледно е дека тие двајца не се роднини затоа што таа живее во селото Нантон, среде пространите ливади. Нејзината фотографија се појави на социјалните мрежи благодарение на новинарката Паола Васкез од дневникот „La voz de Galicija“. Новинарката ја посетила двојничката на Трамп за да разговара со неа за живото на село, но приказната наскоро била согледана од неочекуван агол, откако луѓето почнале да укажуваат на нејзината неверојатна сличност со американскиот претседател. Долорес мирно реагира на неочекуваната слава. „Мислам дека сето ова е поради бојата на косата“, вели таа. Дека е славна дознала од внуците, затоа што не користи мобилен телефон. За разлика од американскиот претседател, кој постојано „твитува“, Долорес не знае ништо за социјалните мрежи. Se llama Dolores Leis, es gallega y se dedica a la agricultura, su foto fue publicada por @lavozdegalicia y se viralizó por su supuesto parecido a @realDonaldTrump Are you similar, Mr. President? pic.twitter.com/rhtOP7X1b2 — Miguel Ángel Verdún (@miguelverdun) April 24, 2018 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Други спортови„La decima“: Маркез е шампион – има повеќе титули од Валентино Роси! Марк Маркез стана светски шампион во мотоциклизам по десетти пат во својата кариера, а по осми пат во најсилната категорија.Во Португалија, на 22 ноември, Марк Маркез испиша историја во шампионатот MotoGP и ја освои јубилејната 10-та шампионска титула, а 8-ма во шампионатот MotoGP. Шпанецот сега е мотоциклистот со најмногу освоени титули во историјата на овој спорт! на маркез на денешната трка му беше доволно и освојување на 9 место за конечен триумф во Мото ФП со оглед на тоа што имаше 55 поени повеќе од Хорхе Мартин и 62 повеќе од Марко Бецеки. Во текот на трката беше јасно дека „Дукати“ му наложиле на Маркез безбедно да ја заврши трката во првите 10 и да не презема никакви ризици. NEW LEADER ALERT! Bez hits the front!🚨 #PortugueseGP 🇵🇹 https://t.co/uTphu7F1uG — MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 22, 2026 Во последниот круг Марко Бецеки пред Хорхе Мартин и Раул Фернандез влегоа со голема предност додека Марк Маркез се бореше за титулата од деветтата позиција. И успеа да стигне до неа. It's hugs everywhere 🤗❤️ #MARCmade | #H1STORY https://t.co/3F5RkG3nHH — MotoGP™🏁 (@MotoGP) November 22, 2026 Тој сега е најтрофејниот возач на сите времиња, додека Валентино Роси е втор со девет освоени титули!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваПоранешен ас на Барселона неодамна излезе од затвор, а сега сопругата го напушта,причината шокантна причина Поранешниот бразилски фудбалер Дани Алвеш и неговата сопруга Џоана Санз одлучија да стават крај на заедничкиот живот, а една од главните причини за разделбата е неговата сè поголема посветеност на религијата. Веста за нивниот развод ја објави шпанскиот новинар Хави Охоса, кој разговарал со сопругата на Алвеш и дознал детали за нивната одлука. Двојката стапи во брак во 2017 година, а во октомври 2025 година ја добија ќерката Хулиета. Според новинарите, Џоана Санз покренала постапка за развод бидејќи начинот на живот на екс фудбалерот на Барселона го оддалечува сè повеќе од неговото семејство. Во последните месеци, 43 годишниот Алвеш патува низ светот како проповедник и предавач, ширејќи ја евангелската вера. На 25 март 2024 година, Алвеш беше пуштен од затворот „Бријанс“ во близина на Барселона откако плати кауција од еден милион евра, а претходно беше осуден на четири и пол години затвор под обвинение за силување. Сепак, на 28 март 2025 година, Апелациониот совет на Судот на правдата на Каталонија го ослободи од обвиненијата, по што тој стана целосно слободен човек. Тогаш тој целосно ѝ се сврте на религијата. Токму оваа животна посветеност, како што е наведено, довела до сериозно отуѓување од сопругата. Наводно, на Санз не му пречело тоа што тој имал вера, што ја читал Библијата или што одел во црква, но ја вознемирувало тоа што религијата станала центар на неговиот живот, поради што таа се чувствувала осамено и запоставено. „Тоа го оддалечи од неа и од нивната ќерка, а таа се чувствува сосема сама. Таа има разбирање за верата на Дани и не би имала ништо против тој да ја чита Библијата или да оди во црква. Сепак, неговата одлука да му го посвети целиот свој живот на религијата го изолираше од неговото семејство“, пренесува новинарот зборови на сопругата на Алвеш. Според истите изјави, Санц конечно одлучила да стави крај на таквиот однос со зборовите: „Доста е, ми е преку глава, овде завршува сè“. Поранешниот дефанзивец на Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен на тој начин би можел да стави крај на бракот што траеше речиси девет години. Засега, ова се информациите што ги објави еден шпански новинар, повикувајќи се на разговор со Џоана Санц.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалНов проблем за европскиот шампион ПСЖ, поради тешка повреда заврши сезоната Дезире Дуе Еден од најталентираните фудбалери на денешницата ја заврши сезоната! Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, 21 годишниот Дезире Дуе во саботата навечер трпеше страшн болка откако се повреди на првенствениот натпревар на францускиот гигант против Ница. Крилото на ПСЖ, Дезире Дуе, ја заврши сезоната откако ги скина предните вкрстени лигаменти на натпреварот против Ница, исто како и Квича Кварацхели еден месец претходно. Само еден ден подоцна пристигна ужасната вест. Дезире Дуе ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено, поради што ќе мора да паузира неколку месеци. Тој ќе биде опериран до крајот на ноември, по што ќе започне периодот на рехабилитација, кој во одредени случаи може да трае и до девет месеци. Секако, Дуе нема да се врати на терените до крајот на оваа сезона. Овој крилен напаѓач на Париз, кој важи за еден од најталентираните фудбалери на планетата, оваа сезона одигра 15 натпревари, при што постигна шест гола и забележа четири асистенции. Се очекуваше тој да биде еден од главните адути на Пари Сен Жермен во продолжението од сезоната, особено со оглед на тоа што Квича Кварацхели е отсутен поради повреда. Пред точно еден месец, Пари Сен Жермен објави дека грузискиот фудбалер ќе мора да паузира подолго време поради скинати предни вкрстени лигаменти – истата повреда што сега ја доживеа и Дезире Дуе. Без овие двајца играчи, ПСЖ ќе биде значително ослабен, особено во Лигата на шампионите, каде што имаат амбиција да ја освојат третата титула по ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook