Пронајден нов, чуден вид вирус , што еволуира на различен начин - Канал 5

Пронајден нов, чуден вид вирус , што еволуира на различен начин

Јапонските виролози во примерок од свински измет забележале нов вид вирус , што би можел да биде показател за сосема друга еволуција на овие заразни честички.

Пронајден нов, чуден вид вирус , што еволуира на различен начин

И покрај тоа што научниците спорат дали станува збор за живи или неживи организми , научниците сепак се согласуваат дека вирусите се составени од нуклеинска киселина и дека им е потребна здрава клетка за да се размножуваат.

Сега научниците од јапонскиот универзитет за земјоделство и технологија во Токио (ТУАТ) откриле досега непознат вирус кој му се спротивставува на досегашното толкување.

„Рекомбинантниот вирус што го најдовме нема структурни протеини. Што значи дека овој вид вирус не може да направи вирусни честички“, рече вирологот на ТУАТ, Тетсуја Мизутани.

Тоа е еден вид ентеровирус Г (ЕВ-Г), кој припаѓа на семејството пиканавирус. Вирусот ЕВ-Г бил откриен порано, но сега е пронајдена „нова, неисправна“ варијанта која има непознати гени за поддршка, наместо вообичаени вирусни структури.

Ова би значело дека овој нов вид, наречен ЕВ-Г тип 2, не може сам да влезе во клетката домаќин. Значи, прашањето е сега како се репродуцира овој вирус и како воопшто постои.

Во своето истражување, јапонските научници презентираат едно интересно решение за овој проблем, а тоа е дека новиот вирус еволуирал за да користи други вируси од кои позајмува структурни протеини за да се репродуцира. Докази за поддршка на оваа теорија е дека биле пронајдени ЕВ-Г тип 2 и тип 2 во свински измет.

„Бидејќи рекомбинантен тип 1 ЕВ-Г е откриен во истиот фекален примерок како и новиот рекомбинантен тип 2 ЕВ-Г, можно е типот 1 ЕВ-Г да послужил како додаток на вирусот на репродукција“, објаснуваат истражувачите.

Се разбира, таквата хипотеза предизвикува дополнителни прашања, бидејќи за виролозите засега не е познато како може вирусот да земе од друг подтип структурни протеини и да го репродуцира.

„Можеби гледаме во една поинаква еволуција на вирусот“, рече Мизутани.

„Се уште не знаеме од каде потекнува овој нов вирус, како ги инфицира клетките и како ги развива своите вирусни честички. Во нашето идно истражување ќе се обидеме да ги решиме овие мистерии“, додаде тој.

Истражување за нов вид вирус е објавено во списанието Infection, Genetics and Evolution.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Меси посвети гол на неговиот татко

Лионел Меси го постигна првиот гол по светското првенство и му го посвети на својот неодамна починат татко.

Видео: Меси посвети гол на неговиот татко

Интер Мајами како гостин освои бод против Филаделфија, играјќи без победник 2-2.

В о единаесеттата минута домаќините поведоа со голот на Василев, Интер Мајами во 21-та минута преку Пинтер стигна до израмнување.

Потоа, сргентинскиот волшебник Лионел Меси му донесе предност на тимот од Флорида во 26-та минута.

Аргентинецот одлично се снајде во шеснаесетникот и го постигна својот прв гол во МЛС по светското првенство.

YouTube video

Тоа воедно беше и првиот гол на Меси откако кратко отсуствуваше поради смртта на својот татко, кому и му го посвети погодокот.

По 20 одиграни натпревари, Интер Мајами е втор на табелата во источната конференција со 39 бодови, додека Филаделфија е 13-та со 20 бодови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Изутринава во земјава има пет активни пожари во Мариово кај село Чаниште, крак кон Црна Река и крак кон село Орле, во општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила.

Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила

Пожарот во депонијата во општина делчево е ставен под контрола. А изгаснати се 31 пожар.

Центарот за управување со кризи информира дека регистрирани се вкупно 37 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а 31 пожар се изгаснати.

Од УХМР најауваат топло време и температури до 39 степени.

Апел од дирекцијата за заштита и спасување граѓаните да се посебно внимателни со фрлање отпуошци од цигари и работа со апарти кои предизвикуваат пожар и строго забрана за горење на стрништа..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Пред стартот на учебната година, Владата денеска повторно ќе ја донесе т.н. училишна кошничка.

Денеска одлука за „училишна кошничка“

Од МОН брифираат дека планиран е состанок со трговците на големо и мало за училишен прибор, со цел да ги координираат активностите и да разговараат за цените пред почетокот на учебната година.

Лани, мерката за училишна кошничка наречена „Помалку трошоци, повеќе за вас“ важеше од 15 август до 15 септември и со неа беше договорено намалување на цените на основниот прибор и тетратките на учениците за 10-15 проценти, со што, според пресметките на владта, семејствата заштедија по околу 1.500 денари по ученик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер