ЖивотПронајден е череп на огромен предатор, правел пустош на Земјата пред појавата на диносаурусите Диносаурусите имаат репутација како најстрашни древни предатори, но новото истражување покажува дека 40 милиони години пред нив, подеднакво страшни предатори талкале на нашата планета.Имено, научниците во Бразил пронашле фосил, речиси целосно зачуван череп и коски, на опасен ѕвер стар 265 милиони години. Черепот на Pampaphoneuss biccai, со димензии околу 36 см, е откриен во близина на Сао Габриел. „Ова животно изгледа опасно, сигурно беше страв и трепет за сè што му било на патот“, вели палеонтологот Стефани Пирс од Универзитетот Харвард. Пампафонус припаѓа на раната група на диноцефали, огромни примитивни влекачи кои живееле во Пермскиот период и изумреле околу триесет милиони години пред појавата на диносаурусите. Не сите динокефали биле месојади, но Пампафонус секако бил. „Животното има големи, остри катници прилагодени за фаќање плен“, вели Фелипе Пинеиро, палеонтолог од Федералниот универзитет во Пампа (UNIPAMPA) во Бразил, како што објави Science Alert. „Распоредот на забите и кранијалната архитектура укажуваат на тоа дека можел да џвака коски, слично на денешните хиени“, додаде тој. Пампафонус живеел на крајот на Пермскиот геолошки период, непосредно пред најголемото масовно истребување досега, кога исчезнале 86 отсто од сите животински видови на Земјата. Фосили од други диноцефали претходно биле пронајдени во Русија и Јужна Африка, но Pampaphoneus biccai е единствениот познат таков вид во Бразил. Палеонтолозите велат дека овој добро сочуван фосил открива нови карактеристики кои претходно биле непознати (помал череп е пронајден во 2008 година). „Откривањето на новиот череп на Пампафонус по толку долго време е исклучително важно за подобар увид во животот на ова животно, претходно беше тешко да се разликува од неговите руски роднини“, вели палеонтологот Матеус А. Коста Сантос од UNIPAMPA. Highly appealing images (although I may be biased) of the preparation of our new Pampaphoneus skull. Trigger warning for an exceptionally beautiful fossil.@the_anilson @voltairearts @PaleoCisneros @MCZHarvard pic.twitter.com/BulUlJVe1Z — Felipe Pinheiro (@FeliPinheir) September 12, 2023 Пампафонус некогаш достигнувал висина од три метри и тежел неверојатни 400 килограми. Но, тој не се истакнувал само поради неговата големина. Овој древен предатор имал цврсто изграден череп, како и многу други диноцефали, така што овој вид го добил своето име - што на грчки значи „страшна глава“. По анализата на черепот, експертите откриле дека досега неидентификуваната коска на вилицата може да потекнува од уште поголема верзија на Pampaphoneus biccai. Односно, „страшната глава“ која штотуку ја проучувале можеби дури и не припаѓа на возрасна единка. Истражувањето Cranial osteology of the Brazilian dinocephalian Pampaphoneus biccai (Anteosauridae: Syodontinae) е објавено во Зоолошкиот весник на Linnean Society.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook