Промовирани нови дела од едицијата „Македонски искушенија“ - Канал 5

Промовирани нови дела од едицијата „Македонски искушенија“

Четири нови дела од капиталната едиција „Македонски искушенија“ во која се содржани 50 нови изданија кои го воздигнуваат нашето историско минато, беа промовирани денеска во Порта Македонија. Станува збор за делата „Светите Кирил и Методиј“, „Пере Тошев“, „Дамјан Груев“ и „Најпознатите македонски војводи“.

Промовирани нови дела од едицијата „Македонски искушенија“
Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во обраќањето рече дека oваа едиција е надоврзување на првиот дел на овој исклучително значаен проект кој произлегол од големата продукција на документарни филмови кои во изминатиот период ги реализирала Македонската радио телевизија, се со цел, како што рече, да го збогатат македонскиот книжевен и историски корпус и дополнително да ги афирмираат личностите и настаните кои оставиле длабока трага во македонската историја.

Посочи дека надоврзувајќи се на овие филмови создале едно книжевно богатство кое е потврда дека нашето минато, темно или болно, контроверзно или афирмативно, оставило длабок печат врз нашата сегашност и нашиот идентитет. Во тој контекст, нагласи министерката, секој читател на овие изданија кој воедно може да го погледне и документарниот филм кој е во прилог на книгите, има можност објективно да се соочи со нашето минато, реално согледувајќи ја комплексноста на нашата актуелна сегашност како држава.

- Токму затоа, овие изданија имаат исклучително значење за нас и за идните генерации бидејќи преку нив ние ќе се стекнеме со бројни сознанија за најзначајните појави и процеси во поновата историја на Македонија, за револуционерната и духовната сила на нашите претходници во остварувањето на државотворните цели. Всушност едицијата Македонски искушенија е симболично кажано своевиден стожер на културниот идентитет на Република Македонија на крстопатот на светските цивилизации но, и во актуелните глобални политички превирања на модерното време, рече Канческа - Милевска.



Нагласи дека на денешната промоција претставуваат дела кои се однесуваат на личности од епохата на македонската револуционерна борба од крајот на XIX и почетокот на XX век, како и едно дело од нашето културно-историско минато од средновековниот период. Овие книги, истакна, се збогатени со копии од документарните филмови кои беа емитувани на Македонската радио телевизија.

Таа рече дека денеска ја претставуваат книгата посветена на христијанските рамноапостоли и сесловенски просветители, светите браќа Кирил и Методиј, кои првпат го активирале феноменот на словенскиот фактор како своевиден политички, црковен или културолошки баланс во идниот растеж на европската цивилизација и култура преку источната и западната традиција.

Меѓу насловите кои ги претставуваме пред нашата читателска публика, посочи, е и публикацијата посветена на еден од најистакнатите македонски револуционери и предводници на Илинденското востание, Дамјан Груев, која ни го доловува ликот и делото на човекот кој бил спиритус агенс на Македонската револуционерна организација.

Нагласи дека неговиот лик е симбол на македонскиот опстој и непокор, пример за човечноста, доблеста и одлучноста, да се истрае во борбата за идеалите, да не се потклекне се до последниот здив во вербата и борбата за слободна Македонија.

- Втората книга од овој период е посветена на Пере Тошев, уште една маркантна фигура во македонското револуционерно движење, која и даде свој белег на целата македонска илинденска епоха и го зазеде своето заслужено место меѓу четворицата великани заедно со Гоце Делчев, Дамјан Груев и Ѓорче Петров. Ако Делчев беше апостолот на македонското револуционерно движење, ако Ѓорче беше креаторот на надворешната политика на Организацијата, ако Дамјан Груев беше предводникот на Илинденската вооружена борба, тогаш за Пере Тошев може да се каже дека беше креатор на внатрешната политика и државното уредување на револуционерна Македонија, како демократска парламентарна држава во создавање, потенцира Канческа - Милевска.

Таа ја претстави и книгата која го претставува првиот том на делото „Најпознатите македонски војводи“ во кој е обработена појавата, развојот и основните начела на Четничкиот институт на МРО, кој всушност ја претставува нелегалната армија на ВМРО во тогашна османлиска Македонија.

Древната мудрост, посочи министерката, упатува на сознанието дека „Народите кои не ја почитуваат и не учат од сопствената историја, живеат со ризикот таа да им се повтори”.

- Обидите за оспорување на автентичноста на современата македонската историска мисла, никогаш не престанаа. Дури и денес, ние се соочуваме со суптилни но, и нескриени обиди, за проблематизирање на македонското битисување на овие простори низ призмата на обиди за нови политички редефинирања на Балканот и пошироко. Од тука едицијата „Македонски искушенија“ е една нова поткрепа на постаментот на историската вистина за Македонците - свои на своето, со јасно изразен став, интерес и желба за соработка со останатите народи, како можеби мал, но, секако значаен прилог кон современата реалност на светската цивилизација, додаде Канческа - Милевска.

Промоторот проф.д-р Ѓоко Ѓорѓевски рече дека делото „Светите Кирил и Методиј“, подготвено од Тони Филиповски, Илија Велев и Ратомир Грозданоски, реномирани научници и одлични познавачи на оваа тема, е дел од едицијата „Македонски искушенија“, составена од избор на значајни личности и настани коишто влијаеле врз градењето и надградувањето на културниот и духовниот живот на овие простори, а којашто содржи сценарија за документарни филмови од македонската духовна и културна историја, - сето тоа пропратено со богат и разновиден илустриран материјал.

Мисијата на светите браќа Кирил и Методиј, посочи, е апостолска и просветителска за словенските народи, евангелизаторска за цела Европа и егземпларна и историска за целиот христијански свет, мисија, која во својот црковен историски контекст познава различности, противположности и разидувања, мисија која почнува токму од овие простори и која својот прв вистински плодонос ќе го забележи токму тука, од каде што сè и започна...

Според него, делувањето на светите Кирил и Методиј е класичен пример на она што денес се именува како инкултурација: кога секој народ во сопствената култура ја прифаќа објавената порака на Евангелието и изразот на вечните вистини на сопствениот јазик.

- Ова претпоставува напорен потфат на „превод“, затоа што подразбира индивидуализација на адекватни термини, без притоа тие да го изменат или осиромашат богатството на Словото на Откровението.Слово и Словени. Јазичнaтa операција инаугурирана од страна на двајцата солунски браќа беше исклучителен културен потфат. Така денес повеќе од 435 милиони кои говорат на некој од словенските јазици можат читаат Евангелието на мајчин јазик, а околу 360 милиони користат кирилично писмо. Значи, Кирилометодиевата мисија не може да се сведе исклучиво во рамките на културно делување, кое се послужило со религиозно библиско-литургиска алатка, но истовремено е неспорно дека тие се татковци на културата, дури и за оние кои веќе не се препознаваат како дел од христијанската традиција, нагласи Ѓорѓевски..

А нивната активност, која првенствено е евангелско-просветителска, истакна Ѓорѓевски, не можеше, а да не биде и цивилизациска.

- Мисијата и културата се испреплетуваат во ова дело, затоа што и секоја автентична порака на верата е истовремено и информативна, и перформативна. Оваа книга е снажен спомен за големите учители и просветители, но и израз на благодарна почит за сето тоа што светите браќа го имаат сторено за сите народи, а посебно за нашиот народ. Како што беше спомнато, тие се наши духовни родители, а ним, како и на телесните, ние не можеме никогаш да им се оддолжиме, но не смееме да престанеме да се обидуваме тоа да го чиниме. Затоа што преголем е дарот којшто светите браќа ни го оставиле во наследство, дар кој со себе носи и аманет за незаборав за навек, додаде Ѓорѓевски.

Промоторот проф.д-р Ванчо Ѓорѓиев рече дека човекот отсекогаш имал интерес да ги следи, да го проучува својот идентитет. Ако ги погледнеме рафтовите на националните библиотеки во светот, посочи, повторно ќе се увериме дека книгите со историски содржини се едни од најприсутните книги во тој контекст.

- Сведоци сме дека често пати во последно време ни се забележува дека сме заробеници на минатото, дека не гледаме во иднината, а во едно исто време постојано слушаме политички изјави од сите страни во кои се вели стоп за македонизмот во кои се оспорува нашиот јазичен, некогаш културен, некогаш национален и воопшто со тоа се оспорува нашиот државнотворен карактер и правото на нашата држава, истакна Ѓорѓиев.

Тоа што правиме ние, потенцира, не е ништо повеќе од другите, напротив ние сме многу поназад. Според него, за чување на историското сознание, на историската свест во светот постојат разни институции, почнувајќи од библиотеки, архиви, музеи..., а во последно време се повеќе се актуелизира и на еден визуелен начин низ електронските медиуми.

- Нашето што го правиме овде не е одговор на анахроните идеи од минатиот век, иако можеби звучи сега ирационално да зборуваме за анахрони идеи, меѓутоа со оглед на тоа што се оспоруваат сите параметри на нашиот и национален идентитет и на нашата државност, ние што можеме да направиме во моментот најмалку е ова за на еден сублимиран начин врз основа на нашите видувања за нашиот идентитет да ги раскажеме и пренесеме нашите пораки, нашите приказни за нашите поколенија, бидејќи навистина во овој трети милениум кога информациите се на дофат на секоја рака и се лиферуваат севозможни инспирации лесно може да потпаднат многу луѓе нудејќи им се поинакви верзии за нашето минато, рече Ѓорѓиев.

Осврнувајќи се на делата „Пере Тошев“, „Дамјан Груев“ и „Најпознатите македонски војводи“ рече дека станува збор за монографии од нашето револуционерно минато, од нашите илинденци..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 8. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 8. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 8. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе измислите нови идеи како да ја обогатите вашата врска. Ќе му предложите на партнерот да излезете на сосема неочекувано место.

Кариера

Ќе најдете добра формула како да се поврзете со соработниците , а никој да не се почувствува искористен или оптоварен со работа.

Здравје и совет

Делата се поважни од зборовите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

саканата личност час ве нервира , час ве провоцира. Потрудете се да ја заведете и да ја свртите водата кон својата воденица , но пак таа ќе ги влече конците.

Кариера

Чувствувате дека можете повеќе и подобро , но ве попречува невнимателноста во работењето. Сакате повеќе слобода.

Здравје и совет

Најдете компромис.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте способни да читате и меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот.

Кариера

Сите кои се занимаваат со алтернативни дејности, денеска ќе имаат добивка. Другите успешно ќе ја користат интуицијата во работата.

Здравје и совет

Знаете што ви е потребно за да бидете здрави.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Фазата на надмудрување со заедничките емоции ќе продолжи.Можеби сето тоа ве заморува. Дистанцирајте се.

Кариера

Би можело да дојде до недоразбирање на некои ваши колеги со соработници од странство.Поврзете ги на свој начин.

Здравје и совет

Држете се до професионалните критериуми.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Денеска без никаков проблем ќе ги надминувате сите проблеми и препреки што би можеле да се појават на вашиот пат до целосно задоволство. Ќе успеете.

Кариера

Креативност , леснотија ,забава- сето тоа ќе го почувствувате денеска на работниото место. На некој начин ќе уживате во работата.

Здравје и совет

Немојте да се противите .

Овен 21.3-20.4.

Љубов

На некои ќе им биде жал што не се воздржаа кога требаше. Сега поправаат она што може да се среди во односто со саканата личност.

Кариера

Работата со луѓето напредува , но и тука треба да покажете реалност и професионалност. Секој пропуст два пати ќе ви го мерат.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себе и кон другите.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашите љубовни изливи не ви се пријатни ниту на вас ниту на другата страна. обидете се да го сведете вашиот занес на разумна мерка.

Кариера

Доколку се занимавате со уметност или работаод дома, веројатно ќе дојдете до контруктивно решение на еден проблем.

Здравје и совет

Емотивна нерамнотежа.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Веројатно максимално ќе се посветите на работата , зашто таа ќе ве извлече од личните предизвици , што би можеле да доведат до кавга или љубомора.

Кариера

На повидок е контруктивна соработка меѓу вашите подредени и шефовите , а вие ќе бидете мостот што ќе ги поврзува.

Здравје и совет

Спасот е во работењето.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Вниманието и толеранцијата со која ја опсипувате саканата личност , ќе ве изненади ен само неа, туку и вас. вашиот однос се зајакнува.

Кариера

Постојат уште некои финансиски проблеми , кои треба да се решат , а вие тоа лесно чќе го направите. Се ви е јасно.

Здравје и совет

Држете се до законите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Би било паметно да послушате што ви предлага другата страна. Ќе увидите дека е во право.

Кариера

Преговорите би можеле да завршат со позитивни резултати, а од вас ќе се бара малку повеќе тактичност и дипломатски однос. Потрудете се.

Здравје и совет

Мали нервози.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Продолжуваат деновите на вашата отвореност кон друштвото. Многумина ќе излезат на места и во време кога обично излегуваат . Ќе биде добро .

Кариера

Можеби на моменти ќе ви изгледа како да сте препуштени самите на себе, но не е така. Сосема добро ве контролираат.

Здравје и совет

Јадете повеќе зеленчук.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Важно е работите дас е согледаат во целост. Тогаш ќе ви биде јасно зошто другата страна малку ве критикува.

Кариера

Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте, само не се наметнувајте.

Здравје и совет

Намалете ги калориите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!

„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца

Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл.

Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени.

Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата.

На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“.

„Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата.

На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август.

Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден.

„Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“.

За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби.

Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“.

„Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање.

„Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. 

Познато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ.

Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра.

Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи.

Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови.

„Сите опции се отворени“

Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат.

„Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој.

Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој.

Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина.

Беше во брак со Клое Кардашијан

Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус.

Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24).

Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер