Промовирани нови 30 дела од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ - Канал 5

Промовирани нови 30 дела од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“

Триесет нови наслови од планираните 560 од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ беа промовирани денеска во Скопје. Досега се преведени и промовирани вкупно 360 дела, а до крајот на годинава треба да се промовираат 50 нови.


- Секое од овие дела има свој значаен удел во продлабочувањето на разбирањето на човештвото со сите негови посебности, традиции, размислувања и перцепции за светот околу нас. Без оглед на жанровската припадност секоја книга носи дел од авторот чии согледувања за животот и времето во кое тој живее се непроценлива можност за секој читател да се прошета низ времето, државите и мислите на писателот, истакна премиерот Никола Груевски на денешната промоција на новите дела од оваа едиција.

Во нив, меѓудругите се застапени, јапонски поети, Толстој, Херман, Мелвил, Платон, Пјер Бомарше, Михаил Шолохов, Џон Штајнбег, Карл Јунг, Вилијам Голдинг...

-Застапени се широк спектар автори од различни позадини, култури и времиња. Секој од нив ни цртал уникатна слика за светот и со тоа ни го збогатува и нашиот свет и претстава за нештата за кои се обраќа писателот преку својата книга. Токму ваквите квалитети кои ги поседува пишаниот збор, ги прават книгите поттикнувачи на фантзијата и извор на инспирација за нови размислувања и идеи. Читањето и натаму го збогатува умот и ја облагородува душата, рече премиерот.

Водејќи се од оваа мисла, додаде, ние продолжуваме со реализација на овој проект бидејќи единственото вистинско богатство нешто што е вистински неотуѓиво е ширината на умот која, пак, се храни од мислите на авторите меѓу кои и оние чии дела денес ги ставаме на располагање на сите наши граѓани.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека и овие нови дела на светската книжевност, рушејќи ги јазичните бариери, на македонската читателска јавност ќе и откријат нови светови, нови хоризонти, и ќе и овозможат осознавање на вредностите кои имаат цивилизациско значење.

- Во новите 30 наслови кои денеска ги промовираме се застапени стиховите на старите јапонски поети, приказната за осаменоста на човекот на Шикибу преточена во Приказната за Генџи. Тука се и запишаните мисли за животот, човекот, мудроста, во Платоновите избрани дијалози. На секој читател од денеска ќе му биде поблиска борбата со природата преку Моби Дик, „лажните ликови“ во Планетариумот на Натали Сарот, праведноста на Стендал во Црвено и црно, расказите на Музил, Човековата судбина на Шолохов, расказите на Лу Син и Есеите на Борхес, исмејувањето на хипокризијата на Бомарше во Женидбата на Фигаро. Ова се само дел од најновите преведени наслови кои ќе и овозможат на нашата читателска јавност разговор со најголемите умови на изминатите столетија, истакна таа.

Додаде дека „Ѕвездите на светската книжевност“ полека но, сигурно ја заокружуваат својата физиономија.

- Од вкупно 560 наслови на дела кои сведочат за развојните процеси на светската литературна мисла, досега се преведени 360 книги на автори кои ја одбележаа историјата на светската книжевност. Уверена сум дека преведените врвни дела на Толстој, Достоевски, Ниче, Маркез, Ребека Вест, Штајнбег, Клодел, Борхес, Зола, Ман, Кундера се вистинско естетско уживање за читателите од сите генерации и дека тие внесуваат нова димензија во поимањето на тајните на светската книжевност и детерминираат еден нов импулс, едно длабоко и трајно интелектуално влијание во македонскиот културен контекст, потенцира Канческа-Милевска.

Додаде дека Владата и Министерството за култура и во иднина безрезервно ќе ги поддржуваат сите проекти кои се во насока на подигање на свеста за важноста на јазикот како базичен фактор на националниот идентитет, промоција на македонското творештво во меѓународни рамки и проектите кои се во функција на вградување на наследеното светско книжевно нагледство во едукацијата на сите генерации.

Претседателот на редакцијата на оваа едиција академик Митко Маџунков истакна дека покрај ваквите групни промоции, заслужуваат и посебни книжевни промоции. Македонија, рече тој, треба да заличи од овие книги и тие треба да се најдат на видни места во институциите, не само библиотеките, туку и во излозите на книжарниците, на факултетите, во театрите, во домовите за култура, во средните училишта...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за врсничко и сајбер насилство, заштита од кражби, безбеден сообраќај, телефонски измами и зависности

Со учениците од прва и втора година од СУГС „Васил А.Дрен“ на подрачје на ПСОН Кисела Вода реализирана е трибина на тема „СТОП за меѓуврсничко насилство и превенција од зависности“.

Превентивни активности за врсничко и сајбер насилство, заштита од кражби, безбеден сообраќај, телефонски измами и зависности

На 13.11.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција и Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес, за учениците ОСУ „Јовче Тесличков“ во Велес, реализираа едукативно предавање за заштита од врсничко и сајбер насилство. Учениците се запознаа со различните форми на насилничко однесување, облиците и начините на манифестирање на овие девијантни појави, но и за последиците што може да се појават, при што, на учениците им ги појаснија и потенцираа начините и методите за навремена превенција и справување со овој вид на девијантно однесување помеѓу младите.

На подрачје на Демир Капија, полициски службеници од ОВР Неготино спроведоа превентивна активност за заштита од кражби, при што преку непосредна комуникација, граѓаните добија совети како да се заштитат од различни форми на кражби, да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети.

Полициски службеници од ОВР Кавадарци реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози одговорно“, со укажување на возачите за важноста од задолжително почитување на сообраќајните правила и прописи. Целта на овие активности е да се влијае на зголемување на нивото на сообраќајната култура и свеста кај возачите, во насока на зголемување на безбедноста и намалување на бројот на сообраќајните незгоди.

Сообраќајни превентивни активности денеска беа реализирани и на подрачје на Велес и Чашка, со акцент на опасноста од управување на возила под дејство на алкохол. При тоа беше нагласена потребата за свесност кај возачите, да не управуваат возила под дејство на алкохол, со оглед на тоа дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, ги нарушува психомоторните способности и претставува сериозна закана по нивната и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.

Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

На 12/13.11.2026, Одделението за превенција при СВР Скопје, на подрачјето на ПСОН Кисела Вода и ПСОН Бит Пазар, реализираше две едукативни работилници и една трибина.

Во ООУ „Хасан Приштина“ и ООУ „7ми Март“ – на подрачје на ПСОН Бит Пазар, со учесници од Клубот за превенција кои ги сочинуваат ученици од шесто до деветто одделение реализирани се две едукативни работилници на тема „Превенција од меѓуврсничко насилство – Булинг и Сајбер булинг (насилство на социјалните мрежи)“.

Исто така со учениците од прва и втора година од СУГС „Васил А.Дрен“ на подрачје на ПСОН Кисела Вода реализирана е трибина на тема „СТОП за меѓуврсничко насилство и превенција од зависности“.

На присутните ученици им беа поделени и летоци на кои се испишани едукативни пораки – Стоп за булингот, никој не заслужува да се чувствува безвредно и небезбедно.

На 13.11.2026 на градскиот пазар во Штип, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, заедно со полициски службеници од Полициска станица Штип, како и полициски службеници од Полициска станица Пробиштип одржаа неформални средби со повозрасни граѓани, предвидена со планот за проектни активности во областа на превенцијата за превенција од телефонски измами за сообраќајни незгоди. Целта на одржаните средби беше запознавање на пензионерите со безбедносните настани и случувања како постари лица се потенцијална мета на криминалците – измамници, како и давање упатства за постапување во случаи на наидување на такви настани и други кривични дела, забележувања на настани од безбедносен карактер и навремено информирање.

На 13.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Штип и Свети Николе реализираа едукативно предавање во СОУ „Коле Нехтенин“ во Штип и СОУ „Кочо Рацин“ во Свети Николе на учениците од прва година на тема „Сообраќајните правила и прописи и одговорност на учениците“, со цел да бидат запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, значењето на одредени сообраќајни знаци, а воедно им беше укажано и како правилно да се однесуваат како учесници во сообраќајот.

На 13.11.2026 полициски службеници од полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Кочани, Делчево и Берово во централно градско подрачје реализираа едукативна кампања под мотото „Не користи мобилен додека управуваш со моторно возило“ и „Ако пиеш не вози, ако возиш не пиј“, во непосредна комуникација со граѓаните пред се со возачите. На возачите им беа поделени летоци со корисни совети. Целта е подигнување на јавната свет кај граѓаните за побезбеден сообраќај.

На 13.11.2026 полициски службеници од полициска станица Берово во просториите на ОСУ „Ацо Русковски“ Берово реализираа превентивно-едукативна активност наменета за учениците, со цел подигнување на свеста за штетните последици од различните видови зависности. Во рамките на активноста се опфатени теми поврзани со зависноста од алкохол, тутун, наркотични средства, коцкање, како и прекумерна употреба на интернет и мобилни телефони. Посебен акцент беше ставен на влијанието на зависностите врз здравјето, психофизичкиот развој, образованието и социјалниот живот на младите.

Вчера 13.11.2026 во централно градско подрачје во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар реализираа едукативна кампања под мотото „Да се заштитиме од измами“. Граѓаните беа советувани за само заштита, од имотни деликти (разбојничка кражба, разбојништво, дрска кражба, џебни кражби, измами и други кривични дела), каде особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата пред се преку точно и брзо пријавување на бесплатниот телефонски број 112, при што им беа поделени летоци со едукативна содржина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари за дилови во четири очи

Мнозинството на ВМРО во Собранието ги изгласа криминалните измени на Законот за јавните набавки. 

СДСМ: Криминалната власт ги донесе криминалните измени на Законот за јавните набавки – за повеќе пари  за дилови во четири очи

Наместо поголема транспарентност и заштита на народните пари, власта уште пошироко отвори дополнителен простор за корупција и сомнителни зделки и дилови.

Во фокусот секако им се криминалните тендери.

Со криминалните измените сами на себе си овозможуваат набавки без тендер на драстично поголема сума до 25.000 евра за стоки и до 120.000 евра за градежни работи.

Тоа се повеќе пари за во четири очи, за криминални тендери без контрола и за свои партиски фирми.

Така повеќе народни пари ќе се трошат без отворена конкуренција, со поголем ризик договорите да завршуваат кај однапред избраните фирми.

Истовремено, се брише обврската воведена во 2019 година за задолжителна согласност од Бирото за јавни набавки за постапките со преговарање без објавување оглас.

Значи, ги зголемуваат износите за набавки без тендер, а ја отстрануваат контролната пречка за договорите во четири очи.

Ова се прави на штета на граѓаните и во интерес на бизнисите на Мицкоски, неговата Организирана криминална група и неговите сателити.

Дополнително, многукратно се зголемуваат надоместоците за поднесување жалби. Наместо фирмите да се охрабрат да пријавуваат неправилности, правната заштита им станува поскапа и потешко достапна. Особено се погодени малите компании.

Пораката на власта е јасна: функционерите полесно да договараат дилови во четири очи, фирмите потешко да се жалат.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, навреме предупреди дека овие измени отвораат простор за коруоција. Затоа СДСМ се спротивстави со над 2.000 амандмани.

Криминалната власт ги протурка криминалните измени на законот.

Народните пари за нив се партиска каса на ВМРО.

Криминална власт, криминални закони!

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) почна со дистрибуција до ветеринарните друштва на обезбедените 400.000 дози од вакцините против болеста сипсници кај овци и кози.

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва

Вакцините се од турско производство и обезбедени се како донација од Европската унија. Според очекувањата, согласно одбрениот План за вакцинација од ЕУ, од среда се очекува да почне и аплицирањето на вакцината на терен. АХВ ги доби резултатите од лабараториските тестирања на вакцината кои беа спроведени во лабораториите на Факултетот за ветеринарна медицина. Проверен и потврден е нивниот квалитет како една од најдобрите вакцини за заштита на добитокот од оваа болест, како и нивната микробиолошка исправност и јачина.

Со вакцинацијата ќе бидат опфатени 3.417 стада и 438.042 животни во осумте региони. Првата фаза ги опфаќа Вардарскиот, Источниот, Југоисточниот и Североисточниот регион каде се евидентирани 1.859 стада со 193.527 животни. Втората фаза ги опфаќа Југозападниот, Пелагонискиот, Полошиот и Скопскиот со 1.558 стада и 244.515 животни.

Со третата фаза ќе се изврши дополнителна вакцинација, за да се обезбеди највисок можен опфат на целната популација животни. Оваа фаза ќе вклучува јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација по завршување на првата и втората вакцинална фаза, животни чија вакцинација е привремено одложена поради клиничка состојба или ветеринарна проценка, бремени животни и животни во постпарталниот период за кои вакцинацијата е одложена по документирана проценка на ризик - бенефит. Со оваа фаза опфатени ќе бидат и фарми кои биле недостапни за време на почетната кампања за вакцинација, фарми каде што вакцинацијата е одложена поради сомнение за инфекција со болеста сипаници кај овци и кози, под услов надлежниот официјален ветеринар да ја одобрил вакцинација. Вакциналната кампања ќе опфаќа клинички здрави овци и кози од целната популација, јагниња и јариња кои ја достигнале минималната возраст за вакцинација, овци и кози кои не се исклучени од вакцинација во согласност со упатството за употреба на специфичниот ветеринарно медицински препарат, во согласност со карактеристиките на производот или упатството за употреба на специфичната вакцина. Гравидните, болните животни и другите категории животни ќе се третираат во согласност со упатството за употреба на вакцината.

Од почетокот на годинава досега АХВ има евидентирано 115 жаришта на болеста сипаници коај овци и кози. Во овој временски период угинати од болеста се 875 животни, а нештетно отстранети се 9359 животни.

Агенција за храна и ветеринарство

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер