Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС
2Мицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС
Хелен Мирен има 81 година и со децении вежба по 12 минути дневно- нејзината рутина нема врска со теретана
1Хелен Мирен има 81 година и со децении вежба по 12 минути дневно- нејзината рутина нема врска со теретана
КултураПромовирани избрани дела во десет тома од академик Блаже РистовскиИзбрани дела од академик Блаже Ристовски во десет тома беа промовирани денеска во Македонската академија на науките и уметностите, по повод 85 години од раѓањето на авторот и шест децении научно творештво.Издавач на изборот е „Матица македоска“, а објавен е со поддршка на Министерството за култура. Во десетте тома и над осум илјади страници, познатиот научник пишува за теми од македонската историја, литература, публицистика и македонскиот фолклор, за словенската писменост и христијанизацијата, државните формации во Македонија во средновековието, за преродбата и борбата за обнова на Охридската архиепископија... Ристовски е проучувач на македонскиот културно-национален развиток, на творештвото на македонските просветители, преродбеници, учебникари, собирачи на народни умотворби, на „стожерниците на македонската национална свест“, како што во поговорот кон изборот пишува неговиот уредник Раде Силјан. Ристовски со своите истражувања го афирмирал и Македонското научно-литературно другарство во Петербург... - Ова е прв избор од моето научно творештво и јас сум особено задоволен. Изборот содржи се што се однесува на појавата, развитокот и афирмацијата на македонската национална мисла и акција. Тука е националната историја, литеартурата, јазикот, фолклорот, етнографијата, балканската политика, македонската држава и развитокот на македонската свест, особено во 19-тиот и 20 век, до формирањето на македонската национална држава, изјави академик Ристовски. Македонија е млада држава, како и нејзината наука и затоа, рече тој, не можеме да кажеме дека се сме дознале и се знаеме. - Напротив, мислам дека и самите ние многу малку знаеме за себеси, а уште помалку знаат надвор од Македонија. Така што, тоа е и нашиот голем проблем, бидејќи навистина тоа што светот не ја знае вистината за нас имаме и многу проблеми, не само со соседите, туку воопшто. Како наука ние мора да ја афирмираме македонската вистина. Но врз реални основи, без занесувања, без некои романтичарски завеви, туку она што навистина претставува лик на Македонија и македонскиот народ во историскиот развиток, додаде Ристовски. Претседателот на МАНУ Владо Камбовски рече дека десетте тома може да се читаат како дело во продолженија и дека Ристовски ја проучувал, но во исто време и ја создавал македонската национална свест и култура. - Проникнувајќи во делото на Мисирков и Другарството, пред тоа - на македонската преродба, на текот и развојот на македонската култура и јазик, академик Ристовски фактички го втемели гледиштето за македонската нација како културна нација, која низ процесот на своето созревање помина низ фазата на јасно дефинирање на националната идеја, уште во делата на Мисирков и Другарството, за таа национална идеја да се преточи во идеја за ослободување, односно за државотворност, што резултираше со трите Илиндена. Затоа, неговото дело го сметаме за неодминлива лектира за секој што сака поблиску да навлезе и да се запознае со нашата национална културна историја, со развојот, битот на македонската нација и култура, рече Камбовски. Ристовски е автор на 70 одделни книги со над 36.000 страници и на повеќе од 1300 прилози во научни списанија. По повод двата јубилеја, покрај промоција на десеттомниот избор, во МАНУ беше отворена и изложба на негови трудови објавувани во изминатите 60 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУчениците во Берлин ги блокираа училиштата- не сакаат задолжителен воен рок (ВИДЕО)Студентите во Берлин ги блокираа влезовите на три средни училишта. Тие протестираа против евентуалното повторно воведување на задолжителен воен рок и побараа поголеми инвестиции во образованието. Десетици студенти се собраа рано наутро пред гимназијата Андреас во населбата Фридрихшајн, каде што го блокираа пристапот со канти за ѓубре. Тие носеа транспаренти со пораки како „Стоп на регрутацијата и кратењата во образованието“, „Образование, а не војна“ и „Помали класи“. Протестни акции беа одржани и пред гимназијата Лајбниц во Кројцберг, а дел од студентите организираа поворка во близина на училиштето Елен-Кеј-Шуле. Поддршка за протестите во Франција Иницијативата „Школски штрајк против регрутирање“ објави дека главната цел на акцијата е да се побараат поголеми средства за образовниот систем и да се спротивстават на плановите за враќање на задолжителната воена служба. Die Barrikade am Andreas-Gymnasium hält stand. Das Bündnis studentischer Organisationen, das sich vor allem gegen die Wehrpflicht und die Kriegswirtschaft richtet, befindet sich mit der Polizei in einer angespannten Ruhe. Die Beamten beobachten den Protest aufmerksam. Auf Transparenten und in Sprechchören heißt es: „Hundert Milliarden für Bildung und Soziales“, „Nicht unser Krieg, nicht unser Militär“ und „Freiheit für Palästina“. — junge Welt (@jungewelt) October 16, 2026 Протестите, исто така, покажуваат солидарност со големите студентски протести во Франција, што е истакнато на транспарентот „Солидарност со Франција“. Дејствијата од петок се продолжение на настаните од почетокот на неделата, кога во понеделник учениците од Француската гимназија во центарот на Берлин го блокираа своето училиште за да ги поддржат протестите во Франција.Тагови: Берлин воен рок Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Во недела излезете масовно и гласајте за Стојанчо Радичевски за да не дозволиме повторно да ни се случи СДС„Браќа и сестри, да не дозволиме разликите да бидат посилни од она што не поврзува, да не дозволиме разочарувањата да бидат поголеми од надежта и да не дозволиме минатото да ја зароби иднината. „Нема да не прашуваат колку политички противници сме победиле, туку колку проблеми сме решиле и нема да не паметат по функциите што сме ги имале, туку по делата што сме ги направиле“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ од завршниот митинг во општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори. Мицкоски упати порака до родителите да се сетат на минатите години на власт на СДС кога учебници за нивните деца во училиште немаше и кога наставниците беа принудени да им диктираат лекции, за разлика од сега во период на Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ кога сите учебници се доставуваат до училиштата уште пред почетокот на учебната година. „Сакам да упатам порака и до пензионерите. Сетете се кога пред неколку години пензијата се зголемуваше за 100, 150, 200 денари и денеска кога во овие 24,25 месеци од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, платата на работниците и пензијата на пензионерите се зголемуваше линеарно повеќе од 7.000 денари. Сетете се дека и тоа не е можеби доволно, но е многу повеќе од тоа што се случуваше претходно“, рече Мицкоски. Мојата порака вечерва, додаде Мицкоски, е и до земјоделците да се сетат кога власта предводена од СДС им должеше две годинишни програми, а денеска без ни малку срам и чувство на вина излегуваат во Собранието и предлагаат небулозни закони, закони коишто ниту тие коишто ги предлагаат не можат да ги разберат онака како што ги напишале. „И, додека тие мислат дека ние сме го изгубиле помнењето и дека не се сеќаваме за тоа што се случило, ние мораме да излеземе во недела масовно и да го заокружиме бројот 1 за Цоки и да им докажеме дека помниме и дека никогаш нема да дозволиме повторно тие да ни се случат“, порача Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Изборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакамеИзборите во Брвеница се порака за тоа каква држава сакаме, онаа каква нуди СДС полна со навреди и криминал или исправена Македонија, каква гради ВМРО-ДПМНЕ.„Сакам да ви кажам дека изборите во Брвеница се и порака за тоа во каква држава сакате да живееме. Онаа полна со навреди, криминал, подметнувања и свиткана кичма каква ја сакаат нашите противници, или Македонија во која ќе се бориме за секој човек, исправени и горди и достоинствени“, рече Христијан Мицкоски, премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот завршен митинг во општина Брвеница. Мицкоски посочи дека Брвеница има реални потреби за подобрување на инфраструктурата, за создавање подобри услови за локалната економија, за поддршка на земјоделците, за почиста животна средина и за подобри јавни услуги. „Но, пред сè, има потреба од институции што ќе бидат праведни и достапни. Брвеница ја има поддршката од Владата и со Стојанчо Радичевски, нашиот Цоки, ќе соработуваме за силна општина која ќе биде достапна за сите“, посочи Мицкоски. Додаде дека како претседател на Владата е свесен дека очекувањата на граѓаните се големи и дека ниту еден економски показател не значи доволно, ако неговото подобрување не се почувствува во семејниот буџет. „Можеме да зборуваме за раст на бруто-домашниот производ, за инвестиции, за нови работни места, за инфраструктура и за економски развој, но вистинската вредност на секој таков резултат се гледа во тоа дали едно семејство живее посигурно, дали млад човек добил достоинствена и добро платена работа и дали пензионерот може подостоинствено да ги помине своите години“, потенцираше Мицкоски. Економскиот развој, додаде Мицкоски, не е само бројка во статистички извештај, туку процес кој треба да создава реални можности и затоа Владата мора постојано да биде изложена на проверка. „Владата мора постојано да биде подложна на проверка, на критика и на барање одговорност и тука сакам да бидам јасен, не барам никој да верува во големи зборови без докази, ниту да прифаќа ветувања без резултати. Напротив, барам институциите да бидат оценувани според нивната работа, а политичарите според исполнувањето на преземените обврски. На Македонија не ѝ се потребни политички пресметки во кои најважно е кој кого ќе навреди, туку сериозна дебата за економијата, здравството, образованието, правдата, инфраструктурата и кој посилно ќе ги штити националните интереси“, посочи, меѓу другото, претседателот Мицкоски, се наведува во партиското соопштение. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter