Промовирани фондацијата и наградата именувани по Горан Стефановски - Канал 5

Промовирани фондацијата и наградата именувани по Горан Стефановски

На денот посветен на Горан Стефановски, во рамки на  58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, Факултетот за драмски уметности од Скопје во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“, ја промовираше фондацијата.

Промовирани фондацијата и наградата именувани по Горан Стефановски

На денот посветен на Горан Стефановски, во рамки на 58. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, Факултетот за драмски уметности од Скопје во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“, ја промовираше фондацијата што го носи неговото име, а Драмскиот театар од Скопје ја претстави штотуку востановената награда за драмски текст именувана по него, која ќе се доделува за најдобар драмски текст на млад автор до 30 години.

Сашо Кокаланов, продекан за настава при ФДУ во Скопје, образложи дека Стефановски секогаш бил тука да ги поддржи младите автори, да им биде „ветер во грб“ особено во почетната фаза.

- Прилично скоро се роди идејата да се направи фондација „Горан Стефановски“ за да се зачува сета онаа оставштина од нашиот драг професор. Не се само драми напишани на македонски, на англиски, не се само изведбите на тие драми, туку тоа е една драмска школа што треба да продолжи, драмска традиција што треба да се пресоздава. При разговор со професорот Унковски, дојдовме до заклучок дека најдобар начин за да се продолжи делото на Горан, е да се направи фондација. Благодарен сум на УКИМ „Свети Кирил и Методиј“ што веднаш ја препозна важноста на оваа идеја. Сакаме да ги објавиме сите негови драми во едно големо издание, сакаме да го дигитализираме целото творештво на Горан Стефановски, да биде достапно на повеќе светски јазици. Вториот сегмент се однесува на поддршката на младите автори. Фондацијата ќе го поддржува и формалното и неформалното образование кај младите драмски автори, ќе ги стипендира. Поддршка, финансиска, имаме веќе и од приватниот и бизнис секторот, рече Кокаланов.

Обраќање имаше и директорот на Фондацијата, режисерот Александар Поповски, кој рече дека е благодарен што е дел од оваа приказна.

- Токму затоа, ќе прочитам дел од она што е есенцијата од намерата за основањето на фондацијата. Дел е од она што Горан ни го пренесуваше и ни го раскажуваше. Велеше, „Сите живи суштества се раѓаат со инстинктот на преживувањето. Пајаците за да реживеат имаат совршен вроден инстинкт за ткаење мрежи. Луѓето за да преживеат имаат совршен вроден инстинкт за ткаење приказни, за тоа кои се, што се, од каде доаѓаат и каде одат. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се срж на нашиот живот, столб на нашиот идентитет. Идентитетот е приказна за тоа кои сме, што сме, што сакаме, за да можеме да преживееме во суровиот свет. Ова приказна мора да е точна, заснована на познавањето на теренот, на длабок увид. Погрешната приказна може скапо да нѐ чини. Да не одведе во заблуда, во ќорсокак....Ниедна култура не може да опстане без точна, силна, автентична приказна“, велеше Стефановски. Оваа навидум едноставна порака беше дел и од предавањата и од соработката со Горан. Настојуваше фантастичното, пребогато минато кое го имаме, на автентичен начин, да го носи во некаква иднина, рече Поповски.

Викторија Рангелова Петровска, директорка на Драмскиот театар од Скопје образложи зошто се востановува наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст.

- Оваа година, Драмски театар ја востановува наградата за најдобар драмски текст на млад автор до 30 години, награда што ќе го носи името на Горан Стефановски. Идејата е многу благородна и истовремено е оддавање должна почит на авторот кој, практично, направи голем успех и за себе, и за Драмски театар во периодот кога се изведуваа неговите текстови. Најголемите успеси на Драмски се врзуваат кога се изведуваа претстави според текстови на Стефановски и ние сме должни да му оддадеме почит. Одлуката да се доделува наградата е зашто најдобрите дела, почетоците на Горан Стефановски, се напишани на многу рана возраст: на 22, на 25, на 27 години. Им даваме поддршка на младите драмски автори да се реализираат и да го продолжат дејствувањето и да го продолжат континуитетот на македонската драматургија. За нас тоа е битно, зашто мислам дека младите автори се најпрогресивни, најотворени во делата што ги пишуваат, рече Рангелова Петровска.

Беше претставен и Самоглас со аудиодрами на Стефановски, а вечер од 18.30 часот ќе има презентација на филм за големиот автор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија и Германија сакаат да соработуваат на развој на нови борбени авиони

Италија објави дека целосно го поддржува учеството на Германија во Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP).

Италија и Германија сакаат да соработуваат на развој на нови борбени авиони

Италија објави дека целосно го поддржува учеството на Германија во Глобалната програма за борбено воздухопловство (GCAP), која има за цел да развие борбен авион од следната генерација, и ги отфрли медиумските извештаи дека Рим се обидел да го спречи Берлин да се приклучи.

Владата во соопштението изјави дека извештајот на „Фајненшл тајмс“ во кој се сугерира дека Италија се спротивставува на влезот на Германија е „целосно погрешен“ и не го одразува долгогодишниот став на Рим.

Соработка Берлин-Рим

Италија, исто така, нагласи дека отсекогаш била подготвена да ја прифати Германија во „GCAP“ и дека предложила Берлин првично да се приклучи само како набљудувач со цел да се олесни размената на информации и да се забрза патот кон полноправно членство.

Рим објасни дека целта на таков предлог е да се забрза вклучувањето на Германија, а воедно да се зачува временската рамка и напредокот на програмата, а не да се ограничи идната улога на Берлин.

Италија го повтори својот став на неодамнешната видеоконференција одржана како дел од „GCAP“, на која беа собрани трите земји-партнери, се вели во соопштението, додавајќи дека тие го гледаат учеството на Германија како „позитивна можност“. „GCAP“ ги обединува Италија, Обединетото Кралство и Јапонија, а целта е да се развие борбен авион од следната генерација до 2035 година, со индустриски активности предводени од „Leonardo“, „BAE Systems“ и јапонската „Mitsubishi Heavy Industries“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фолксваген од електричните возила сè уште заработува помалку отколку што би сакал

Фолксваген забележува зголемен интерес од европските купувачи за електрични автомобили, но сè уште не заработува толку колку што би сакал.

Фолксваген од електричните возила сè уште заработува помалку отколку што би сакал

Според податоците на групацијата Фолксваген, уделот на електричните автомобили во вкупните испораки на европскиот пазар се зголемил од 18 на 20 проценти во првите девет месеци од 2026 година. Само во текот на третиот квартал, испорачани се 209.100 електрични возила, што претставува раст од 19,6 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Дополнителен импулс се очекува од новата генерација на попристапни електрични модели. Така, семејството на градски електрични автомобили, кое го вклучува и новиот „ID. Polo“, според достапните извештаи, веќе собрало речиси 150.000 нарачки. Почетната цена на моделот „ID. Polo“ е околу 29.000 долари, што го прави важен адут за Фолксваген во борбата за поширок круг клиенти.

Повисоките цени на бензинот и дизелот, исто така, придонесуваат за растот на интересот, што го потврдија претставниците на компанијата. Сепак, големиот број нарачки не значи автоматски поголема профитабилност.

Финансискиот директор на групацијата „Фолксваген“, Арно Антиц, предупреди дека компанијата во моментов заработува помалку пари од електрични автомобили отколку од автомобили со мотори со внатрешно согорување. Според него, маржите на профит кај електричните модели се сè уште премногу ниски за да се направат долгорочни одржливи инвестиции во нивниот развој.

На тој начин, „Фолксваген“ се соочува со интересен парадокс: европските клиенти сè повеќе ги нарачуваат неговите електрични автомобили, но компанијата сè уште не успеала да го претвори овој раст во соодветна добивка. Способноста за зголемување на профитабилноста на електричните модели ќе биде еден од клучните предизвици за германскиот производител во наредните години.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тим

Москва нема да поставува услови за составот на европскиот преговарачки тим, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. „Не можеме и не сакаме да поставуваме услови за нивниот преговарачки тим.

Кремљ: Москва нема да поставува услови за европскиот преговарачки тим

Таквиот пристап е сосема погрешен“, рече Песков.

Европската унија веќе некое време дискутира за назначување на специјален пратеник за да се обезбеди директно европско претставување во идните мировни преговори. Песков, за потсетување, на 25 октомври изјави дека Русија ќе го поддржи назначувањето на преговарач на ЕУ, под услов пратеникот искрено да работи на постигнување мирно решение.

Неколку имиња

Финскиот претседател Александар Стуб и чешкиот претседател Петр Павел се споменуваат како можни кандидати. И покрај ова, Европската унија сè уште нема ниту договорен преговарач, ниту заеднички став за тоа кога треба да започнат директните преговори.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во саботата дека Европа мора да биде на преговарачката маса во следната рунда преговори заедно со САД, Украина и Русија. Тој исто така рече дека Украина очекува одлука од своите европски партнери за тоа кој ќе ја претставува Европа до крајот на ноември.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер