Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
2Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
КултураПромовирани две изданија на Институтот за национална историјаИ двете изданија се објавени минатата година, но промоцијата беше одложена поради ковид пандемијата. „Миграции, размена на знаења и академски култури во Европа и Црноморскиот регион до Првата Светска војна" и „Документи за Сојузната и за македонска служба за државна безбедност (1944-1989)" се двете изданија на Институтот за национална историја кои денеска беа промовирани во Музејот на македонска борба и самостојност во Скопје. Првата книга е издадена на англиски, а втората на македонски јазик. И двете изданија се објавени минатата година, но промоцијата беше одложена поради ковид пандемијата. Зборникот „Миграции, размена на знаења и академски култури во Европа и Црноморскиот регион до Првата Светска војна" е резултат на меѓународен проект од програмата „Horizon 2020". Директорот на Институтот за национална историја, Драги Ѓоргиев во своето обраќање на денешната промоција за ова издание посочи дека првиот збор од насловот на овој зборник гласи миграција, а миграциите, како што рече, се еден од основните феномени на човечката цивилизација кои во познатата историја постојано ги трансформираат различните аспекти на земјите и континентите како и расниот, етничкиот и јазичниот состав на нивните популации. Според него, миграциите имале трауматично влијание врз развојот на човечката историја и цивилизација. Миграциите, како што рече, може да бидат внатрешни, меѓународни, доброволни или присилни и можат да бидат придизвикани од најразлични причини и мотиви. Тој додаде дека миграциите отвораат и едно суштествено прашање кое е постојано присутно кога се случува овој феномен и тоа гласи што носат во својот куфер мигрантите. -Тоа прашање не е прашање од материјално значење, туку во неговото симболично и метафорчно значење на именката „куфер". Вистинскиот одговор на ова прашање би бил неверојатно е што носат мигрантите во своите куфери. Притоа, неверојатно треба да се сфати во неговата најпозетивна и најнеочекувана смисла, затоа што кај сите несреќи што ги содржат искуствата, резултатите од миграциите покажале дека мигрантите покрај другото, со себе носат и куфери полни со знаења, вештини со многу работи, ументички и градежни иксуства, тимски дух, љубов кон учењето, рече Ѓоргиев. Според него, овој зборник укажува дека мигрантите имале и ќе имаат потенцијал да пренесат важно експертско знаење и вештини, и можат да ги трансформираат начините на живот, однесувањата и поимите во однос на највжните сегменти на едно општество и заедница. Зборникот „Миграции, размена на знаења и академски култури во Европа и Црноморскиот регион до Првата Светска војна", како што напомена на денешната промоција проф. д-р Владимир Јанев, се состои од предговор и од 15 трудови кои обработуваат различни теми од историјата и историјата на уметноста. Како што рече, трудовите се таматски поделени во четири поглавја, а авторите на трудовите се од нашата држава, Австрија, Азербеџајн, Бугарија, Грузија, Руската Федерација и Украина. Редакторот на зборникот „Миграции, размена на знаења и академски култури во црноморскиот регион", Билјана Ристовска Јосифовска на промоцијата изрази надеж дека овие две книги бидат почеток на серија слични промоции и настани за презентирање на нивните резултати пред јавноста. -Како што успехот кој што го постигнуваше нашиот македонски тим во рамките на овој проект кој што е веќе завршен, е резултат на заедничката работа и заедничките истражувања, кои се исклучително интересни и од кои што допрва ќе има резултати кои ќе излегуваат. Во дел од проектот учествувавме 12 земји. Во рамките на овој проект се организираа голем број конференции, меѓу нив се организираше конференцијата во Скопје при што ни беше доверена одговорноста да редактираме едно издание со името на Институтот за национална историја, рече Ристовска Јосифовска. Како редактор, таа посочи дека е задоволна од изданието, и се надева ќе има добар одзив најмногу од научната јавност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Денес во Брвеница гласаат болните или немоќни лица и затвореницитеДенес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.Вкупно 88 болни или немоќни лица можат да гласаат за градоначалник на Брвеница. Своето право на глас може да го остварат и вкупно 9 лица кои се на издржување казна затвор. Гласањето на овие лица се спроведува во 3 казнено поправни установи на територија на Македонија, и тоа во градовите Скопје, Штип и Тетово. Државна изборна комисијаТагови: ДИК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗаврши експедицијата на „Врело“: Поставени три нови светски рекорди09:26Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Македонија„Жетва без нејзино име“ во Јуроп хаус Струмица: Разговор за руралните жени и нивниот невидлив трудНад 38.000 жени во Македонија се регистрирани како земјоделки, но многу од нив немаат еднаков пристап до финансиска сигурност, породилно отсуство, здравствено осигурување и социјална заштита. Овие предизвици беа во фокусот на вчерашната панел-дискусија „Жетва без нејзино име: Руралните жени и невидливиот труд“, одржана во Јуроп хаус Струмица. Настанот беше организиран како дел од кампањата „Носи ја промената“ (Wear the Change), иницирана од Делегацијата на Европската Унија и амбасадите на земјите членки на ЕУ, обединети во #TeamEurope, во рамки на националниот караван. Дискусијата отвори простор за разговор за системските и институционалните пречки, но и за предрасудите и нееднаквостите што го ограничуваат пристапот на жените во руралните средини до нивните права. Жените земјоделки учествуваат во производството на храна и руралната економија, а истовремено најчесто се грижат и за домот. Сепак, нивниот труд и придонес често остануваат надвор од формалните економски и институционални рамки. Посебно загрижувачки е пристапот до имот и земјиште: во 2021 година, само 4,1 процент од жените во руралните области биле евидентирани како сопственички на имот, додека на национално ниво земја поседуваат само 12 проценти од жените. Разговорот ги опфати причините за овие нееднаквости, вклучувајќи ги практиките поврзани со наследувањето. Иако ќерките имаат законско право да наследуваат, често се откажуваат од својот дел во корист на браќата. На тоа влијаат долгогодишни традиции и очекувањето дека по бракот ќерката ќе „припадне на друго семејство“. Во дискусијата учествуваа Вероника Јоана Чолка, заменик-шефица на мисијата на Амбасадата на Романија, Лејла Рајкова, застапничка за правата на руралните жени и локалното земјоделство, и Лилјана Јоновски, вонредна професорка на Факултетот во Кичево и експертка за вклучување на жените во јавниот живот, со фокус на руралните средини. Разговорот го модерираше Андреа Угриноска од „Тиииит! Инк.“ – Скопје. Панелистките ги разгледаа предизвиците со кои се соочуваат жените што живеат и работат во руралните средини, спроведувањето на законите и достапните механизми за поддршка. Беше отворена и перспективата на Романија, како земја со значително учество на работната сила во земјоделството, како и прашањето за улогата на Европската Унија во унапредувањето на правата на руралните жени. Во разговорот беа опфатени и општествените и културните пречки што опстојуваат покрај законските рамки, како и начините на кои институциите и заедниците можат да придонесат за еднакви можности. По панелот, во прашања и одговори се вклучи и публиката. Главната порака од дискусијата беше дека придонесот на жените земјоделки мора да биде препознаен и проследен со еднакви права и сигурност. Обезбедувањето пристап до имот, здравствено и социјално осигурување и права поврзани со работата е важен чекор кон поправедно и одржливо општество. Преку караванот „Носи ја промената“, Делегацијата на Европската Унија, амбасадите на земјите членки на ЕУ и мрежата на Јуроп хаус продолжуваат да отвораат јавни разговори за родовата еднаквост и правата на жените низ земјата.Тагови: Струмица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗаврши експедицијата на „Врело“: Поставени три нови светски рекорди09:26Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
МакедонијаМППС: Бараме итна акција за да се намали сиромаштијата и социјалната исклученост во земјатаОтворено писмо до владата на Македонија.Кога се соочуваме со сиромаштијата, солидарноста е отпор! На 17 октомври - меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, потсетуваме дека речиси 22% од граѓаните живеат под линијата на сиромаштија: 29,5% од децата живеат во сиромаштија; 38% од децата се наоѓаат во состојба на повеќедимензионална сиромаштија и живеат во услови ризични по здравјето, учењето, безбедноста и развојот на самото дете; 19% од домаќинствата со деца добиваат детски и семејни додатоци, во споредба со 88% во Европската Унија. Од оваа статисика, најпогодени се децата во многудетните семејства, самохраните родители и ромските семејства. Но сиромаштијата е тесно поврзана и со услугите за грижа за деца и стари лица кои се ограничени - 45,5% од децата на возраст од 3 до 6 години посетуваат градинка, додека кај децата Роми таа стапка е 17% (во ЕУ таа стапка е 95%), Недостигот од услуги за грижа особено ги погодува жените, кои извршуваат 72,5 % од неплатената домашна работа и грижата за децата, старите и изнемоштени лица, што ја ограничува нивната економска независност и придонесува повеќе од половина од жените во земјата да се неактивни на пазарот на труд. Во Северна Македонија, сиромаштијата останува долготрајна, структурна и системска реалност додека социјалната заштита е под сè поголем притисок, што резултира со срам и изолација. Недостигот од стратегија уште од 2020 година, и постојаното префрлање на одговорноста меѓу централната и локалната власт, создава длабок институционален вакуум. Граѓаните се без системска поддршка во борбата против сиромаштијата. Повикувајќи се на европските цели и стандарди, бараме итно отворање на широк и инклузивен дијалог кој ќе ги преточи барањата во политики за достоинствен живот за сиромашните. Секоја можност за вклучување на преживеаното искуство во креирањето на државните политики е важен чекор напред, додека ние, претставниците на граѓанското општество и локалните организации, заедно со лицата со искуство во борбата против сиромаштија и социјална исклученост го ставаме на располагање тоа знаење и искуство. Нашата цел и директно барање е итно донесување на сеопфатна Национална стратегија против сиромаштијата, по примерот на Европската стратегија против сиромаштија, со која Европската комисија постави јасна цел за целосно искоренување на сиромаштијата до 2050 година. Состојбата во државата налага потреба од дефинирање на стратешка рамка за следење на мултидимензионалноста на сиромаштијата низ целиот животен век. Во време на тешки социо-економски предизвици, несериозно е државата да имплементира парцијални мерки кои не го решаваат проблемот и да промовира социјална помош која го гази човековото достоинство. Наспроти тоа бараме да се прекине пренесувањето на сиромаштијата низ животниот век преку обезбедување системска поддршка во сите критични транзиции, од детство кон младост, од младост кон вработеност и од работен век кон пензија. Оттука, Македонската платформа против сиромаштијата, по повод 17 Октомври - Меѓународен ден за борба против сиромаштијата, ги упатува следните барања до Владата: Итно спроведување на Европската гаранција за децата, универзален детски додаток и мерки за превенција на детската сиромаштија; Вклучување на домувањето во социјалните политики, со фокус на домувањето како човеково право, превенција на бездомништво, достапно домување за младите, заштита на граѓаните од нереалните цени на пазарот и незаконските пракси на правните субјекти; Развој на услуги за ранливите категории на граѓани, вклучително и вложувања за зголемување на пристапот до градинки, социјални услуги за деца со попречност и услуги за грижа и нега за стари лица; Намалување на сиромаштијата помеѓу вработените преку соодветна и доследна имплементација на механизмите за заштита и надзор врз работничките права; Усвојување на политики кои ќе ги намалат плаќањата од џеб на граѓаните во здравството; Развој на мерки за справувањето со сиромаштијата и социјалната исклученост кај постарите лица преку флексибилни патеки за пензионирање и соодветност на пензиите, поддршка за активно стареење и ефективен пристап до висококвалитетни услуги за нега и насочени интервенции за социјална инклузија. Националната стратегија против сиромаштија не може и не смее да биде уште еден документ без буџет и скриен во фиока. Таа треба да е документ од стратешко значење на Владата и институциите, кој ќе води кон структурно и системско искоренување на сиромаштијата и мора да е донесен инклузивно и транспарентно преку механизам за учество и следење од страна на граѓанските организации. Одбележувањето на 17 Октомври - Меѓународен ден за борба против сиромаштијата и реалната состојба на граѓаните се повод институциите да преземат одговорност за справување со сиромаштијата, заштита на правата, обезбедување соодветна социјална заштита и зачувување на достоинството на сите граѓани. Со поврзување на преживеаните искуства на луѓето со колективното дејствување и политичкото одлучување, можеме да изградиме општество во кое секој има моќ да учествува и каде што никој нема да биде изоставен. Конечно, НАМАЛУВАЊЕТО НА СИРОМАШТИЈАТА Е ПОЛИТИЧКА ОДЛУКА и директно зависи од креирање и имплементирање на соодветни, сеопфатни и достоинствени политики, кои не ја третираат сиромаштијата како случајност или личен неуспех, туку како системски проблем што може и мора да се реши! Во солидарност, Македонска платформа против сиромаштијата (МППС) – Сојуз на здруженија на граѓани со повеќе од 50 членови Мрежи, сојузи и коалиции: Родова платформа Коалиција МАРГИНИ Скопје Мрежа за заштита од дискриминација Мрежа на даватели на социјални услуги Национален младински совет на Македонија Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство Платформа за одржливост на сервисите за превенција и поддршка за ХИВ Мрежа ИнклузиваМ Организации кои не се дел од горенаведените мрежи: Здружение за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта“ Скопје Здружение на граѓани за промовирање и зачувување на културните и духовните вредности – Легис Скопје Здружение за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје Здружение на граѓани Еврохаб агенда МППСТагови: МППС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗаврши експедицијата на „Врело“: Поставени три нови светски рекорди09:26Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11