3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
КултураПромовирани 50 нови наслови од едицијата „Светско книжевно богатство“Педесет нови наслови од капиталната едиција „Светско книжевно богатство“ на Министерството за култура беа промовирани вечерва со што бројот на промовирани дела од оваа едиција се заокружува на 103 книги од предвидените 316 изданија.- Ова е едиција која ги поврзува и ги обединува на едно место светските книжевни вредности кои низ децениите наназад ги освоија најпрестижните книжевни награди, дела кои досега, во најголем дел не беа преведени на македонски јазик и не и беа достапни на нашата читателска јавност, рече на промоцијата министерката за култура Елизабета Канческа Милевска. Педесетте нови наслови, посочи, се исклучително вредни изданија, пет дела се закитени со Букеровата награда, девет со Пулицеровата награда, 13 се книги на автори добитници на наградата Гонкур, пет на признанието Стрега, шест лауерати на руската Букерова награда, четири добитници на Сервантес наградата, седум на признанието Ханс Кристијан Андерсон... На македонски јазик на културната јавност, како што рече, ќе и бидат достапни делата „Се бара одговор“ на Перси Хауард Њуби, „Заслепен убиен“ од Маргарет Етвуд, „Море“ на Џон Банвал, Финклеровото прашање“ на Хауард Џекобсон, „Ќерката на оптимистот“ од Јудора Велти, „Олива Кетриџ“ од Елизабет Строут, „Добра земја“ од Перл Бак, „Бојата на пурпурот“ на Алис Волкер... Во новата едиција се и дела од француската национална литература, како „Ана Марија“ на Лисијен бодар“, „Билет во еден правец“ на Дидије Ван Коелер,„Мешаните води“ на Роже Икор, „Песочни куфери“ на Ана Лангфус, како и изданијата на италијанските писатели „Студени ѕвезди“ на Гвидо Пјовене“, „Најдобар живот“ на Фулвио Томиза, „Татковата куќа“ на Џорџо Монтефоски, како и дела на врвни романсиери и раскажувачи како што се Ернесто Сабато, Франсиско Ајала, Алваро Мутис. Достапни пред македонската читателска публика се и книги на Марија Грипе, Скот Одел, Ури Орлев, делото „Портрет на мајка ми како млада жена“ на Фридрих Кристијан Делиус, добитник на наградата „Бихнер“. - Уверена сум дека овие изданија кои се создавани низ разните меридијани и времиња, овие книги со сензационален број на продадени примероци, со милиони читатели ширум светот, ќе бидат голем предизвик и за нашата културна јавност, рече министерката за култура. Промоторот на новите изданија, академик Митко Маџунков, истакна дека едицијата „Светско книжевно богатство“ исто како и „Ѕвездите на светската книжевност“ го претставуваат најдоброто во светската книжевност, ја запознаваат јавноста со книжевните стандарди во современата светска книжевност и истовремено се насочени кон афирмација на македонскиот книжевен јазик. Според Маџунков, книжевната вредност на едицијата „Светско книжевно богатсво“ не може да се мери со едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“, но сепак е многу висока. - Меѓу нив има бестселери, книги според кои се снимени серии или значајни филмови, дела кои пленат со својата стилска и јазична свежина, но и многу други рпрезерентатовни остварувања на современата светска книжевност од кои некои се вистинско ремек дел, рече Маџунков. Двете едиции, потенцира, моментно ја содржат најпрочистената база на податоци за употребата на македонскиот книжевен јазик, што ќе биде од голема помош при изработка на речници, толковници, правописи. Заштитата на книжевниот јазик, порача промоторот, е алфа и омега на духовниот опстанок на секој народ. Владата на РМ, како и Министерството за култура, наведе Маџунков, се за пофалба поради нивната постојана грижа во Македонија да се испечатат што повеќе книги, како највидлив показ на нашиот духовен хоризонт. - Македонската култура и кога се во прашање преводите и кога е во прашање оригналното творештво не може да опстане сама на пазарот. Нејзе и е потребна помошта на државата. Државата е таа која најмногу треба да се грижи и за македонскиот книжевен јазик, рече Маџунков додавајќи дека е потребен подобар закон за заштита на книжевниот јазик, нов, избалансиран систем на лектири, подобра дистрибуција и ширење на книгата.... На промоцијата на новите наслови од едицијата „Светско книжевно богатство присуствуваа министерот за финансии Кирил Миновски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, како и автори, преведеувачи, лектори, издавачи..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители Во нашата редакција се обрати Скендер Мехмет од Кисела вода, кој во име на станарите тврди дека во два влеза од нивната зграда нема парно греење. Писмото ви го пренесуваме во целост: „Ви се обраќаме како очајни, револтирани и крајно разочарани граѓани, кои повеќе од 24 часа се оставени без парно греење, без конкретно објаснување и без никаква информација кога проблемот ќе биде решен. Од вчера, 07.11.2026 година, пред 09:00 часот, становите со броеви 17, 18, 19, 20 и 21 во влез 1 и истите станови во влез 2, на ул. Локов бр. 5 во Скопје, Кисела Вода, немаат парно греење. Во зградата живеат мали деца, повозрасни и болни лица, семејства кои се принудени да престојуваат во студени станови. Дел од нас веќе се разболени, а ситуацијата станува сè понеподнослива. ДАЛИ ВО 2026 ГОДИНА Е НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВА ДА БИДАТ ОСТАВЕНИ БЕЗ ГРЕЕЊЕ СРЕДЕ ГРЕЈНА СЕЗОНА?! Од вчера досега, станарите имаат направено повеќе од 20 телефонски пријави. На секоја пријава го добиваме истиот одговор: „Ќе биде постапено во најбрз можен рок.“ Поминаа повеќе од 24 часа, а тој „најбрз можен рок“ очигледно нема крај! Никој не ни кажува што е проблемот, дали воопшто некој работи на негово решавање и уште колку време треба да поминеме во студени домови. Се чувствуваме целосно игнорирани и оставени сами на себе! Токму затоа, во овој мејл ги вклучуваме и медиумите. ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ВЕ МОЛИМЕ ЗА ПОМОШ! Ве замолуваме да ја објавите нашата ситуација, да побарате одговори од надлежните и да ни помогнете нашиот глас конечно да биде слушнат. Не бараме ништо повеќе од основни услови за нормален живот. Не бараме привилегии. Бараме греење во сопствените домови, услуга за која редовно плаќаме! Жално е што сме доведени во ситуација да молиме медиуми за помош за нешто што треба да биде најнормална обврска на надлежните служби. До надлежните: Колку пријави се потребни за конечно да реагирате? Колку часа треба да поминат? Дали треба нечија здравствена состојба сериозно да се влоши за да ја сфатите ситуацијата сериозно? Бараме ИТНО воспоставување на греењето, јавно објаснување за прекинот и конкретен одговор кога проблемот ќе биде решен. Апелираме до медиумите да не го игнорираат овој повик. Очајни сме, изморени од празни ветувања и немаме намера повеќе да молчиме!“ Загрижени станари од ул. Локов бр. 5, Скопје Влез 1 и влез 2 Скендер МехметКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државатаСДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем. Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата. Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени. Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат. СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења. Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24. Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан. Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница. Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter