КултураПромовирана збирката раскази „Николај (фикција.вода.вистина)“Во спомен домот на Браќата Миладиновци во Струга синоќа беше промовирана збирката раскази „Николај (фикција.вода.вистина)“ од авторите Димитрие Дурацовски, Зоран Ковачески, Мерсиха Исмајлоска, Мите Стефоски, Ненад Јолдески и Никола Кукунеш, во издание на ПНВ Публикции.Промоцијата беше во организација на музејот „Доктор Никола Незлобински“ во рамките на одбележувањето на Меѓународниот ден на музеите – 18 мај. Книгата е составена од шест раскази за струшкиот лекар Николај, кој го спасил градот од маларија и неговата сопруга Софија. Според Мите Стефоски, кој е еден од авторите, направен е еден литературен омаж на Николај и неговата дејност како лекар, но и другите активности на брачниот пар поврзани со Струга. Расказите, додаде, комплементарно еден на друг во една чудна постмодернистичка игра се надополнуват и се преплетуваат. - Книгата е необичен литературен експеримент, редок во книжевноста каде неколкумина автори на слична тема се обидуваат да пријдат со различни литерални постапки и различни обработки на она што е земено како појдовна точка. Токму во тоа лежи нејзината вредност, бидејќи не само како постмодернистички експеримент, кој независно од литералните вредности има место во историјата на македонската литература по тоа што досега колку што ми е познато не постои ваков литерарен експеримент направен на два вистински историски лика и времето кое е одсликано и во расказите, појасни Стефоски Незлобински, посочи, е дел од културната историја на Струга не само заради собирањето експонати со кои го основал првиот Природонаучен музеј на Балканот, туку и за собирање други етнолошки материјали и фотографии со кои е зачувано едно време од 20-те години од минатиот век. Идејата, како што истакна Ненад Јолдески, еден од иницијаторите за создавање на книгата и автор на расказ, меѓу другото била после речиси еден век да им се возврати на Никола Незлобински и неговата сопруга, кои ја култивирале Струга. - После речиси еден век сакавме да му возвратиме на човекот кој толку многу направил за градот. Изградил бањи, првото спортско игралиште, првиот Природонаучен музеј, го извлекол градот од маларија... Идејата беше да се направи метафикција, една книжевна интервенција во историјата која ќе послужи како лост, рече Јолдески. Струшкиот музеј „Др. Никола Незлобински“ за посетителите е отворен од вторник до недела од 1 мај до 1 октомври. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Црна хроникаУапсен е 62- годишен педофил од тетовско, кој силувал дете помало од 15 години Лишено од слобода лице од тетовско поради сомнение за силување на дете кое не наполнило 15 години, следува соодветна пријава.На 25.09.2026 во 21:45 часот, по претходно објавено видео на социјалните мрежи, во Полициската станица Тетово сам се пријавил Р.Н.(62) од тетовско село. По насоки на јавен обвинител од ОЈО Тетово, лицето е лишено од слобода поради основано сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и целосно расчистување и документирање на случајот, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЕвропаИздрогиран возач влета меѓу учесници на протестен марш во Франција- имал причина (ВИДЕО)Триесет и седумгодишен маж со автомобилот удрил во толпа демонстранти во Клермон-Феран, Франција, при што повредил четири лица, соопшти обвинителството за BFM TV.- Во оваа фаза од истрагата не се пронајдени докази за напад, а повредите што ги здобиле повредените се чинат полесни - изјави обвинителот Ерик Серфас. Инцидентот се случил денес околу 11 часот, а според обвинителството, возачот очигледно бил нетрпелив поради бавниот сообраќај и сакал насилно да се пробие и покрај присуството на голем број пешаци кои учествувале во мирниот протест. Une voiture fonce sur le cortège : quatre blessés et une garde à vue à la marche pour le climat, le vivant, la paix et la justice sociale organisée ce samedi 26 septembre à Clermont-Ferrand. ➡️ https://t.co/PXP4jTIBox https://t.co/NM3CNALvHb — La Montagne (@lamontagne_fr) September 26, 2026 Мажот бил веднаш уапсен и приведен за „вооружено насилство“, а бил и тестиран за дрога. CLERMONT-FERRAND : Un individu a foncé sur la foule avec sa voiture lors de la marche pour le climat, faisait cinq blessés. Le conducteur, sous l'emprise de stupéfiant, a été interpellé (procureur de la république / La Montagne). https://t.co/sWLkuBWQZc — Infos Françaises (@InfosFrancaises) September 26, 2026 Обвинителството не прецизираше за која дрога станува збор.Тагови: Франција возач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЕвропаНад 700.000 верници во Париз присуствуваа на мисата на папата Лав XIV, Макрон не дојде Папата Лав XIV денес служеше миса на Плоштадот Конкорд во Париз пред околу 700.000 верници, за време на вториот ден од неговата посета на Франција.Мисата на отворено започна кратко по 15 часот, откако Папата помина низ Шанзелизе, каде што беше пречекан од голем број верници. Забележливо беше отстуството на францускиот претседател Емануел Макрон на овој настан. Лав XIV пристигна на Плоштадот Конкорд по 40-минутно возење и благословување на верниците по Шанзелизе, а организаторите претходно изјавија дека неколку стотици илјади луѓе се собрале во областа околу плоштадот и по должината на авенијата. Изведбата на свечената химна „Слава“ на самиот почеток на мисата привлече особено внимание, и покрај фактот дека, според литургиското правило, таа се пее само во неделите и за време на големите празници, пренесува Фигаро. Свештеникот Антоан Бариер од заедницата Свети Мартин објасни дека „во одредени прилики, за да се нагласи свеченоста, може да се додаде и Слава“. За време на мисата, папата Лав XIV носел палиум во грчка форма, на кој се наоѓаат пет крста на Христос. Исто така, прикажува игли што ги симболизираат ноктите на Христос. Литургиските одежди, исто така, прикажуваат лисја што „никогаш не венеат“, како потсетник на темите од животот и изворите дискутирани во литургиските текстови. Проповедта на папата Лав XIV се одржа на француски јазик, како и неговите говори за време на претходниот дел од неговата посета на Франција. Мисата на Плоштадот Конкорд е централниот настан на вториот ден од посетата на папата на Франција и првата папска посета на Париз од посетата на папата Бенедикт XVI во 2008 година. Пред почетокот на мисата, речиси 1.000 пејачи од 34 хорови од регионот Ил де Франс изведоа литании посветени на Дева Марија. По мисата, папата Лав XIV треба да го напушти Париз и да се упати кон аеродромот Орли, од каде што е планиран лет до Лурд, следната дестинација на неговата посета на Франција.Тагови: Папата Париз Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter