Промовирана „Збирката поезија“ од проектот „Млади поети“ - Канал 5

Промовирана „Збирката поезија“ од проектот „Млади поети“

Агенцијата за млади и спорт денеска во НУБ „Св. Климент Охридски“ ја промовираше збирката поезија од проектот „Млади поети“ во која се објавени сите песни кои учествувале на конкурсот.

Промовирана „Збирката поезија“ од проектот „Млади поети“
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески во својот поздравен говор на младите поети им посака успех во пишувањето на поезија и им честита за тоа што се дел од, како што кажа, развојот на македонската поезија и културно творешво.

- Ова е еден од новите проекти на Агенцијата со кој сакаме да ги стимулираме младите луѓе до 29 години да пишуваат поезија и на тој начин да придонесуваат во богатата исконска ризница на македонското културно творештво. Особено ми е драго што во почетокот на месец септември кога го објавивме првиот оглас за збирката поезија имавме огромен интерес, истакна Спасески.

Потсети дека на конкурсот учествувале вкупно 86 затворени пликоа од повеќе од 70 автори, а во дел од ковертите имало и повеќе од една творба. Најави дека и наредната година Агенцијата ќе го спроведе проектот за кој очекува поголема заинтересираност од младите поети.

Членот на комисијата за избор на најдобра песна, Миле Поречаниц, појасни дека најчеста тема на пишување кај младите поетите била копнежот по љубената или саканиот, но во помал број имало и патриотски песни.

Првонаградена творба на конкурсот „Млади поети“ беше песната „Потрага“ на Андријана Коровешовска. Втората награда ја доби песната „Јулска Секвенца“ на Антоанета Ристевска, а третонаградена беше „Сведок“ на Мартин Каровски. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Спасено мече фатено во стапица на планината Јакупица

На планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. 

Спасено мече фатено во стапица  на планината Јакупица

Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес.

Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла.

Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар.

Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово.

Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата  за лечење на пациентите за наредните две години.

Заболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите

Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Ќофтиња од компир и туна

Во понеделник (12.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Дамјан Стојаноски.

„Гответе со Дракче“ - Ќофтиња од компир и туна

Состојки за денешниот рецепт:

3 компири

3 јајца

1 главица кромид

половина морков

половина страк праз

1 голема конзерва туна

3 - 4 чешниња лук

половина китка копар или магдонос

5 лажици лебни трошки

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

шери домати

млади кромитчиња

соја сос

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер