Промовирана поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на ЕУРО2020 - Канал 5

Промовирана поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на ЕУРО2020

 Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на Европско првенство во фудбал 2020 промовираше денеска АД Пошта на Македонија.

Промовирана поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на ЕУРО2020

На промоцијата, која се одржа во просториите на Дирекцијата на АД „Пошта на Македонија" – Скопје, генералниот директор Јани Макрадули порача дека со оваа поштенска марка сакаат да се заблагодарат на репрезентатиците за успехот и радоста што ја приредија на сите нас.

– Марката е со номинална вредност од 181 денар и изработена во 6 000 примероци. Поради ковид мерките, иако бевме договорени, денеска, за жал со нас не се селекторот и играчите, изјави Макрадули.

Ова е скромен придонес од нас за сите фудбалски репрезентативци, посочи Макрадули и им посака успех на првенството.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, порача дека нашите фудбалски херои го заслужуваат ваквиот гест и поштенска марка во нивна чест.

– Се надевам дека до почетокот на отворањето на ЕП ќе собереме сили што повеќе граѓани да присуствуваат на трибините во Букурешт. Како спортист знам дека не е исто, да се игра со полни и пред празни трибини, изјави Мојсоски.

Mакедонската фудбалска репрезентација обезбеди прв историски настап на ЕУРО2020, што од 11 јуни до 11 јули ќе се одржи во повеќе градови низ Европа.

Македонските фудбалери својот прв натпревар на Европското првенство го играат на 13 јуни во Букурешт против Австрија, по што следат пресметките со Украина и Холандија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во Њујорк на говорот на Руте по повод 25- годишнината од нападите на 11 септември

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Њујорк присуствуваше на говорот на генералниот секретар на НАТО Марк Руте по повод 11 септември.

Мицкоски во Њујорк на говорот на Руте по повод 25- годишнината од нападите на 11 септември

Говор на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по повод одбележувањето на 25 години од нападите на 11 септември 2001 година врз Соединетите Американски Држави и првата и единствена примена на членот 5 од Северноатлантскиот договор (НАТО), објави на ФБ премиерот Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хаос во Боливија: Голман не сака да брани пенал (ВИДЕО)

Неверојатни сцени се видени на натпреварот од Купот на Боливија помеѓу Атлетико Индепендиенте Кочабама и Вилстерман Кооператива.

Хаос во Боливија: Голман не сака да брани пенал (ВИДЕО)

При нерешен резултат 2-2 во судиското продолжение, домашниот тим притискаше силно, но аргентинскиот голман на гостинскиот тим успеа да го спаси својот гол со три спектакуларни одбрани.

Сепак, и покрај ова, главниот судија Карлос Артеага досуди пенал за Индепендиенте, по што на теренот избувна општа врева. Следеше пауза од речиси дваесет минути, за време на која револтираните гости протестираа и го убедија судијата да ја промени својата одлука, но тој остана непомирлив.

Потоа во центарот на вниманието се најде голманот на Вилстерман, Густаво Тесоноте, кој одлучи да го бојкотира изведувањето на најстрогиот пенал во знак на протест. Неговиот револт се манифестираше со прво свртување на грбот кон теренот, а потоа ноншалантно потпирање на стативата, мирно гледајќи го Ернест Адири како постигнува гол и му носи триумф на домашниот тим.

Овој необичен инцидент брзо стана вирален на интернет, алармирајќи ја Боливиската фудбалска федерација и локалната судиска организација да преземат итни мерки. Подоцнежната анализа потврди дека нема прекршок што заслужува највисока казна, што резултираше со суспензија на судијата на неодредено време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре врнежливо и постудено време со температури од 4 до 23 степени

Утре времето ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта, информираат од УХМР.

Утре врнежливо и постудено време со температури од 4 до 23 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во оС)

11 Попова Шапка, 14 Крушево, 18 Берово, 19 Претор, Маврови Анови, 20 Крива Паланка, Прилеп, 21 Охрид, Битола, Виница, 22 Тетово, Штип, 23 Кавадарци, 24 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, Струмица, 25 Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Утрото беше ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од западен и северозападен правец.

Во вечерните часови облачноста постепено ќе се зголемува и во текот на ноќта ќе преовладува облачно време. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Облачно и постудено со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта. Врнежите наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје, облачно и постудено. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат со умерен до повремено засилен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 18 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во сабота ќе се задржи постудено време, а претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Потоа следува период на променливо облачно и потопло време со сончеви периоди. Наместа ќе има зголемена облачност и услови за повремен дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер