Промовирана поштенска марка „Кедев – 14 највисоки врвови“ - Канал 5

Промовирана поштенска марка „Кедев – 14 највисоки врвови“

Во Порта Македонија попладнево беше промовирана поштенската марка „Кедев – 14 највисоки врвови“, издание на АД Пошта – Скопје, посветена на македонскиот кардиолог, доктор на медицински науки и алпинист д-р Сашко Кедев.

Промовирана поштенска марка „Кедев – 14 највисоки врвови“

Во јули минатата година, Кедев стана првиот Македонец и единствен во поширокиот регион кој ги искачил сите 14 светски врвови над 8.000 метри, откако успешно го освои Гашербрум i висок 8.080 метри во Пакистан.

Со овој исклучителен подвиг, како и со претходното освојување на највисоките врвови на сите седум континенти, Кедев се вброи меѓу светската алпинистичка елита.

За неговите достигнувања во медицината и алпинизмот, тој е добитник и на високото државно одликување орден „8 септември“.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Супер вторник“ за проширувањето на ЕУ - четири меѓувладини конференции во еден ден

„Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. 

„Супер вторник“ за проширувањето на ЕУ - четири меѓувладини конференции во еден ден

„Супер вторник„ за проширувањето на Европската Унија – вака во Брисел го опишаа оддржувањето на дури четири меѓувладини пристапни конференции во еден ист ден, што според ресорната еврокомесарка Марта Кос се случува прв пат по 24 години. Од четирите водечки кандидатки - Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија, Црна Гора е апсолутниот првенец, додека Украина постигнала голем напредок во последните два месеци, оценија Кос и министерот за европски прашања на Ирска, Томас Бирн, чија земја е актуелен претседавач со Унијата.

-Со нашите предводници - Молдавија и Украина, ќе го отвориме кластерот 6. Се однесува на надворешните односи на двете земји. Исто така, станува збор за соработка во одбраната и справувањето со хибридните закани. Двете земји ќе придонесат кон европската безбедносна структура. Ова е пресвртница за Албанија со почетокот на затворањето на поглавјата и секако за нашиот фаворит, првенецот Црна Гора, со денес уште едно затворање на две поглавја вкупно 18 од 33, што значи повеќе од половина,- - Марта Кос Еврокомесарка за проширување.

Овој „Супер вторник„ е знак до земјите кандидатки дека Унијата е подготвена за проширување, изјави ирскиот министер – Томас Бирн. Тој како и Кос порачаа дека проширувањето останува меритократски процес.

-Самиот денешен ден „Супер вторник„ како што го нарекуваме - најмногу конференции за пристапување од 2002 година, само по себе гради импулс што луѓето ќе го видат во земјите-пристапнички дека постои Европска Унија. Дека земјите-членки се подготвени да го движат тој процес напред, подготвени да го остварат, и дека нашите земји-членки и нивните системи почнуваат да се подготвуваат со уште поголема итност отколку што веќе покажаа во овој процес. Затоа мислам дека ќе продолжиме да го движиме ова напред,- -Томас Бирн, министер за европски прашања и одбрана на Ирска.

Иако соседна Србија не доби зелено светло од Брисел за отворање на третиот кластер, според еврокомесарката Кос, Белград испраќа сигнал дека е подготвен за поголемо стратешко усогласување со Унијата. Неколку земји членки се против напредокот на Белград, поради невоведувањето санкции кон Русија и заостанување во владеењето на правото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Државниот инспекторат за транспорт доби нови возила и опрема вредни 700.000 евра

Осумнаесет нови возила, донација од ЕУ, беа промовирани денеска, а кои се за потребите на државниот инспекторат за транспорт.

Државниот инспекторат за транспорт доби нови возила и опрема вредни 700.000 евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски истакна дека Државниот инспекторат за транспорт со ова добива комплетно нова димензија, посочувајќи дека сега вработените ќе може да ги има на секоја точка од државата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уставен одговори на протестот на ДУИ за преименуваните улици во Тетово

Груба политизација со апрсурдни и бесмислени напади упатени кон Уставниот суд...

Уставен одговори на протестот на ДУИ за преименуваните улици во Тетово

Вака првиот човек на Уставен Дарко Костадиновски го оцени протестот организиран од ДУИ поради преименувањето на улиците во Тетово, кои беа укинати со одлука на судот. Порача дека ваквите протести се насочени против владеењето на правото, а нападите од партиите за работата на судот кои како што посочи Костадиновски траат од почетокот на неговиот мандат ги смета за комплименти и смета дека тие се доказ дека Уставен добро си ја врши работата. Порача дека судот ја донел одлуката во во законски пропишана постапка.

Уставниот суд како што најави Костадиновски наскоро ќе постапува по иницијативата за намалените плати на јавните обвинители. Според него нивните примања треба да бидат усогласени со нивниот статус, обврски и должности. За ниската доверба во правосудството Костадиновски прстот го впери во дел од обвинителите и судиите но и во извршната власт и нејзината супериорна надмоќ на над другите власти, како и во ниската политичка култура.

За начините на зајакнување на довербата во правосудството ќе се разовара и на меѓународна конференција на Балканскиот форум на уставни судии со кој во измнатата година претседава македонскиот уставен суд, а на која ќе бидат споделени искуствата авта од над 30 уставни судови. Конференцијата ќе се одржи од 12 до 14 ноември во Охрид.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер