3Издаден налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа
КултураПромовирана монографијата „Соборните храмови во Македонија од времето на преродбата“Kолор-монографија „Соборните храмови во Македонија од времето на преродбата“ од проф.д-р Димитар Ќорнаков, долгогодишен истражувач на богатото културно наследство на Македонија е промовирана денеска во мултимедијалниот центар „Матица екслузив“.На претставувањето на монографијата проф.д-р Ратомир Грозданоски рече дека соборните храмови се македонски предобраз на слободата, која во нив е вградена и во нив е изразена. - Храмот е симбол на слобода, парче слобода и место на слободата. Залог за нов век. А, во кое време се градени тие храмови и со каква убавина се изградени, претставува чудо и сведоштво за големината на духот на овој народ, кој бил во ропство. Градевме и потоа, и во слобода – и денес градиме, но нив не ги достигнавме – не ги надминавме. Поубави цркви не подигнавме. Поубави градби не изѕидавме, истакна Грозданоски. Македонскиот народ, посочи тој, во соборните храмови ги соѕидал убавините од својата душа и убавините од својата земја. - Никаде не е поубав македонскиот камен од вградениот в црква и в манастир. Таму нашиот камен ја добива целата своја убавина и украс. А, така е и со дрвото, и со песокот, и со земјата, и со калта, и со сламата, и со варта и со боите. Сè е наше и сè е овдешно. Секој соборен храм во Македонија е со убавина на Соломоновиот храм, рече Грозданоски. Потенцира дека тие соломоновски убавини ќе може секој нашинец и секој туѓинец да ги види, да се воодушеви и да се насладува на нивното велелепие, сега збрани на едно место, во изданието на прекрасната монографија за нив, напишана од д-р Димитар Ќорнаков. - Почитуваниот автор е богослов и историчар на уметноста, а кај нас значи за ненадминат зналец во оваа област. Неговиот приод е научен, а изразот му е јасен. Оваа преубава книга најтопло ја препорачувам на читателската публика, а таа е лесно четиво и разбирлива за секого, додаде Грозданоски. Авторот Ќорнаков рече дека досега не е објавена книга за соборните храмови во Македонија од времето на преродбата и оти сите храмови од тој период заслужуваат внимание. - Тие храмови содржат богати уметнички дела на наши зографи, копаничари, архитекти од времето на преродбата. Во монографијата говорам и за духовните наши водители. Тие се првите наши дејци кои се движеа и го побудуваа македонскиот народ, го обединуваа и во таа смисла се градеа големи цркви каде се собираше народот и го празнуваше она што порано не беше дозволено, истакна Ќорнаков. Имаме, посочи тој, голем број соборни цркви во градовите. - Во книгата се поместени 14 соборни храмови, но ги опфаќаат градовите почнувајќи од Скопје, Велес, Битола, Прилеп, нашите манастири - Осоговскиот и Пречиста Кичевска, Куманово итн. Главните центри на Македонија во тоа време биле жариште на таква една обнова и изградба на соборни храмови. Сакав сите тие објекти, сите тие вредности да ги сместам во една книга која мислам дека ќе побуди интерес кај нашиот народ, додаде Ќорнаков. Димитар Ќорнаков (Стојаково, 1927) е автор на повеќе монографски дела за културното наследство во македонските манастири и за своето творештво е добитник на бројни општествени признанија и награди, меѓу кои и на „Св. Климент Охридски“ за животно дело во 2008 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаМицкоски на бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија Денеска остварив бизнис средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои се присутни во Македонија. Разговаравме за можностите за нови инвестиции, проширување на економската соработка и отворање нови, високоплатени работни места во Македонија. Ги претставивме потенцијалите на македонскиот ИКТ-сектор, зелената енергија од обновливи извори, здравството, јавната безбедност, развојот на инфраструктурата и можностите за дигитална трансформација на индустријата. Владата останува посветена на создавање стабилна, предвидлива и конкурентна деловна клима. Нашата цел е германските компании да ја препознаат Македонија како доверлив партнер за долгорочни инвестиции, трансфер на технологии и развој на висококвалификуван кадар, објави премиерот Христијан Мицкоски на ФБ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЗеленски е спремен да се сретне со Путин во Турција, сака Ердоган да посредуваУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот лидер Владимир Путин во Турција.–Знам дека претседателот Ердоган има свои врски со Путин. Затоа го поддржуваме одржувањето на средбата во Турција – изјави Зеленски. Според него, меѓу главните теми на евентуалната средба треба да бидат прекинот на огнот долж линијата на фронтот и воспоставувањето механизам за следење на почитувањето на постигнатите договори. Тој додаде дека лидерите треба да разговараат и за безбедносните гаранции, обновата на Украина и за статусот на окупираните територии. Сепак, Зеленски ја отфрли можноста да ги прифати барањата на Путин Украина да го предаде Донбас или да го признае крим како руска територија, нагласувајќи дека таквите отстапки би биле спротивни на украинскиот устав.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотОхридските нуркачи го чистеа дното на Охридското Езеро (ВИДЕО)Нова акција за чистење на дното на Охридското Езеро.На видео објавено од нуркачкиот центар „Акватек“ се гледа како нуркачи собираат пластика, конзерви, стаклени шишиња и различен друг цврст отпад. Акцијата се спровела на потегот од кампот „Градиште“ до „Вели Даб“, а проектот е финансиран од секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид. Тагови: Охридското Езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00