Промовирана монографијата „Мојот татко Стерјо“ - Канал 5

Промовирана монографијата „Мојот татко Стерјо“

Во просториите на Европскиот универзитет во Тирана, промовирана е Монографија „Мојот татко Стерјо“ посветена на животот и делото на еден од најпознатите албански писатели од македонско потекло, Стерјо Спасе.

Промовирана монографијата „Мојот татко Стерјо“

- Ова е многу значајно издание и претставува само една мала благодарност за се она што го направил за македонска етничка заедница во Албанија. Стерјо Спасе се вбројува меѓу најзначајните претставници на современата албанска литература и еден од најуспешните писатели од македонско потекло. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни песни, вели Никола Ѓурѓај претседател на македонскто друштво „Илинден“ и познат новинар и аналитичар.

Автор на монографијата е неговиот син, Илинден Спасе. Тој ја промовираше монографијата во која се содржани материјали од богатата архива на семејството Спасе кое живее во Тирана .

- Имајќи ја во предвид силната поддршка што мојот татко ја имаше кај читателите и целокупната албанската јавност, започнав да го подготвувам романот.И ете идејата, од 1989 година, стана реалност, вели Илинден Спасе, кој додава дека во книгата нашле место и проблемите што неговиот татко ги имал од комунистичкиот режим за романот „Зошто“, кој од одредени кругови бил и анатемисан.

Стерјо Спасе е роден во 1914 година во Глобочани, денес Општина Пустец, Мала Преспа, Албанија. Своето образование го започнал во основно училиште во Горица и го продолжил во Елбасан. Спасе работел како наставник во Дервичане во близина на Ѓирокастро, а подоцна отишол на Универзитетот Флоренца во Италија да студира педагогија. Завршил магистратура во СССР. По Втората светска војна тој работел како книжевен критичар и пишувал за списанијата „Ново училиште“ и „Популарно образование“. Стерјо Спасе исто така пишувал и за списанијата „Наша литература“ и „Ноември“. Бил член на Друштвото на писатели и уметници на Албанија.Починал, во Тирана, во 1989 година.

Најпознато негово дело е романот „Зошто?“(„ Pse “) или позната под целосниот наслов „Од живот за живот - зошто?“ ја напишал во 1935 година. Романот „Зошто?“ е напишан во вид на дневник и се фокусира на една трагична дилема на еден млад интелектуалец во рурално место.

Инаку, синот на Илинден Спасе, Ариан Спасе е дипломат од кариера и од неодамна е албански амбасадор во Унгарија. Тој бил дел од албанските дипломатски претстваништва во многу држави,меѓу кои и во албанската амбасада во Вашингтон,САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа.

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија- претседавач со ЕУ од јануари 2027

Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна Амбасада во Вилнус и изрази очекување за продлабочување на македонско-литванската политичка, економска и институционална соработка.

Соговорниците разменија ставови за процесот на проширување на Европската Унија, состојбата во регионот на Западен Балкан, како и за македонските предизвици во пресрет на литванското претседавање со Советот на ЕУ од јануари 2027 година.

Тие се согласија дека реформите и Копенхашките критериуми се клучните параметри за членство во ЕУ на земјите-кандидатки и дека билатералните прашања не треба да бидат пречка во процесот на проширување.

Претседателката посочи дека соседите може да имаат позитивна улога во европската интеграција на регионот, укажувајќи на примерот на скандинавските земји, кои целосно ги поддржаа балтичките држави пред нивното членство во Европската Унија во 2004 година.

Таа го информираше претседателот за македонските преземени чекори на патот кон ЕУ, како и за прашањата со коишто се соочува земјата, од добивањето на кандидатскиот статус во 2005 до денес.

Сиљановска-Давкова истакна дека продолжуваат македонските напори за конструктивен дијалог со соседна Бугарија, но нагласи дека за тоа е неопходно двете страни да пристапат кон процесот со добра волја, соопштуваат од Кабинетот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ.

ЗНАМ: Пред да прогласувате историски победи, почекајте ги стручните ставови на Венецијанската комисија

Движењето ЗНАМ смета дека е несоодветно создавањето политичка еуфорија и прогласувањето историски победи од страна на претставниците на ВРЕДИ, во момент кога Владата всушност ја усвои информацијата за потребата од прибавување стручно мислење од Венецијанската комисија за прашањето на употребата на албанскиот јазик во правосудството.

Усвојувањето на информација за потребата од стручно мислење не значи дека е донесена конечна одлука, ниту дека е направена каква било промена во законската рамка и начинот на функционирање на правосудниот систем.

Напротив, побараното мислење од Венецијанската комисија треба да даде стручна и правна основа за понатамошно постапување, со почитување на Уставот, законите, правната сигурност и европските стандарди.

Прашањата поврзани со употребата на јазиците, особено во правосудството, се премногу сериозни за да бидат предмет на дневнополитички маркетинг, пред да бидат разгледани сите правни аспекти и да бидат добиени релевантните стручни мислења.

Затоа, наместо предвремено прогласување победи и создавање очекувања кај граѓаните, потребни се одговорност, институционален пристап и почитување на правните процедури.

За ЗНАМ, владеењето на правото, уставноста и еднаквоста пред законите не се предмет на политички пазарења, туку темелни принципи врз кои мора да функционира државата.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамките на Парискиот мировен форум се обрати на панел дискусијата насловена „Одбрана на линијата: суверенитет во ера на хибридни закани“.. 

Сиљановска Давкова учествува на Парискиот мировен форум

„Ние живееме во интерегнум , така да се изразам, во меѓувластие, кога старото општество е заминато, а новото уште не се појавило и монструми нѐ опкружуваат. Во време на вештачка интелигенција и дигитализација овие насилници се скриени, но многу моќни. Оттаму ние мериме чекори, документи, политики ,а тие не. Она што мислам дека е многу важно, посебно за ЕУ и секако за НАТО нема никогаш политички вакуум, никогаш. Особено нема политички вакуум на Балканот. Секогаш Балканот бил карта за поткусуравање и големите сили си ги мерат своите сили, за несреќа, на Балканот. Затоа според мое мислење ова е многу важно. Не е важно само за да нѐ охрабрите нас во регионот, за да бидете силни, да бидете трпеливи и така натаму. Не, ние треба да ги направиме вистински чекори. Зашто од внатре ние сме 70 проценти поврзани со економијата на ЕУ. Тогаш, ако ние сме економски партнер и ако сме во НАТО, го знам одговорот. Доколку сме корисни, доколку сме кредибилни, доколку толку многу пати сме биле пофалени како одлични тркачи, тогаш имаме право и да го завршиме нашиот пат кон Брисел. И тогаш нема да речам дека нашиот маратон кон Брисел е како „Чекајќи го Годо“. “ , рече претседателката Сиљановска Давкова.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер