КултураПромовирана монографија за манастирот „Св.Наум Охридски“ од Цветан ГроздановКолор-монографија за манастирот „Свети Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов, капитално дело кое ги открива милениумските културни и уметнички слоеви на манастирот, еден од блескавите бисери на македонската црковна ризница, е промовирано денеска во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје. Монографијата е во издание на Македонската академија на науките и уметностите и книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје. Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г.Стефан во обраќањето рече дека неоспорно е оти најголемата величина и значење на Свети Наум се состои токму во неговата духовност, во неговата целосна предаденост на Бога и Божјата волја. Книгава, која нему му е посветена, посочи, е поделена на три дела, каде секој дел претставува своевидна целина. - Во првиот е претставен животописот на Свети Наум преку еден од најстарите извори што постојат за него, но воедно се говори и за неимарската дарба на овој предан ученик и сотрудник на светите браќа Кирил и Методиј. Вториот е многу поконкретен и главно обединет околу една конкретна тема која ги опфаќа сите наслови-уметноста во манастирот „Св.Наум Охридски“, рече г.г.Стефан. Потенцира дека во третиот дел, пак, се говори опширно и за култот на Свети Наум, но не само во рамките на диецезата на Охридската архиепископија, туку и на други страни во опкружувањето, на Света Гора, до Виена и Мишколц. Потоа, нагласи, се следи култот на Свети Наум и во поновите историски раздобја, за време на просветителството во Македонија, но и во 19 и 20 век. - Монографијата е збогатена со прекрасни фотографии кои на свој начин сведочат за моменталната состојба на многуте артефакти кои преку нив се претставени, истакна г.г.Стефан и додаде дека овој значаен труд се промовира како најава на овогодишното чествување на празникот и во предвечерието на годината во која ќе одбележиме 1100 години од упокојувањето на светинаумовиот сотрудник - Свети Климент Охридски. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека монографијата има исклучително значење бидејќи во неа академик Грозданов презентира научни опсервации и достигнувања кои ги надминуваат рамките на нашата национална историографија. - На 360-те богато илустрирани страници на изданието со аналитички пристап се опфатени повеќето просторни и тематски целини од архитектурата на главната манастирска црква посветена на Свети Наум, исклучително вредниот фрескоживопис кој сведочи за суптилниот и префинет дух на мајсторот од Корча, Трпо Зограф, потоа бесценетата резба на иконостасот кој е своевидно ремек-дело, како и иконите од Константин јеромонах сликани во 1711 година кои се особено значајно културно наследство создадено во 18 век, истакна Канческа-Милевска. Ова капитално дело, посочи министерката, е книжевна рефлексија и научен доказ за значењето на црковната, градителската и уметничката традиција на овие простори која имала комплексни влијанија на славјано-византиската духовност. Нагласи дека монографијата е непроценливо богатство за сите стручни лица кои во наредниот период ќе се занимаваат со проучување на различните уметнички и научни аспекти на вредностите на културното наследство на Република Македонија. - Ова вредно дело содржи поглавја кои се фундаментални и тие ги поставуваат основните методолошки принципи на кои ќе се надоградуваат подоцнежните историско-уметнички истражувања на уметноста на 19 век и Преродбата, рече Канческа-Милевска. Потенцира дека во монографијата академик Грозданов се посветува внимание и на поновата историја на манастирот која на пошироките кругови на читатели, но и на експертите, им е малку позната, особено настаните кои што се одвиваат околу манастирот по првата светска војна. Според Канческа-Милевска оваа монографија остава силен впечаток дека авторот остварил големо дело кое се вбројува меѓу капиталните дела посветени на културата и уметноста на Македонија и Македонската црква од 18 и 19 век. - Уверена сум дека и ова издание за манастирот „Свети Наум“ за сите следни генерации, за македонската култура, за македонската држава ќе остане како трајно пишано сведоштво за богатото културно наследство кое го поседуваме како земја, документ за нашето историско траење од кој младите генерации ќе црпат многубројни сознанија, додаде Канческа-Милевска. Промотивна реч одржа претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски, кој рече дека со делото на академик Грозданов во нашата наука се овековечува Светинаумовиот манастир и култот на светијата, и кое, според него, станува вонвременско како и предметот на кој е посветено. - Неговото дело мора да е едно од чудата на Св.Наум. Толкав истражувачки напор, таква творечка имагинација и таква умна проникливост во неговото составување, бездруго морале да бидат вдахновени со некоја неразбирлива натчовечка сила, што блеснува мигновено и неповторливо и тешко може да се претвори во плански обновуван потфат. Такви книги се пишуваат само еднаш во творечкиот век на човекот, истакна Камбовски. Посочи дека делото е доказ оти е жива вербата во нашите духовни стожери, дека е жив Св.Наум. - Им препорачувам да ја прочитаат сите што не можат да одат во манастирот Св.Наум и таму да побараат смирение за својот немир и утеха во надежта дека постои духовна сила што го држи запалено родното огнило, за да го пренесе на генерациите што доаѓаат по нас, подготвувајќи ги за соочување со еден нов и неизвесен свет, додаде Камбовски. Грозданов рече дека во книгата ги регистрирал сите ликови кои се насликани во фреско техника и иконопис во Свети Наум, во сите три фази од 16, 18 и преминот од 18 во 19 век.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаКолекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата играАко се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“. Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите. Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра. Што добивате? „Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“. Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало. Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“. За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта. „GTA VI“ без физички диск Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск. Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите. Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија. „Rockstar“ има направено нешто слично и претходно Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта. Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето. Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно. Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите. Извор: Б92Тагови: GTA 6 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објаваЛука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака. На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата. „Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ. Најмладото од трите деца Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб. Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи. Извор: Индекс.хрТагови: Лука Модриќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредувањеРускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики. Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес. Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград. „Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин. Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи. Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина. Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија. Извор: Б92Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05Мицкоски: Капиталните проекти ќе го подобрат животот на скопјани12:41Посебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16