Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
2Кирјас со остар настап пред европските либерали: 2026 не е 2001, ЕУ мора повторно да стане атрактивна и да престане со надменост!
КултураПромовирана „Книжевна мапа на Скопје“ од Моника ИлковаВо градската библиотека „Браќа Миладиновци“, денеска кога се одбележуваат 79 години од ослободувањето на главниот град, беше промовирана книгата „Книжевна мапа на Скопје“ од Моника Илкова. Промоторка на книгата беше универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, минатогодишна добитничка на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје. - Интересен е концептот низ кој се гради „Книжевната мапа на Скопје“. Тој се отвора со цитат од песната „Зборувај за Скопје“ испеана од Нина Спирова во далечната 1965 година (малку време по страшниот земјотрес) со што започнува и ова патување, трагање по феноменот Скопје како инспирација, како приказна, како лик. И Илкова патува, се вози, трага сè до оној последен дел кој се затвора повторно со песна, но овој пат со познатата „Градот убав пак ќе никне“, песна со која се отвора секоја година фестивалот „Златно славејче“. Инаку, целата книга се гради врз принципот на едно постојано (на)враќање на Скопје, и лично (физичко) и во/преку книжевноста. Затоа оваа книга на Моника Илкова може нам/вам како читатели да се обиде да ни даде (можни) одговори на прашањата од типот: Дали може секој од нас да го портретира своето/нашето Скопје како книжевен лик? Момче ли е, девојче ли, бесен ли или мирен „човек“? Ги сака ли своите граѓани? Го сакаат ли граѓаните? Или само го обожуваат авторите? Го кудат или величат?, нагласи Мојсова-Чепишевска. Како што посочи таа во промотивната реч, преку обидот да се истражи односот кон градот што го имаат различни автори, книгата на Илкова опфаќа книжевни остварувања кои зборуваат за Скопје пред и Скопје по земјотресот, односно, за старото и новото Скопје, но и остварувања од најновата книжевна сцена во кои постои еден друг рез помеѓу старото и новото. Во најновите книжевни остварувања повторно, но во една поинаква форма, се појавува онаа носталгично-сентиментална нота за градот кој веќе го нема, но овојпат „изгубен“ од стихија поразлична од онаа природната во 1963. Така тие се јавуваат како критика, како бунт и протест кон она што е градот денес и на тој начин зборуваат за „улиците што ги нема“, за „градот што веќе не е мој“, за „Скопје и сè е можно“, за „украдениот град“. На промоцијата беше посочено дека исцртувајќи ја и испишувајќи ја книжевната мапа на Скопје, Моника Илкова неизбежно го поставува и она прашање на и во литературата, кое гласи: „Каде престанува стварното, а каде започнува измисленото?“ или „Каде престанува вистинскиот, а каде започнува измислениот град?“. Но и нуди одговори! - Моника Илкова едноставно ги открива и систематизира старите и новите сознанија за односот кон градот во македонската книжевност, го „прочитува“ Скопје од гледна точка на урбофилна или фланеристичка книжевност и прави суптилна споредба на концептот на градот и односот кон него кај автори од различни генерации. Притоа и ја истражува новата книжевна сцена во која односот кон градот е една од главните опсесии и ја детектира пораката што ја даваат најновите книжевни остварувања преку ангажираниот тон во нив, одделно нагласи промоторката Мојсова-Чепишевска. Пред присутните на промоцијата се обрати и авторката на „Книжевна мапа на Скопје“, Моника Илкова. - Навистина сум среќна што мојот магистерски труд, што кога ќе порасне сакаше да биде книга, ја исполни својата желба. Мислам дека не бев возбудена сѐ додека не ја зедов книгата в раце, кога сфатив дека држам опредметен еден долг период на пишување, истражување и патување низ книжевната мапа на Скопје. Особено ме радува тоа што за книгата се заинтересираа и луѓе што не се занимаваат сокнижевност, а ме направи горда тоа што книгата веќе успеа да натера неколкумина да ги читаат делата и авторите за кои пишувам. Се надевам дека „Книжевна мапа на Скопје“ ќе биде убаво патување за сите што ќе ја имаат в раце. Неизмерно сум благодарна на моите рецензенти, Весна Мојсова- Чепишевска и Иван Антоновски за посветеноста и поддршката низ целиот процес на издавањето на книгата, со што помогнаа мојата „Книжевна мапа на Скопје“ да не остане само помеѓу зелените дебели корици на магистерскиот труд и да добие поголем број „шетачи" низ неа, истакна Илкова. Извадоци од „Книжевна мапа на Скопје“ читаше актерот Андреј Серафимовски, а од името на издавачот на книгата - Центарот за култура и културолошки студии, притусните ги поздрави Лорета Георгиевска-Јаковлева. Кусо обраќање имаше и уредникот на книгата, Иван Антоновски. Ова е прва ваква книга за Скопје, а преку неа, картографи на неговата книжевна мала, со своите дела се и: Славко Јаневски, Димитар Солев, Влада Урошевиќ, Гане Тодоровски, Данило Коцевски, Томислав Османли, Александар Прокопиев, Јадранка Владова, Јовица Ивановски, Оливера Ќорвезироска, Сања Михајловиќ-Костадиновска, Владимир Јанковски, Жарко Кујунџиски, Петар Андоновски, Ана Голејшка Џикова и Иван Шопов. „Книжевна мапа на Скопје“ е достапна во повеќе книжарници во градот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаПолета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата. Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час. Тагови: електричен авион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Автомобилизам„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС. „Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “. You’ll want to hear this. For the drivers, with an all-motor heart born from racing. Ford Mustang Cobra, a Legacy Reborn. The story continues in 2027. https://t.co/fogI982jfl — Ford Racing (@FordRacing) November 10, 2026 Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС. За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент. Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС. Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име. Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање. Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“. Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор. Извор: Б92Тагови: Ford Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook