МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
1МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата
3На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
КултураПромовирана книгата „Уништување" и постхумна изложба „Светот во очите на Орце" во РесенПромовирана книгата „Уништување" и постхумна изложба „Светот во очите на Орце" во Ресен.Во Домот на културата „Драги Тозија" во Ресен синоќа беше отворена изложбата „Светот низ очите на Орце" и промовирана книгата „Уништување" на Божидар Божиновски (Моџо Килингтон), како дел од предновогодишната програма на општина Ресен. За делото на Божиновски, во чија чест исложбата беше организирана постхумно, говореше директорот на Домот на културата, Васко Василевски, кој посочи дека Орце бил и еден од иницијаторите на ликовната колонија во Ресен. – Вистината е дека Орце беше личност со голема истрајност, мудрост и трпеливост. Беше голем боем, дружељубив и харизматичен. Човек со многу идеи и ставови за уметноста. Тој учествуваше на ликовни работилници и колонии низ Македонија, но и надвор, а беше и еден од иницијаторите за ликовната колонија во Ресен, рече Василевски. Книгата „Уништување" на Божиновски, како што појасни и самиот автор на промоцијата, ја опишуваат крстосницата, која, како што подвлече, му се случува на секој човек. – Уметноста го поврзува барањето на човекот на себеси. Татко ми тоа го наоѓаше во природата, јас сè уште го барам. Тоа се прашања што не мачат, кои сме, зошто сме и дали има нешто поголемо од нас и слично. Овие книги опишуваат и за раскрсниците кои му се случуваат скоро на секој, каде што една мала грешка може да го промени текот на целиот живот, како ефектот на пеперутка, истакна Божиновски, познат по неговто уметничко име Моџо Килингтон. Во рамки на предновогодишната програма, вечер во Ресенскиот Сарај ќе се одржи концерт на класична музика на пијано и гитара со Гоце Милошевски, Јован Симоновски и децата од школата за пијано. Во новогодишната програма за најмладите, како што соопшти Домот на културата, на 31 декември, на Градскиот плоштад ќе биде изведена детската театарска претстава на знаковен јазик –„ТРИ" од театарот ,,Ато”, во режија на Јован Ристовски. Настап ќе има и детскиот хор „Весели Бисерчиња" од Охрид, а ќе се одржи и новогодишен базар со детски изработки. Предвидено е и доделување на наградите од литературните конкурси „Свети Климент" и „Новогодишна желба". Присутните ќе ги забавуваат кловнови, магионичар, маскоти и Дедо Мраз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00
МакедонијаМНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдатаОткако министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во интервју ги нарече македонските власти, српски, а потоа заклучи дека и не направил голема грешка, откако беше коригиран од новинарот, со став се огласија од македонското МНР.Уште еднаш го повторуваме нашиот став дека од Република Бугарија, како наш непосреден сосед, земја членка на Европската Унија и партнер во НАТО, очекуваме доследно почитување на европските и меѓународните стандарди, правните процедури и принципите на владеење на правото. Ова очекување не се однесува само на конкретниот случај, туку и на постапувањето во сите случаи од ваков карактер. Дополнително, сметаме дека не е во интерес на ниту една држава да создава имиџ на земја-заштитник на лица кои бегаат од правдата и избегнуваат постапување пред надлежните институции, велат од МНР.Тагови: МНР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговориВо споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.Според пресекот направен во 18 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната: Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 7241 , или изразено во проценти 44.57%. Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %. Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.00 часот се пристигнати 10 приговори, од кои 4 приговори се усвоени, додека 6 се одбиени како неосновани. Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРации на над 60 локации низ Македонија, апсења, затворени локали и откриени бројни неправилностиПо координираната акција изминативе два дена во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција повторно на терен.Неофицијално дознаваме дека во текот на вчерашниот ден и доцна во ноќта, Одделот на криминалистичка полиција при МВР заедно со сите СВР и повеќе инспекциски служби, извршиле рација на повеќе од 60 локации, кафе барови, ноќни клубови, казина, кладилници и останати објекти. Според сознанијата, Биле констатирани низа неправилности, непоседување апарати за противпожарна заштита, блокирани влезови и излези. Според сознанијата изречени се глоби и забрани за работа на објектите, а некои биле и затворени. Во локалите биле пронајдени и малолетни лица на кои им бил послужен алкохол. Пронајден е нелегален објект за оnline кладење, извршени претреси и уапсени се повеќе лица. Се очекуваат повеќе официјални информации од МВР.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00