Промовирана книгата „The Skopje Project“ од проф. д-р Огнен Марина - Канал 5

Промовирана книгата „The Skopje Project“ од проф. д-р Огнен Марина

 Во рамки на Меѓународната конференција за проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“, беше промовирана книгата „The Skopje Project“ од проф. д-р Огнен Марина, информираат од Град Скопје.

Промовирана книгата „The Skopje Project“ од проф. д-р Огнен Марина

Делото го прикажува Скопје како уникатен пример на меѓународна солидарност и урбана обнова по земјотресот, со учество на врвни светски архитекти и поддршка од Обединетите нации.

-Книгата претставува значаен придонес во разбирањето на историскиот и современиот развој на градот, потсетувајќи на неговата глобална важност и потенцијал за идни урбани трансформации, велат од Град Скопје.

Оттаму додават и дека нејзината порака е особено релевантна во контекст на подготовките за 2028 година, нагласувајќи ја улогата на културата како двигател на развојот и соработката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија.

Минчев ќе оствари билатерална средба со министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Србија

Средбата се организира со цел размена на искуства и унапредување на соработката во областа на јавната администрација.

По завршувањето на билатералната средба, двајцата министри ќе дадат изјави за медиумите.

Кабинет на Министер за Јавна Администрација

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

Вчера (23.06.2026) директорот на БЈБ Јанев оствари работни посети во Струмица, Полициското одделение Ново Село и Граничниот премин Ново Село, каде се запозна со состојбите и предизвиците на полициските службеници на терен.

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на Полициското одделение и Граничниот премин Ново Село

На средбите беше разговарано за безбедносната состојба, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за спречување на прекуграничниот криминал. Посебен акцент беше ставен на унапредување на условите за работа, техничката опременост и зајакнување на координацијата со надлежните служби и соседните држави.

Беше истакнато дека ГП Ново Село е важна точка за проток на патници и стоки, при што останува приоритет обезбедување на ефикасна, професионална и безбедна услуга за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и Виница

Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд во Битола, Демир Капија и Виница

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 08 часот во (l/m2)

26 Битола, 24 Демир Капија, 21 Виница, 17 Лазарополе, 14 Берово, 13 Крива Паланка, 8 Гевгелија, 2 Скопје – Петровец, 1 Кавадарци, Крушево, Маврови Анови.

Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер