Промовирана книгата „Монодрама на лудиот" на Сара Марковска

 Во Домот на културата „Драги Тозија" денеска беше промовирана книгата „Монодрама на лудиот" од младата авторка Сара Марковска од Ресен.

Ова е второ дело на 15-годишната Марковска, која е уечничка во Гимназијата „Цар Самуил" во Ресен.

– Многу сакам да пишувам. Првата книга, која ја објавив во 2014 година се вика „Љубовта на мојата стара", но за разлика од денес таа беше збирка поезија. По четири години повторно промовирам книга, што ме прави особено среќна. Не застанувам со пишувањето, тоа ми е омиленото хоби, истакна Марковска по промоцијата.

Директорот на Домот на културата Васко Василевски истакна дека оваа културна установа секогаш им помага на младите автори при нивното промовирање.

– На наше големо задоволство, повторно имаме творец од Ресен. Иако е млада, таа веќе е промовирана во градот, а ние како културна установа особено сакаме да им помогнеме на младите да го развиваат својот талент кон културните дејности. Нашите врати секогаш ќе бидат отворени за одржување на промоции, изложби, концерти, преку кои ќе се промовираат младите и нивните таленти, нагласи Василевски.

Промотор на книгата беше познатиот писател за деца Горјан Петревски, кој воедно беше промотор и на првата збирка поезија на Сара Марковска. Промоцијата на оваа книга беше поддржана и од општина Ресен и градоначалникот Живко Гошаревски.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер