Промовирана книгата „Епископ Партениј, Игумен Бигорски, 25 години монах и свештенослужител" - Канал 5

Промовирана книгата „Епископ Партениј, Игумен Бигорски, 25 години монах и свештенослужител"

 Во Бигорскиот манастир беше промовирано новото книжевно издание на Свештената бигорска обител „Епископ Партениј, 25 години монах и свештенослужител".

Промовирана книгата „Епископ Партениј, Игумен Бигорски, 25 години монах и свештенослужител"

Согласно наложените услови поради рапидното распространување на грипот, на промоцијата присуствуваа монасите, монахињите од Рајчица и Пречиста и затекнати верници а не беа во можност да присуствуваат најавените гости, меѓу кои архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, промоторот на книгата, епископот хераклејски г. Климент, членови од Светиот Синод на МПЦ-ОА, претседателот на МАНУ и други гости.

– Но, затоа монах од нашето братство го прочита пред сите прекрасното, топло и боговдахновено промотивно слово на промоторот на книгата, почитуваниот епископ хераклејски и игумен на светиот Зрзески манастир, г. Климент, како и писмото од нашиот почитуван архиепископ г. г. Стефан, упатено кон нашиот старец и игумен, владиката Партениј, по повод неговиот 50-ти роденден и 25-годишната монашка и свештеничка служба. Од името на братството и сестринствата се обрати нашиот најстар јеромонах, отец Доситеј, кој со кратко слово во монашки дух го претстави овој скромен дар од братството и сестринствата за својот старец и владика, велат од Бигорскиот манастир.

Оваа година освен што е еден милениум од основањето на Бигорската свештена обител, истовремено е и 50 години од раѓањето на актуелниот бигорски игумен епископот антаниски г. Партениј и 25 години од неговото замонашување. Така, бигорската манастирска хроника одбележува три јубилеи.

– Затоа, празнувањата во Бигорскиот манастир продолжуваат и понатаму, па, еве, денес ви го претставуваме оваа впечатливо дело, замислено како роденденски јубилеен подарок на бигорското братство до својот духовен отец. Самата книга претставува своевиден биографски приказ на животот и 25 годишното делување на игуменот на Бигорскиот манастир, епископот г. Партениј Антаниски, како во црковната, така и во општествено-социјалната и културната сфера на нашата земја, наведува промоторот на книгата г. Климент.

Според него, ова дело ни ги открива луѓето, окружувањата, местата, објектите, екстериерот и ентериерот, пејзажите и релјефите што во одреден временски период биле, а некои од нив сè уште се дел од животот и делувањето на владиката Партениј.

– Вредноста на книгата „Епископ Партениј, Игумен Бигорски, 25 години монах и свештенослужител" е повеќеслојна и може да биде согледувана од повеќе аспекти. Но, она пред што секој добронамерен читател ќе затрепери разгледувајќи ги нејзините страници се фактите на делотворната пастирска љубов на овој наш неуморен духовен деец. Речиси неверојатни се резултатите од неговото 25 годишно делување во реканскиот крај, посведочени низ фотографии и текст во книгата. Од материјалното обновување на манастирот свети Јован Бигорски, Раичкиот метох, но и метосите и скитовите што гравитираат околу манастирот, до обновата на монашкиот живот во истите, како и во манастирите Пречиста Кичевска и Кнежино, возобновувањето на монашките послушанија во овие братства и сестринства, милозвучното источно пеење, грижата за велелепието во богослуженијата, обновата на потиснатите од заборавот традиционални вештини и манастирски техники, па сè до згрижувањето на зависниците и нивна ресоцијализација во општеството, ќе констатираме дека им нема број на делата што живо сведочат за личноста опишана во оваа книга, посочува меѓу другото промоторот.

Во поздравното писмо г.г. Стефан наведува „ја знам вашата ревност, со која се фалам со вас".

– Несомнено, гледајќи во плодовите на последните 25 години од Вашиот живот, коишто претставуваат половина од Вашиот педесетлетен животен век, можеме да истакнеме изобилни дела и добра, во слава на Бога и за добробитот на нашата света Македонска православна црква – Охридска Архиепископија и на нашиот православен народ. И сета оваа делателна биографија, содржана од духовно и материјално градење, може да се собере во зборот жртва – дека Вие, Преосветен владико, Вашиот живот го принесовте како жртва за Бога, за нашата Помесна Црква и за македонскиот народ. Во Вашето дело се препознава ревносен континуитет, работејќи дење и ноќе... проповедајќи го Божјото Евангелие со многу труд.Честитајќи Ви го педесеттиот роденден, Го молиме Милостивиот Бог да Ве дарува со уште многу сили за да му служите добро и Нему и на нашата Света Црква.Долгоденствувај, Владико свет, се наведува во поздравното писмо на г.г. Стефан.

Јеромонах, отец Доситеј, со кратко слово во монашки дух го претстави овој, како што рече, скромен дар од братството и сестринствата за својот старец и владика.

– За нашиот старец и игумен, епископот г. Партениј, би можеле да пишуваме прилично многу од својот сопствен опит, од „она што го чувме, она што со очите свои го видовме, што го разгледавме и што рацете наши го опипаа". Да ви кажеме за неговото смирување докрај, служејќи ни на сите како последен; за неговата несфатлива самопожртвуваност како услов за нашата радост, без притоа да ја спомнуваа таа жртва, туку само да благодари дека Господ му подарил добри чеда; за неговата мудра, ненаметлива и скриена снисходливост кон нас кога сме паднати, гневни или тажни, дотаму, да нѐ уверува дека секој еден од нас му е неопходен и дека многу му помага; за тоа сочувствување со нашите слабости и за најголемата префинетост на љубовта, со која нѐ поправа кога ќе сме завладеани од егоизмот; за тоа кога забележува дека некого осудуваме и сме надмени, а тој ни бара прошка за неговите грешки, поучувајќи нѐ така на смирение; за тоа како ден и ноќ бдее над нашите срца, со внимание, со татковска грижа и со мајчинска будност и лекува со милост; за тоа како секојдневно ни вели: „ви благодарам што ми помагате, што ме сакате, оти јас не го заслужувам тоа, простете ми..." И за многу други нешта, „кои не би можеле да се сместат во многу напишани книги", рече отец Доситеј.

Затоа, додаде тој, не сакајќи да останеме без никаква реч, туку да оставиме едно макар и најмало сведоштво за неговиот досегашен крстовоскресен живот, ја составивме оваа скромна книга со фотографии од разни моменти од неговиот живот и кратки соодветни текстови.

– Поводите за издавањето на книгата се достојни за спомнување и одбележување: 1000 години од основањето на Свештената бигорска обител, 50 години од раѓањето по плот на Старецот и 25 години од неговата монашка и свештенослужителска дејност. Со оваа книга, следствено, се затвора едно големо поглавје од многуплодниот живот на нашиот духовен татко и затоа, таа го носи насловот: епископ Партениј, игумен бигорски: 25 години монах и свештенослужител. Смирено Го молиме Спасителот Христос да нѐ удостои со уште многу слични на овој јубилеи за нашиот ладика, Игумен и Старец, рече меѓу другото отец Доситеј.

Книгава, посочи тој, го опфаќа животното течение на владиката Партениј, од неговото раѓање до стапувањето во епископскиот чин. Притоа, местото на првичен преносител на пораките го имаат бројните фотографии, но не помалку впечатлив е и текстуалниот дел, кој се состои, главно, од кратки биографски податоци и лични видувања на Старецот за најголемите настани и процеси од неговиот живот и дејност, искажани преку беседи, разговори, синаксиси со браќата.

Извадок од книгата „Епископ Партениј, Игумен Бигорски, 25 години монах и свештенослужител": „Во Јули 1995 година, Митрополитот на Дебарско – кичевската епархија, г. Тимотеј, телефонски го повикал идниот бигорски игумен и знаејќи ја неговата желба за монашки живот, како и претходното искуство, му го понудил за ново обиталиште Бигорскиот Манастир на Чесниот Претеча и Крстител Господов Јован. Тогаш во главата на Зоран (световното име на отец Партениј) одекнале пророчките зборови на Старец Паисиј, што Светиот му ги имал кажано две години претходно, при средбата со него: Ќе дојде време кога по телефон ќе те повикаат, за да ти дадат еден голем манастир.

Веќе се било јасно, немало враќање назад. Пристигнал Божјиот призив. Уште следниот ден, Митрополитот со своето возило го однел новиот населеник на Бигорската обител во неговиот нов дом, поставувајќи го веднаш за нејзин старешина.

Пред манастирската порта, пред самиот влез во манастирот, владиката му дал еден свој подрасник, сакајќи уште од самиот почеток во монашка облека да го премине манастирскиот праг. И со тоа започнува обновата на Манастирот и на монаштвото во него…

Кој би можел со некакви зборови да ги долови чувствата, мислите, трепетот во душата и биењето на срцето на младиот богобарател, кога за прв пат во монашко расо го пречекорил манастирскиот праг?!

Самиот наш Старец, присетувајќи се на тој миг, вели: „Беше тоа нешто што тешко се опишува со зборови, една друга димензија… Пред мене како да се откриваше еден чудесен, таинствен свет, нов, но во исто време и толку познат, необично близок на срцето. Влегував во еден манастир, а како да влегував во моето детство, во дворот на татковата ми куќа. Пред очите ми се отвараше едно ново свето пространство, но истовремено како да ја гледав и калдрмата во дворот на куќата на мојата младост, наредена уште во времето на прадедо ми. Го чувствував секој камен, секој агол, како нешто исконско мое, сродено… Беше тоа навистина една средба со вистинската моја татковина, со вечноста. Еден топол љубовен пречек од духот на предците, оние што порано си го вградиле својот привремен живот тука и сега, не благословуваат од оној вистинскиот, вечен живот. Ја чувствував нивната радост, нивниот таинствен шепот, кој со неовосветска топлина во срцето ми велеше: добредојде во твојот дом, во светињата на Крстителот…"/МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маќеа им ја уништи свадбата на младенците- им направила долг од 5.700 евра

Еден маж на Reddit ја сподели приказната за својата свадба, која, наместо убави спомени, заврши со голема семејна караница и непланиран трошок од речиси 5.700 евра. 

Маќеа им ја уништи свадбата на младенците- им направила долг од 5.700 евра

Тој тврди дека за сè е виновна неговата маќеа, со која бил близок 22 години. Поради нејзиното однесување, тој решил да прекине секаков контакт со неа.

Имале повеќе од илјада гости на свадбата

Еден маж се преселил од САД во Азија за својата сопруга, каде што организирале голема свадба со дури 1137 гости. Неговата маќеа била меѓу дваесетте гости кои дошле од Америка.

Во објавата, тој истакнал дека станува збор за доктор кој заработува повеќе од 258.000 евра годишно, поради што дури и не помислил дека може да има проблем со плаќањето на нејзините трошоци.

Маќеата нарачала луксузни услуги

Проблемите започнале три дена по свадбата, кога младенците откриле дека маќеата не платила за голем број услуги што ги користела за време на престојот.

Меѓу неплатените сметки беа трошоците за хотелски сместување, собна услуга, приватни шминкери, кроени фустани и изнајмување луксузни автомобили. Покрај сето тоа, маќеата на сопствена иницијатива ангажираше професионални танчери кои настапија за време на свадбената вечера.

„Таа сакаше професионални танчери да настапат за време на вечерата затоа што сакаше сè да биде „спектакуларно“. Ги ангажираше самата, го договори датумот и го избра пакетот. Беа неверојатни. Но, како што можете да претпоставите, таа не им плати. Покрај тоа, им рече дека ние ќе ја платиме сметката“, напиша човекот.

Тој додаде дека маќеата допатувала на свадбата во прва класа и се фалела со своите деловни успеси пред гостите. Затоа бил уште повеќе изненаден кога сфатил дека ги оставила сите сметки на него и неговата сопруга.

„Твојата сопруга има богато семејство, нека платат тие“

Кога дознал за неплатените сметки, се обидел да стапи во контакт со маќеата, но таа не му одговарала со денови.

На крајот, таа му испратила порака која, вели таа, целосно го разбеснила. „Прелетав половина свет за да бидам на твојата свадба, а ти така се однесуваш со мене? Твојата нова сопруга доаѓа од богато семејство, во што е проблемот? Нека платат тие“, му напиша таа, според него.

Неговата приказна предизвика многу реакции на Reddit. Некои корисници се прашуваа зошто младенците воопшто би морале да ги платат трошоците што ги направила маќеата.

Apparently, stince the passing of their dad Steve Irwin his children Bindi & Robert have tried to get their mom Terri to go on a date but she would politely refuse b/c she said already found the love of her life & had her happy ever after.
by u/AdSpecialist6598 in interesting

Затоа, човекот дополнително објасни како дошло до целата ситуација. Сите дополнителни услуги биле резервирани преку агенцијата што ја организирала свадбата. Младенците одобрија резервации и платиле аванси, верувајќи дека маќеата, како што ветила, подоцна ќе го подмири остатокот од сметката.

„Секогаш сме се согласувале затоа што мојата маќеа е прекрасна личност веќе 22 години и никогаш не ја изневерила мојата доверба. Освен тоа, таа е докторка во САД и заработува многу. Затоа целосно ѝ верував кога рече дека ќе ги плати своите сметки“, објасни тој.

Го напушти хотелот без да плати

Тој го наведе хотелскиот сместување како еден од примерите. Семејството на неговата сопруга платило за пет ноќевања за сите гости што дошле од САД, но маќеата сакала полуксузен сместување. Таа побарала да ја замени својата обична хотелска соба за апартман. Младенците се согласиле на тоа, но со договор дека таа самата ќе ја плати разликата во цената.

Сепак, на денот на заминување, таа едноставно го напуштила хотелот без да се одјави на рецепција и без да плати никакви дополнителни трошоци.

На крајот, младенците морале да платат речиси 5700 евра.

Три дена по првата објава, мажот повторно се појавил на Reddit и открил како се развила ситуацијата. Тој напишал дека маќеата сè уште одбива да ги плати сметките и дека престанала да им одговара на организаторите на свадбите и на луѓето чии услуги ги користела. Таа ги блокирала на социјалните мрежи и ги избришала неговите пораки.

Бидејќи резервациите биле направени преку агенција за свадби, младенците на крајот решиле сами да го намират долгот од околу 5.500 евра за да избегнат евентуални правни проблеми. Семејството на неговата сопруга понудило да плати половина од износот.

„Целосно сум скршен, не знам зошто го направила ова“

Мажот открил дека поради сè, решил да го прекине контактот не само со маќеата, туку и со својот татко. „Одлучивме целосно да го прекинеме контактот со неа и мојот татко. Не знам зошто го направи сето тоа и ја уништи нашата неверојатна врска. Имам над 40 години и таа е една од луѓето што ги познавам најдолго, 22 години. Никогаш порано не направила нешто вакво“, напишал тој.

Тој признал дека целата ситуација силно го погодила. „Целосно сум скршен и плачам за сè, но ми е јасно дека ова е единствениот начин јас и мојата сопруга да продолжиме понатаму“, додал тој.

Неговиот татко, кој боледува од Паркинсонова болест, не присуствувал на свадбата бидејќи патувањето би било премногу напорно за него. Мажот објаснил дека никогаш не бил особено близок со својот татко и дека маќеата била причината зошто воопшто одржувале контакт.

Тој додаде дека побарал правен совет, но адвокатот, како што тврди, му рекол дека локалните власти не се заинтересирани за случајот бидејќи се работи за релативно мала сума. И покрај финансиската загуба, човекот рекол дека најмногу го боли фактот што ја изгубил врската со личноста на која ѝ верувал повеќе од две децении.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Макрон остро кон колегите: Трамп и другите лидери да не даваат глупави коментари за немирите во Франција

Емануел Макрон ги обвини Доналд Трамп и другите странски лидери дека даваат „глупави коментари“ за немирите во Франција за политичка корист, додека земјата се подготвува за нови протести овој викенд.

Макрон остро кон колегите: Трамп и другите лидери да не даваат глупави коментари за немирите во Франција

Зборувајќи за време на посетата на Катар, францускиот претседател не именуваше конкретни лица, но рече дека „манипулацијата со информациите“ по немирите во саботата довело до „коментари кои се неприфатливи колку што се глупави, дадени од многу луѓе, вклучително и странски лидери“.

На прашањето дали се осврнува на американскиот претседател Доналд Трамп, Макрон рече: „Меѓу другите“.

Американскиот претседател ги обвини за насилството во Франција „мигрантите, џихадистите и комунистите“ додека води кампања пред среднорочните избори во САД за да ја зајакне својата Републиканска партија.

Макрон им рече на новинарите во Доха дека некои лидери, „во средината на изборните кампањи, без разлика дали се тука во регионот или од другата страна на Атлантикот, наивно шират наративи што одредени кругови очигледно се обидуваат да ги промовираат“.

„Тие ја користат нашата земја за свои политички кампањи“, рече францускиот претседател. „И тоа не ни треба. Веќе имаме тешкотии со кои треба да се справиме“.

Тој рече дека циркулираат слики генерирани од вештачка интелигенција кои прикажуваат „сцени што всушност никогаш не се случиле во Франција. Имало луѓе кои тврделе дека сме биле нападнати од орди мигранти и исламисти, што е сосема неточно“.

Макрон и неговата влада се борат да ја стават кризата под контрола, која избувна шест месеци пред претседателските избори на кои ќе биде избран неговиот наследник. Владата во саботата призна дека „изгубила контрола“ врз немирите.

Многу мирните демонстрации поради трошоците за живот брзо се претворија во раширено насилство и широко распространети грабежи, особено во Париз, Марсеј, Лион и Лил, каде што градското собрание беше запалено и делумно уништено.

Полицијата соопшти дека протестите ќе бидат забранети во делови од Париз во четврток, бидејќи градот се подготвува за повеќе демонстрации, според британскиот „Гардијан“.

Забраната, од 8 часот наутро до 20 часот, ќе се однесува на клучните знаменитости, вклучувајќи ја претседателската Елисејска палата, двата дома на парламентот и туристичките засолништа како што се музеите Лувр и Шанзелизе.

Други области каде што ќе бидат забранети собири се плоштадите Бастилја и Република, како и трговскиот кварт Шателе-ле-Холс, кој беше главна цел на ограбувачите во текот на викендот.

Немирите поттикнаа неколку земји да издадат предупредувања за патување во Франција и ги потресоа веќе нервозните финансиски пазари, при што приносот на референтната 10-годишна обврзница на француската влада надмина 5 проценти во среда, што е највисоко ниво од 2002 година.

Макрон вети дека ќе спречи какво било повторување на немирите од минатиот викенд, додека протестното движење „Жолти елеци“ официјално поднесе планови за марш низ центарот на Париз во сабота, што веројатно ќе биде следниот голем тест за владата.

Студентските групи, исто така, повикаа на протести истиот ден за да изнесат барања за повеќе инвестиции во образованието. Активистите на движењето „Жолти елеци“ имаат за цел да ја оживеат својата национална кампања од 2018 година против зголемувањето на трошоците за живот и намалувањето на јавните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новинар известувал за поплава, кога зад себе видел човек како тоне во џипот- тогаш почна драмата (ВИДЕО)

Австралискиот телевизиски репортер Вил Мареј и случаен минувач спасија маж од потопен џип во поплавните води во Квинсленд, северно од Бризбејн, објави Ројтерс.

Новинар известувал за поплава, кога зад себе видел човек како тоне во џипот- тогаш почна драмата (ВИДЕО)

Мареј, новинар за јавниот радиодифузен сервис АБЦ, известуваше за поплавите кога возилото на мажот падна во водата, застана и почна да тоне.

Репортерот и друг маж допливаа до возилото и го извлекоа возачот, неколку моменти пред автомобилот целосно да исчезне под водата.

„Тие дефинитивно му го спасија животот на човекот. Нема сомнение за тоа“, рече снимателката на АБЦ, Лиз Пикеринг, која беше сведок на инцидентот.

Околу 170 милиметри дожд паднаа во австралискиот град Морајфилд во среда, според АБЦ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер