Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
КултураПромовирана книгата „Балкански вознеси“ на Васил ТоциновскиКнигата содржи 20 текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела.Книгата „Балкански вознеси“ ги подотвори вратите на некои процеси кои ни покажуваат дека сме биле, постоиме, дека ќе бидеме и дека имаме автори кои ја задолжиле трајно, вековито и лековито да ни биде она што е создадено во фондот на македонската литература и култура воопшто, посочи денеска авторот Васил Тоциновски за време на промоцијата на оваа негова книга, што се одржа во рамки на 45. издание на манифестацијата „Скопско лето“. Книгата содржи 20 текстови во кои низ архивски истражувања и нова документација се разгледуваат малку познати и се отвораат нови страници за одредени автори и дела, појави и пројави во македонската книжевност од еден подолг временски период, почнувајќи од втората половина на деветнаесеттиот век до денес. Настрана од дипломатијата и историјата, авторот аргументирано открива нови и непознати страници од животот и делото на Андреја Д. Петкович и Кочо Рацин. Според Тоциновски, пишаниот збор и литературата се секогаш мост што ги обединува народите. -Од последните истражува низ архивите од Русија, Србија и Америка добивме материјали кои некако компрехираа една поинаква балканска слика, слика во која имаме потреба, но и умееме да соработуваме, да се разбираме и почитуваме. Во „Балкански вознеси“ имаме две студии во кои Андреја Петкович како руски конзул го известува МНР на Русија за војната во БИХ. Имаме еден Македонец деклариран многу убаво, притоа потпишувајќи и именувајќи го точно местото од каде што доаѓа, од македонско тогашно велешкото Башино село. Неговото претставување како Македонец во кратката белешка кон песната тој ќе рече „македонскиот јазик е посебен јазик“. Еден Македонец пишува за еден друг народ, за Босанците кои по турското ропство доживуваат страшни непогоди, рече Тоциновски на денешната промоција на книгата. Исто така, како што напомена авторот, во оваа книга посебни студии се посветени на Петар Поп Арсов, на Димитрија Чупоски и на Крсте Мисирков. -Пораката која ќе ја споменам, пораката која се чита од секој ред на оваа книга, е дека треба да се почитуваме и сакаме самите себе. Ако го очекуваме дека некој друг тоа ќе го стори за нас, сме се излажале, додаде Тоциновски. Промоторот на книгата, проф. д-р Васил Дрвошанов рече дека Тоциновски е несекојдневна појава во македонската книжевност. Тој е, како што рече, најпродуктивниот книжевен творец во Македонија, пројавувајќи се како писател, научник и публицист, кој продолжува да опстојува и да твори. - Тоциновски е книжевна институција, со неговиот импозантен книжевен опус, 26 литературни дела, над 40 книги за македонската книжевна историја, енциклопедии, учебници, прирачници и творници, 338 книжевни студии, над 600 есеи, но и сценарија на документарни филмови и серии емитувани на програмите на поранешната Југословенска радио телевизија. Овие податоци го отсликуваат творечкиот кодекс на Васил Тоциновски, чии почетоци се од 1967 година, кои што непрестано траат речиси 60 години до ден денес, додаде Дрвошанов. Во ова дело, потенцираше Дрвошанов, Васил Тоциновски носи нови сознанија во македонската книжевност. Врз основа на своите научни истражувања, но не игнорирајќи ги истражувањата на други научници од земјата и од странство, тој испишува нови страници, со нови сознанија во македонската книжевност за плејада на врвни македонски дејци. -Со новите сознанија за книжевните творци, Тоциновски испишува нови страници, со кои се осветлуваат непознати, драгоцени факти, што сведочат за искрените патриотски чувства на македонски дејци кон својот македонски народ. Острото око на истражувачот Тоциновски го забележува и најситниот детаљ во животот и во творештвото на творците, и секоја новост како камче го вградува во нивниот животен и творечки мозаик, додаде Дрвошанов. Книгата „Балкански вознеси“ е во издание на „Академска мисла“ Скопје. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лицеНа 13.11.2026 во 23:10 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(29) од Скопје. При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, извршен со наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето. Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска. Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок. „Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски. Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација. Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните. Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување. „Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ. Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура. Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСудир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)Нафтен танкер се судри со речен крузер во пристаништето во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана.Во несреќата се повредени најмалку 32 лица, кои се пренесени в болница. Американските медиуми пренесуваат дека крузерот „Американ Херитиџ“, кој пловел по реката Мисисипи, пристигнал во пристаништето во Њу Орлеанс и патниците почнале да се симнуваат од него, кога од засега не познати прични во бродот танкер за нафта. По сударот, крузерот, на кој имало 129 патници и околу 20 членови на екипажот, се превртел. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат сите патници. Хелена Морено, градоначалничка на Њу Орлеанс, на прес-конференција изјави дека сите се спасени. „Од нив, 32 лица се пренесени во болница, но никој од нема критични повреди“, изјави Морено, нарекувајќи го настанот „чудото на Мисисипи“. Крајбрежната стража на САД соопшти дека дел од реката е затворен за секаков вид пловен сообраќај. Не е познато како дошло до несреќата. Гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, изјави дека е во тек „активна истрага“ за судирот. „Сакаме да се осигураме дека оваа истрага ќе биде спроведена темелно и дека точно ќе дознаеме што се случило, за да можеме да ги решиме проблемите и да гарантираме дека Мисисипи ќе остане многу безбедно место“, истакна Лендри.Тагови: крузер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook