3Непоткрепена порака за ешерихија коли во водата за пиење шири паника низ Скопје, остар демант од Град Скопје
Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
1Милиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година
КултураПромовирана „Книга за светите браќа Кирил и Методиј"„Книга за светите браќа Кирил и Методиј" од авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во издание на Општина Охрид, денеска беше промовирана во рамките на чествувањата на Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј – 24 Мај.Во книгата, како што истакна промоторот Бобан Карапејовски, на околу 300 страници се поместени најзначајните кирилометодиевисти од Македонија, но и автори што го расветлуваат нивниот животен и творечки пат од историска перспектива, сè до инспирацијата што ја поттикнале кај создателите на уметничката литература. – Пред нас имаме дело што во најмала рака, уште еднаш ги потврдува сите определби што досега се кажани за овој простор. А, тој простор, во својата основа, ги содржи напорите, ги реактуелизира, за жал, и по милениум, заложбите на Светите Кирил и Методиј, врамени во зборовите на апологијата на создателот на првата словенска азбука, во која и нашето право да зборуваме на својот јазик, така да се молиме, да тагуваме или да се радуваме, рече Карапејовски. Според Димоски, кој е еден од авторите на книгата, застапените песни се со високи уметнички вредности. – Сите поети имаат различен индивидуален заглед кон мотивот Кирил и Методиј. Но, културниот код на Кирил и Методиј е произлезен од Македонија и длабоко е враснат во македонската културна традиција, рече Димоски. Култот на браќата Кирил и Методиј, додаде, е почнат уште во старословенскиот период и трае повеќе од 10 векови. – Првиот оригинален словенски, а истовремено и македонски просветител и писател Свети Климент Охридски го дига на висок поетски пиедестал ликот, делото и заслугите на светите браќа, а преку црковно словенскиот период, тој култ се возвеличи во времето на македонската преродба како силен отпор кон цариградската патријаршија, нагласи Димоски. Во име на издавачот, Општина Охрид, советникот Перчо Божиноски забележа дека авторите со длабок историски пресек и виртуозен литературен израз, не водат низ времето, од светите Кирил и Методиј, преку Свети Климент и Свети Наум, Јоаким Крчовски и Григор Прличев, па се до Кочо Рацин и Блаже Конески. – Авторите покажуваат и докажуваат дека кирилометодиевистиката живее во македонистиката и современиот македонски јазик до денешни дни. Токму во пресрет на утрешниот голем сесловенски празник, посветен на светите Кирил и Методиј, пред нас е едно грандиозно дело, со кое се продолжува непрекинатата потрага по нови сознанија за делото и животот за најзначајните светители во словенскиот свет, солунските браќа Кирил и Методиј, рече Божиноски. „Книга за Светите браќа Кирил и Методиј" е петти заеднички проект на Димитар Пандев и Славе Ѓорго Димоски. На овој труд му претходеа „Дојди во Охрид", „Антологија на ловорот", „Книга за Чинго" и „Охридски раскажувачи" сите издадени од Општина Охрид. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАвион Ф-16 се урна во поле во ТурцијаТурски борбен авион Ф-16 денес се урна за време на тренинг-лет во северозападната турска провинција Јалова поради технички дефект.Видео снимки покажуваат експлозија и црн чад како се издигнуваат од полето каде што падна авионот. пилотот се катапултираше и ја преживеа несреќата“, соопшти турското министерство за одбрана. Оттаму додаваат дека причината за несреќата ќе биде утврдена по детална истрага. Според првичните информации, пилотот се спасил со катапултирање со падобран, по што на местото биле испратени медицински и противпожарни екипи. Тагови: авион турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМилиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 годинаМилиони луѓе во Шпанија и Исланд ќе го гледаат првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999.Овој небесен спектакл ќе може да се набљудува од делови на Исланд, Шпанија и северна Русија, додека делумно затемнување ќе биде видливо во Канада, северниот дел на САД и во поголемиот дел од Европа и Западна Африка. Се очекува целосното затемнување да трае до две минути и 13 секунди а ќе биде видливо од Рејкјавик, Валенсија, Сарагоса и Леон. Во Рејкјавик, затемнувањето ќе биде во 17:48 часот по локално време, а во Валенсија во 20:32 часот. Властите во Шпанија очекуваат шест милиони посетители во претежно рурални области на патеката на затемнувањето низ северна Шпанија и Балеарските острови, а во главниот град на Исланд, очилата за затемнување се распродадени со денови, бидејќи земјата со околу 400.000 жители очекува да пречека до 80.000 посетители. Првото целосно затемнување на сонцето во Европа од 1999 година, во Македонија ќе биде делумно во 19:26 часот Фото: ВИТагови: затемнување на Сонцето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКараванот „Силно светнал ден“ по повод 35 години од независноста вечерва во ВелесПо Охрид и Битола, караванот со музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден“, по повод 35 години независност на Македонија, денеска пристигнува во Велес.Таму е Сања Трајковска Ставров. Што се граѓаните ќе имаат можност да видат вечерва? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter