Промовирана книга за културната дипломатија - Канал 5

Промовирана книга за културната дипломатија

Културната дипломатија, која е дефинирана како мека, софистицирана моќ во меѓународните односи, е малку позната област во Македонија и во регионот во однос на земји од Европа и светот во кои културната е претходница на политичката и на економската дипломатија.

Промовирана книга за културната дипломатија
Тоа го поттикнало Васко Шутаров да ја истражува и да спореди како и колку највлијателните земји ја употребуваат културата за своето претставување во светот. Од 2006 година споредбено анализирал културни политики во надворешните односи на 30-ина земји и од тоа произлезе неговата студија „Јавна и културна дипломатија" која денеска ја промовираше издавачот „Матица македонска“.

Покрај истражувањата во библиотеки, архиви и дневен печат, неговиот труд е резултат и од искуството на поранешен претседател на Комисијата за култура во Собранието на РМ и актуелен директор на Културно-информативниот центар на РМ во Софија.

На промоцијата авторот истакна дека не постои позната личност во меѓународната политика која не го признава значењето на културната дипломатија и во својот труд тој цитира многумина од нив. Рече дека надвор од рамките на традиционалната, базична дипломатија, културната значи обраќање и создавање перцепција за себе пред странската јавност.

- Задачата на културната дипломатија е да креира најповолна можна слика за својата земја и таа перцепција да се одомаќини, да создаде емоција и да ги зближува народите, што е и основна мисија на културата. Има земји со исклучителна културна практика на која можеме да се огледаме. Имаме потенцијал и сила и моето вјерују е дека светот е и понатаму поле за културен натпревар меѓу народите и дека тоа поле за нас е и широк мегдан, на кој можеме да покажеме кои се сите наши компаративни предности. Културата е алатка со која можеме да му покажеме на светот кои сме, што сме и колку можеме, рече Шутаров.

Претставувајќи ја книгата, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска рече дека се работи за досега недоволно елаборирана и истражувана тема кај нас, а научна дисциплина на врвни светски универзитети, и затоа, рече таа, книгата ќе придонесе за развој на политичката наука во Македонија, посебно во сферата на дипломатијата, јавните политики, културната политика и политичката комуникација. Впечаток во читањето на трудот и оставил методолошкиот пристап на авторот – истражувањето на културните дипломатии на повеќе држави (вклучувајќи ја и Македонија) и нивните специфики, примерите за модели на културни дипломатии...

- Ова исклучително значајно дело наменето, пред се, за дипломатите, но и за стручната и научната јавност, аналитичарите, културните работници и медиумите, ќе отвори уште многу нови теми надвор од контурите на традиционалната дипломатија, ќе отвори нови перспективи и предизвици на современите дипломатски појави низ призмата на меѓународната културна размена, истакна Канческа-Милевска.

Зборувајќи за значењето на културната дипломатија како дополнување на официјалната, државна дипломатија, Дејан Павлевски од издавачката куќа „Матица македонска“ рече дека културната дипломатија е двонасочна улица и функционална на долги патеки. Тој го спомна и концептот на брендирање и Словенија, која е посочена и во книгата на Шутаров, како пример за мала земја што тоа успешно го практикува.

- Тоа треба да биде пример и за други држави - дека културата треба да биде фактор, а не само функција во надворешно-политичките активности на една земја. Најголеми брендови на Словенија во светот се нејзините големи имиња од културата... Авторот Шутаров практично ја обработува дефиницијата дека приказната за нас треба да биде раскажана од самите нас, рече Павлевски, кој смета дека треба да се создаде посебна агенција за културна промоција на Македонија, каде би се креирала културната дипломатија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воен авион се урна во Франција, пријавени се жртви

Воен авион се урна доцна во вторникот вечерта во департманот Мерт-е-Мозел, во североисточна Франција. Според Анри Лемоан, градоначалникот на Понт-а-Мусон, остатоците од леталото биле лоцирани со помош на дрон.

Воен авион се урна во Франција, пријавени се жртви

Француското Министерство за одбрана соопшти дека најмалку еден член на екипажот загинал.

Борбен авион „Мираж-2000Д“ се урнал синоќа во близина на Нанси за време на тренажен лет, при што загинал најмалку еден член на екипажот (екипажот се состоел од пилот и копилот), пренесува БФМ, повикувајќи се на информации од Министерството за одбрана.

Потрагата по вториот член на екипажот е во тек, а започната е и судска истрага за да се утврди причината за несреќата.

Претходно утрово, градоначалникот Лемоан изјави дека несреќата се случила синоќа околу 23:35 часот, во областа помеѓу местата Рожевил, Домевр-ан-Е и Трамблекур, кои се наоѓаат меѓу Нанси и Мец.

Лемоан на Фејсбук наведе дека на лице место се испратени голем број жандарми и пожарникари за прецизно да ја утврдат локацијата на падот. Во Рожевил е формиран кризен штаб, а граѓаните се предупредени дека движењето во таа област може да биде отежнато.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: ПСЖ на подолг период без Кварацкелија

Крилниот напаѓач на европскиот фудбалски шампион ПСЖ, Кварацкелија на вчерашното дерби во Лигата на шампионите против Барселона ги скина лигаментите.

Видео: ПСЖ на подолг период без Кварацкелија

Репрезентативец на Грузија, Квича Кварацкелија доживеа тешка повреда, ги скина лигаментите на десното колено и за него оваа сезона е завршена.

Синоќа за време на мечот од Лигата на Шампионите на домашен терен против Барселона, 25 годишниот Кварацкелија по судирот со противничкиот дефанзивец доживеа тешка повреда.

Деталните прегледи ги потврдија најлошите сомнежи. Грузискиот фудбалер ги скина предните вкрстени лигаменти.

Секако, во ПСЖ сека ќе мораат да најдат решение за неговото одуство, затоа што овој клуб секако дека има амбиција да освои прво место во секоја конкуренција каде што се натпреварува.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Баерн Минхен во проблем пред Арсенал – последниот тренинг одработен без тренерот и капитенот

Германскиот првак Баерн Минхен пред дербито со Арсенал во Лигата на шампионите со проблеми, – на последниот тренинг отсуствувале тренерот и капитенот. 

Баерн Минхен во проблем пред Арсенал – последниот тренинг одработен без тренерот и капитенот

Поради вирусна инфекција, тренерот на Баерн, Винсент Компани, не го водел последниот тренинг пред натпреварот од Лигата на шампионите против Арсенал, а исто така ја пропуштил и прес-конференцијата.

Помошникот Арон Данкс го водел тренингот на негово место. На тренингот го немало ниту капитенот на Баварците Џошуа Кимих.

Според минхенскиот весник „Абендцајтунг“ (Abendzeitung), 31-годишниот играч од средниот ред отсуствувал од лични причини, а не поради повреда, па се очекува да биде на располагање за натпреварот против Арсенал.Капитенот на Барен според последните информации ќе го пропушти и вечерашниот дуел со Арсенал поради смрт во семејството.

-Капитенот на Баерн, Џошуа Кимих, нема да настапи вечерва против Арсенал поради смртта на неговиот татко, соопшти германскиот шампион.

Германските медиуми пренесуваат дека Компани не бил во можност да биде на клупата за време на победата од 6:1 против Лајпциг, поради инфекција и проблем со колкот.

Од клубот се надеваат дека тој ќе биде присутен на стадионот за натпреварот против Арсенал, а можеби и на клупата. Има и добри вести за Баерн М. Мануел Ноер се врати на тренинзите откако пропушти два натпревари поради проблем со стапалото. Јамал ​​Мусиала сè уште закрепнува од повреда на бутот и нема да настапи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер