Промовирана Биографијата на Златко Неделковски - таткото на Кик Боксот во Македонија - Канал 5

Промовирана Биографијата на Златко Неделковски - таткото на Кик Боксот во Македонија

Златко Неделковски прво е човекот кој е татко на Кик Боксот во Македонија но и низа боречки вештини и спортови.

Промовирана Биографијата на Златко Неделковски - таткото на Кик Боксот во Македонија

На 2O април 2O22 година по 4 месеци неизвесност во Офицерски дом [ ЈОУ КИЦ Битола ] се реализираше промоцијата на Биографијата за спортската легенда и татко на Кик Боксот во Македонија - Златко Неделковски [ 196O – 2O2O ] учител - спортски работник - сопруг и татко но пред се битолчанец насловена како "Големиот воин и неговата храбра ќерка" а напишана од неговата ќерка Дијана.

На промоцијата Дијана Неделковска истакна:

Почитувани пред се би сакала искрено да ви се заблагодарам во мое и во името на моето семејство што денес сте дел од овој за нас посебен настан. Искрено ми е многу полесно сега да влезам во рингот отколку да зборувам тука пред сите вас а посебно кога треба да зборувам за мојот татко но ќе ми биде особена чест и задоволство да ви раскажам како и зошто се роди идејата за Биографијата за мојот татко.

Во животот за сите нас постои само една опција - опцијата "A" т.е. да продолжиме понатаму. А токму од таа опцијa и од една болка - една преголема љубов на еден татко и неговата ќерка и нивната професионална и приватна поврзаност произлезе и приказната за "Големиот воин и неговата храбра ќерка".

Деновите и минутите до самата реализација на Биографијата беа долги и тешки но како и се досега што се случувало во нашето семејство така и ова дело е резултат на тимска работа.

Сплотени во едно - месеци и денови сите заедно внимателно ја одбиравме секоја фотографија и некако повеќе тоа беше работа на мојата мајка а додека се останато - целата организација се до овој момент - па и оваа вечер е дело на мојот брат.

"Големиот воин и неговата храбра ќерка" е Биографија но и книга за семејството Неделковски - книга за сите вас - книга за сите минати - сегашни и идни членови - книга за сите соработници и пријатели - за народот - книга за Златко Неделковски.

Славчо Неделковски ги прочита воведот на Биографијата потпишан во име на семејството и ја претстави кратката биографија на својата сестра и причината зошто токму таа е вистинскиот избор да е потписник на Биографијата за Златко Неделковски.

Славчо Неделковски истакна:

Особена чест имам што оваа вечер ќе говорам за архивски факти за човекот кој требаше да е со нас но остави поголем белег врз животите на генерации битолчани кој нема така лесно да се избрише.

Зошто битолчани? Затоа што Златко Неделковски беше самофинансирачки амбасадор на својот град Битола и Македонија. Него никогаш не го интересираше профитот кој пак за жал стана заштитен трговски знак за спортот во нашата земја а и глобално светот.

Златко Неделковски беше спортски работник од стар ков. Неговите ученици беа се – останаа се. И тоа се беше доволно за се што не го доби за време на земниот живот а го заслужи и таа заслуга не може да ја оспори никој.

Златко Неделковски е роден во Битола – живееше и работеше во и за Битола а во Битола е и неговиот вечен дом. Зошто? Затоа што локал патриотизам не е форма само на општествено политичката мисла ами животен избор – стил на живеење во кој ако веруваш го практикуваш. Не е работно време ами целосно посветен земен век.

Златко Неделковски прво е човекот кој е татко на Кик Боксот во Македонија но и низа боречки вештини и спортови кои не само што ги изучил и донел од светот во нашата Македонија – нашата Битола ами ги усовршил и им ги вратил на светот подобри и поквалитетни што е исто поткрепено со факти.

Златко Неделковски пред 4О години го формира Кунг Фу Клубот "Битола" од Битола кој е еден од ретките кој под Баба планина во сегментот спорт а и пошироко го носи името на градот е не нејзиниот највисок врв Пелистер.

Човекот кој точно пред 3О години во независна Македонија во 1992 година по една година формирање на првите клубови на варијации на боречки вештини и спортови – сите до еден основани со негов потпис а во 13 градови го формира Кунг Фу – Фул Контакт Сојузот на Република Македонија или пет години пред оние – кои тврдат дека ете тие се првоносителите.

Семејството Неделковски било се само не обично – монотоно – еднообразно. Секој со својот карактер и својата животна филозофија и љубовта кон својата професија. Мало по број но секогаш среќно. Без разлика на се. И во миговите на радост но и тага. И секогаш со четвороножните членови за кои би сакал да истакнам дека се единствениот сегмент кој не прави нецелосни оваа вечер. Нашите Тир и Ото кои мораа да останат дома.

Не беше лесно да се напише Биографија на човек кој животот го одживеал за три. Но успеавме со креативни форми кои книжевноста не ги познава па и тука направивме уникатна форма на дело кое говори за земниот век на Златко Неделковски низ 6О години а притоа без биде именуван било кој.

Имено во Биографијата има само едно име. Дедо Лазо. А кој и што е дедо Лазо и зошто е битен ќе оставиме на самите вас да откриете а од кој што и очекуваме сериозно да возвратите со ваши критики.

Златко Неделковски е есенцијалната смисла на опшстествено поимење на битолчанец и Битола. Овде сте сите вие кои во палетата на шареноликоста сте најдалечните крајности но тој ве поврза.

Благодарен сум што познавав таков човек. Што и по 18 месеци од неговата смрт тој ве спои и вас а и нас и што неговата мисија за Битола опстојува.

Златко Неделковски целиот свој работен век го помина во РЕК Битола. 8 работни часа од своите 18 години или и 4О години работен стаж за оние 8 до 1О часа секој ден посветени на спортот и неговите ученици и остатокот безусловно за неговото семејтво и пријателите. И така до бесконечноста и без грам немир или измореност. Со трилион идеи кои чекаа на листата за реализација но и безмилосното темпо - како да нема утре.

Златко Неделковски пред 5 години и официјално станува легенда во боречките вештини и спортови со впишување на неговото име како татко на Кик Боксот во Македонија во првиот учебник за боречките спортови и вештини наменет за идните професионални спортисти при Факултет за физичко образование – спорт и здравје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кој бил првиот „станар“ во Белата куќа

Кога Џон Адамс се вселил во Белата куќа на 1 ноември 1800 година,  сегашниот главен град, на САД Вашингтон сè уште бил град во развој – калливи улици, недовршени згради и неуредена околина го карактеризирале новото седиште на американската влада. 

Кој бил првиот „станар“ во Белата куќа

Иако објектот сè уште не бил целосно завршен, Адамс станал негов прв станар, со што ја започнал традицијата која трае веќе повеќе од два века.

Почетокот на претседателската резиденција Изградбата на Белата куќа – тогаш позната едноставно како „Претседателска палата“ – започнала во 1792 година, според нацртот на ирскиот архитект Џејмс Хобан.

Бил избран класичен, симетричен објект во џорџијански стил, а камен-темелникот го поставил самиот претседател Џорџ Вашингтон. Сепак, Вашингтон никогаш немал можност да живее таму; тој починал во 1799 година, една година пред завршувањето на изградбата.

Кога Адамс и неговата сопруга Абигејл се вселиле, куќата била во лоша состојба. Во многу простории сè уште немало мебел ниту завеси, а оџаците честопати ги исполнувале целите катови со чад. Во писмата до пријателите, Абигејл опишувала како ја сушела облеката во големата „Источна соба“, бидејќи тоа бил единствениот простор што имал доволно место и топлина. И покрај овие непријатности, семејството Адамс чувствувало силна гордост – Белата куќа била симбол на новата република, доказ дека Соединетите Држави воспоставиле траен политички центар. Адамс поминал само неколку месеци во Белата куќа, бидејќи во март 1801 година, по поразот на изборите, морал да му ја предаде власта на Томас Џеферсон. Сепак, неговиот престој таму оставил траен белег во историјата.

Пред да замине, Адамс упатил молитва, која ја запишал на ѕидот во една од просториите – порака што подоцна била врежана на каминот во просторијата што денес е позната како „Државна трпезарија“: „Се молам под овој покрив да владеат само чесни и мудри луѓе“.

Оваа реченица станала симбол на визијата на Адамс за американската демократија. Иако скромен и краток, неговиот престој во Белата куќа означил историски почеток – моментот кога една празна зграда станала дом на американскиот претседател и центар на политичкиот живот на нацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ.

Стојаноска: Вреди одигра улога на тројански коњ и ги раштрка гласовите во корист на ДУИ

Пратеничката и членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, од општина Брвеница, оцени дека коалицијата Вреди не успеала да се издвои од политиките на ДУИ, туку во вториот круг од локалните избори застанала зад кандидатот на НАИ.

Стојаноска посочи дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ во првиот круг го поддржале својот кандидат Стојанчо Радичевски, додека Вреди настапила со сопствен кандидат, за во вториот круг да се приклучи кон кандидатот на НАИ.

„Видете, јас не верувам дека вреди е некој голем фактор во општина во Брвеница, впрочем, тоа го покажа и резултатите од првиот круг на изборите тука. Инаку, јасно, ние на овие избори работевме одделно, односно, нашата партија заедно со коалицијата Твоја Македонија застана зад нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, додека вреди во првиот круг работеше за нивниот кандидат, а во вториот круг одлучи да се приклучи на кандидатот на НАИ.

Стојаноска упати критики и кон коалицијата Вреди, обвинувајќи ја дека во вториот круг од изборите во Брвеница одиграла во корист на ДУИ, наместо да ја искористи можноста да покаже дека е политички различна од оваа партија, оценувајќи дека Вреди одиграла улога на „Тројански коњ“.

Жалиме што ете Вреди не ја искористи оваа прилика да покаже дека се поразлични од ДУИ туку, исто како и СДС и Левица. Мислам дека ја одиграа улогата на тројански коњ и одиграа за ДУИ, односно ги раштрка гласовите од гласачкиот базен. Што се однесува за тестот на владината коалиција, мислам дека локалните избори во Брвеница нема да бидат тест за оваа владина коалиција. Туку напротив, тест за коалицијата е реализацијата на владината програма, која што за сега сметам дека се одвива според планираното“, вели Стојаноска.

Осврнувајќи се на изборните резултати и политичката состојба во опозицијата, Стојаноска оцени дека СДС по локалните избори станала маргинална политичка партија, за што одговорност му припиша на партиското раководство предводено од Венко Филипче.

„Така, СДС стана, би рекла, маргинална партија после овие локални избори, особено заради катастрофалното нејзино раководење од страна на Венко Филипче. И јас сметам дека венковистите може би сега и би се радувале или навиваат да победи нивниот партнер ДУИ, што впрочем докажува дека секогаш кога ќе ги споменеме ДУИ и СДС, треба да сме свесни дека станува збор за две различни страни од една иста паричка“, рече Стојаноска.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.

ЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар

Во конфликт меѓу навивачки групи пред влезот на С.Ц „Јане Сандански“ осомничениот задал удар во глава на дете од спротивниот табор. Оштетеното дете од ударот се онесвестило и паднало на земја и со контузија на главата било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот кои треба да бидат сослушани, но и да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот 20-годишник да му биде определена мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер