3Другар од детството му пукал во глава поради „црна лотарија“- детали за убиството на бугарскиот бизнисмен
Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
2Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
КултураПромовиран туристичко-археолошки водич за Демирхисарско Општина Демир Хисар и библиотеката „Ал-Би“ од селото Бабино, синоќа во битолската Магаза приредија промоција на туристичко-археолошки водич за Демирхисарско чие издавање во целост е финансирано и поддржано од Владата на Република Македонија.Туристичко-археолошкиот водич го промовираше градоначалникот на општина Демир Хисар Љупчо Блажевски кој истакна дека во публикацијата се презентирани 196 археолошки локалитети од различни временски периоди. - Водичот содржи археолошки наоди од 40 населени места во Демир Хисар со што се овозможува претставување на општината која досега археолошки не била доволно истражена. Апелираме до стручната јавност овие туристички локалитети да ги валоризира и да ги ставиме на туристичката мапа на регионот. Наскоро ќе почнеме и теренско истражување на еден локалитет, односно стариот антички град Брианион кој е оддалечен 2 км. североисточно од Демир Хисар, а пронајдените материјали ќе бидат изложени во музејска поставка, истакна Блажевски на синоќешната промоција во Магазата. Издавач на туристичко-археолошкиот водич за Демирхисарско е библиотеката „Алби“ од селото Бабино, и истиот е отпечатен во 1.000 примероци. - Оваа прва од ваков вид публикација во Македонија ја дава сликата на различни археолошки локалитети распослани по течението на култниот Еригон кого и Хомер го опеал во својата Илијада. Сакаме да го извадиме Демир Хисар од т.н. анонимност и да му го понудиме на научната јавност за да го истражува и проучува. Во водичот најзастапени се археолошки локалитети од средниот век кој е еден од најнеистражуваните и најзагонетните периоди во археологијата и аналогно на тоа претстојат низа истражувања во Демир Хисар, нагласи Стево Степановски, основач на библиотеката „Ал-Би“ и издавач на водичот. Во изработката на водичот како стручен консултант беше вклучен археологот Слободан Стојкоски од НУ Завод и Музеј-Битола кој потврди дека публикацијата има популарен осврт во научен контекст, а Република Македонија има стручни ресурси да ги продолжи истражувањата во Демир Хисар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамТри модели на Мерцедес се укинуваат следната година Mercedes-Benz прекинува со производство на три модели од 2027 година, завршувајќи ја фазата од својата електрична стратегија и поедноставувајќи ја својата понуда. Електричниот седан EQE, Mercedes-AMG S63 E Performance и луксузниот SUV Mercedes-Maybach EQS 680, сите ја напуштаат понудата. Најголемата промена е седанот EQE, електричниот пандан на E-класата кој не успеа да го постигне очекуваниот успех. Моделот ќе се произведува до крајот на моделската 2027 година, по што ќе исчезне од понудата. На тој начин Meрцедес ја напушта идејата електричните автомобили да имаат целосно одвоени модели и ознаки. Во иднина, компанијата повеќе ќе се потпира на добро познатите серии и нивните електрични верзии. Mercedes-AMG S63 E Performance, еден од најмоќните модели на германскиот производител, исто така се прекинува со производство. Тој комбинираше V8 мотор со plug-in хибриден систем, но побарувачката не беше доволно голема за да го оправда неговото продолжување. Сепак, ова не значи дека Mercedes се откажува од V8 моторот. Компанијата сè уште смета на моќни мотори со внатрешно согорување, особено V8, во идните модели. Третиот модел што треба да се откаже е теренецот Mercedes-Maybach EQS 680, моментално еден од најлуксузните електрични автомобили во гамата на брендот. Неговото производство исто така завршува со моделската 2027 година. Mercedes сè уште не ја исклучил можноста за наследник, но идните луксузни електрични модели треба да бидат многу поблиску до стандардната серија на Mercedes. Овие потези не значат дека Mercedes се откажува од електричните автомобили. Компанијата всушност ја завршува првата фаза од ерата на EQ и се обидува да создаде појасна понуда во која електричните модели нема да бидат целосно одвоени од остатокот од гамата. За клиентите, ова значи помалку одделни EQ модели и повеќе електрични автомобили што ќе бидат директно поврзани со познатата серија на Mercedes.Тагови: мерцедес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
ТенисМедведев поради глупост и дисквалификацијата против Ѓоковиќ, испадна од Топ 5 (ВИДЕО)Данил Медведев ќе претрпи повеќекратна штета поради исклучувањето од мечот со Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на Пекинг. Не само што е без премијата што ја заработи, туку ги загуби и бодовите што го држеа во првата петорка во светот. Имено, Медведев налутено упати топка во публиката и удри гледач, а на само неколку поени од пораз си потпиша сопствена дисквалификација. Тоа значи дека нема да зема бодови за полуфинале. 🚨The moment when Medvedev got disqualified at the @ChinaOpen. https://t.co/5GllzQvZsG — José Morgado (@josemorgado) October 5, 2026 Тоа дополнително имплицира дека тој нема да биде во Топ 5, бидејќи со откажување на неговите поени пред него се враќа Феликс Оже Алијасим и ќе има уште 30 поени. А во трката за завршниот Мастерс во Торино трпи удари, бидејќи Ѓоковиќ сега драстично му се приближи и би можел да го остави без таа конкуренција.Тагови: Данил Медведев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
ЖивотНајтешката тиква има 651,5 килограми, ја подигаат со виљушкар Најтешката тиква во Швајцарија оваа година тежи 651,5 килограми и е одгледувана во приватна градина во кантонот Цирих, објавува швајцарската агенција Keystone-SDA.Ова е трета година по ред одгледувачот Флоријан Ислер од Еслинген, во кантонот Цирих, ја освои титулата швајцарски шампион во одгледување џиновски тикви, објави организаторот на натпреварот, Jüker Farm. Рекорди се уриваат! Тиквата припаѓа на сортата „Атлантски џин“, а нејзиниот одгледувач Ислер постави уште три швајцарски рекорди - за најтешкиот примерок од сортата „Бучел Гард“, тежок 136,6 килограми, највисокиот сончоглед, висок 7,695 метри, и најтешката лубеница, која тежела 97,2 килограми. Срушени се и други швајцарски и светски рекорди во одгледување џиновски зеленчук. Семејството Мајер од Детликон, исто така во кантонот Цирих, сега го држи светскиот рекорд за најтежок сладок компир, еден со тежина од 13,6 килограми, додека Јирг Висли од Досвил, во кантонот Тургау, во североисточна Швајцарија, го постави светскиот рекорд за најдолга лута пиперка, со должина од 54,3 сантиметри. Вкупно 18 џиновски тикви беа измерени на фармата Бихлихоф. Ништо без виљушкар На натпреварот учествуваа 16 тима, вклучувајќи два тима одгледувачи и две семејства. Меѓу 18-те измерени примероци беа 14 портокалови тикви од сортата „Атлантски џин“ и четири зелени тикви. Актуелниот швајцарски рекорд за најтешка тиква е 1.054 килограми, додека светскиот рекорд е 1.278,8 килограми. За време на вчерашниот натпревар, разни видови зеленчук беа транспортирани до вагата со виљушкар.Тагови: тиква Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter