Промовиран романот „Јас, Тито и Мики Маус“ на српски јазик - Канал 5

Промовиран романот „Јас, Тито и Мики Маус“ на српски јазик

Во рамки на 60. Саем на книгата во Белград вчера беше промовирано српското издание на романот „Јас, Тито и Мики Маус” од Блаже Миневски. Романот го објави издавачката куќа „Арка“ од Смедерево, во библиотеката „Бестселери“, во превод на истакнатата српска поетеса, есеистка и преведувачка Лилјана Стеиќ.

Промовиран романот „Јас, Тито и Мики Маус“ на српски јазик
На претставувањето на книгата, кое го проследија и повеќемина српски писатели и критичари, промоторот Душан Стојковиќ меѓу другото истакна дека станува збор за роман кој е „максимално духовит, граден како музичка композиција, барокно звучен, преполн со цела серија лајтмотиви кои го прават самовилски, филмски во трепетот на светлината што постојано се чувствува“.

- Сите ликови во романот се впечатливи, приказната е преполна со фанатастика, а притоа се е некако таинствено и бајковито. Романот на Миневски е своевиден ворхоловски роман во кој смртта е огледало кое се наоѓа насекаде, искосено, бесомнение мултипклицирано. Всушност, романот „Јас, Тито и Мики Маус“ е роман-песна, кој го комбинира историското со фолкронотп и митското по принципот на субјективната логика, а со субјективната лкогика раковиди огромна фанатазија со која овој автор суверено владее како еден од најдобрите прозни мајстори на Балканот, рече Стојковиќ.

Академик Ристо Василевски, пак, претставувајќи го романот истакна дека „Јас, Тито и Мики Маус“ е единствен, не само во современата македонска литература туку и во европската литература и дека во него на мошне луциден, сатиричен и црно-хуморен начин се преплетуваат асоцијации на многу нешта од општата состојба, која е всушност општа болест на современото општество и времето во кое живееме.

- Глобусот на светот е обесен на гранка од сув костен а одозгора постојано го заплиснува некаков небесен измет, па за да се пронајде нешто на него, тој постојано мора да се чисти од изметот, се разбира начесто со нож… Романот „Јас,Тито и Мики Маус“ изобилува со иронија, со филигрански обработени детали и со мајсторски извајани ликови кои ја мешаат фикцијата и стварноста, задржувајќи ја својата балканска заумност и автентичност, рече Василевски.

Претходно издавачката куќа „Арка“ го објави и романот „Нишан“ на Миневски, кој наиде на извонреден прием кај читателите, па веќе е во подготовка второ издание на романот кој литературната критика во Србија го вброи меѓу врвните остварувања во современата светската книжевност, нарекувајќи го „романсиерско чудо“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце.

Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце

На свеченото отворање на детската градинка „Фолеја“ во село Пршовце ќе присуствуваат и евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалникот на општина Теарце, Даут Мемиши.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Копилотот од „Флајдубаи“ сакал да го убие пилотот, а потоа да го урне авионот врз аеродромот во Тел Авив

Копилотот од „Флајдубаи“  сакал да го убие пилотот, а потоа да го урне авионот врз аеродромот во Тел Авив. Тоа го планирал со месеци.

Копилотот од „Флајдубаи“  сакал да го убие пилотот, а потоа да го урне авионот врз аеродромот во Тел Авив

Копилотот кој минатата недела со секира го нападна капетанот на авион на „Флајдубаи“ (Flydubai) и се обиде да ја преземе контролата врз леталото, имал намера да го урне авионот врз меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ во близина на Тел Авив, објавија израелските медиуми, повикувајќи се на информации од истрагата.

Според извештаите на израелскиот Канал 12 и порталот „Ynet“, 29-годишниот државјанин на Оман, Хамам ал-Хамами, наводно им рекол на истражителите дека, откако ќе го елиминирал капетанот, планирал да го продолжи летот како ништо да не се случило. Израелските медиуми тврдат дека неговата намера била да ги добие сите неопходни дозволи за слетување и – дури во фазата на завршен пристап – да го урне „Боингот“ врз зграда или авион на аеродромот.

Со тоа, на израелските власти би им останало многу малку време да сфатат што се случува и да реагираат.

Според истите извештаи, истрагата открила дека Хамами не постапил импулсивно. Во последните месеци, тој повеќе пати слетал на аеродромот „Бен Гурион“ како член на екипажот; за време на една посета во јуни, наводно детално го проучил аеродромот и се подготвувал за напад.

Првично планирал да го изврши нападот уште во јули, но се откажал од идејата во последен момент бидејќи меѓу членовите на екипажот бил и еден негов пријател.

Одлучил да ја чека следната можност. Канал 13 објави уште еден детал од истрагата. Според нивниот извештај, Хамами им кажал на истражителите дека намерно барал работа во авиокомпанија што лета за Тел Авив и дека токму поради тоа ја избрал „Флајдубаи“ (Flydubai).

Израелските истражители сè уште лично не го испрашале Хамами. Канал 12 наведува дека информацијата му била пренесена на Израел од саудиски и емиратски истражители, па затоа деталите од неговата изјава сè уште не се официјално и независно потврдени. Тој побарал од пилотот да се помоли, а потоа го нападнал.

Нападот се случи на 30 септември, за време на летот FZ1073 од Дубаи до Тел Авив.

Капетанот на авионот, Смит Мачхар , Индиец, раскажал дека копилотот ненадејно го нападнал од зад грб, околу пет минути откако побарал дозвола да се помоли. Хамами го удрил со секирата за итни случаи што се чувала во пилотската кабина.

Иако тешко повреден, Мачхар успеал да ја отвори вратата од пилотската кабина. Тоа им овозможило на членовите на екипажот и на патниците да влезат и да го совладаат напаѓачот. За време на борбата, авионот преминал во стрмно понирање.

Според податоците од „Flightradar24“ анализирани од „Ројтерс“, леталото изгубило повеќе од 16.000 стапки – или речиси пет километри – висина за нешто повеќе од 30 секунди.

Откако капетанот успеа да ја отвори пилотската кабина, неколку патници го совладаа Хамами, а контролата врз авионот потоа ја презедоа двајца пилоти кои се наоѓаа во авионот како патници. Авионот беше пренасочен кон Табук, Саудиска Арабија, каде што безбедно слета. Во авионот имаше повеќе од 170 патници и членови на екипажот, главно Израелци. Никој од патниците не загина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гаши домаќин на поранешните собраниски спикери

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ќе одржи средба со поранешни претседатели на законодавниот дом.

Гаши домаќин на поранешните собраниски спикери

Поранешните собраниски спикери ќе го посетат Собранието, каде што средбата со Гаши е закажана за 13 часот во Охридската сала.

На средбата се очекува да бидат разменети искуства и ставови поврзани со работата и функционирањето на највисокиот законодавен орган.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер