ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови
2ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови
МакедонијаПромовиран реобјавениот „Абецедар - сто години потоа“ со стручни текстови од професорките Јурукова, Ачкоска и Јачева - УлчарМакедонскиот буквар „Абецедарот - сто години потоа“ (1925-2025) со авторски текстови од проф. д-р Нада Јурукова, проф. д-р Виолета Ачкоска и проф. д-р Елка Јачева Улчар денеска беше промовиран на Универзитетот „Скопје“. Јубилејното издание „Абецедарот - сто години потоа“ се состои од два дела. Во првиот дел, покрај предговорот, поместени се три авторски статии на проф. д-р Нада Јурукова, проф.д-р Виолета Ачкоска и на проф. д-р Елка Јачева Улчар, а во вториот дел целосно е пренесен „Абецедарот“ во неговата оригинална форма на левата страна од книгата и транскрибираните страници со кирилско писмо, од десната страна. Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров на промоцијата истакна дека „Абецедарот“ првпат бил отепечатен во Атина во 1925 година како сведоштво за постењето на Македонците во Грција и во светот. Промоторот проф. д-р Никола Жежов рече дека македонската историографија направи неколку реизданија на „Абецедарот“, а последното е овде, пред нас како примарен историски извор за признавањето од страна на Владата на Атина на македонската националност на нејзина државна територија. - Денес, во новата историска реалност ние како Македонци имаме неспорен и вреден историски документ од пред еден век кој претставува директно сведоштво дека Грција во 1925 година планирала настава на македонски јазик за потребите на македонските деца во грчкиот образовен систем. Уште поголема важност на „Абецедарот“ му дава фактот што неговите автори се Грци по националност и што учебникот бил изготвен по налог на грчкото министерство за образование. Токму овие последни два неспорни факти треба да бидат нашите клучни аргументи пред светската јавност кога зборуваме и дебатираме за македонското прашање, за правата на Македонците во Егејскиот дел на Македонија и за неисполнетите обврски на Грција и нејзиното отстапување од признавањето на постењето на Македонци на нејзинатата државна територија, истакна Жежов. Според него, „Абецедарот“ реобјавен и дополнет со стручни текстови од професорките Јурукова, Ачкоска и Јачева Улчар треба да му го покажеме на секој странски научник, историчар, филолог или обичен човек кој се интересира за Македонија и за нејзината историја за тоа да биде, како што рече, директен одговор на грчката негаторска политика кон националниот карактер на македонското прашање. Проф. д-р Виолета Ачкоска пред промоцијата изјави дека „Абецедарот“ е специфичен поради азбуката на која е напишан. - Абецедарот е напишан на латиница, веројатно тоа е грчки маневар повторно да се избегне бугарската и српската кирилица бидејќи Бугарите и Србите барале заштита на своето малцинство во Грција. Грците тврделе дека не се работи нуту за бугарско, ниту за српско малцинство, туку за автохтоно славоговорно население како што го викале бидејќи одбегнувале да употребат епитет македонски. Славоговорно население во Грција кое е автохтоно, кое не е ни бугарско, ни српско, кое говори свој автентичен јазик. И Букварот всушност го изразува јазикот на тоа автохтоно подрачје, само што азбуката е на латиница заради овој политички контекст што бил присутен тогаш во таа историска клима, појасни Ачкоска. Таа информира дека овој буквар не се употребувал во образовниот процес, делумно некои го виделе, но набрзо грчката држава го уништила. - Но, штом се сочувал некој примерок, фактички дека тој бил виден. Така во 1985 година првпат се преобјавува во Грција. Постоел таму, го знаеле македонското население, но за жал како што воопшто не било признаено ниту македонско малцинство, ниту Македонците имале образовни, политички и национални права, така и овој буквар останал да не биде применет. Никогаш не бил ставен во практика. Во текот на Втората светска војна и во Граѓанската војна имало на територијата каде делувала Комунистичката партија имало отворање на некои македонски училишта, но тогаш се прави еден нов буквар, а не Абецедарот. Абецедарот дури по 60 години од неговото објавување првпат се преобјавува. Кај нас во Македонија, неколку пати е преобјавен, за сега ние да направиме едно покомплетно издание, поразлично од другите, заедно со транскрипција од латиница на кирилица што го направи колешката Јачева Улчар, со многу широк историски преглед што го направи колешката Нада Јурокава, а јас го направив делот на актуелизација, од денешен аспект значењето и колку историјата нам ни се повторува, од пред војната до денешен ден, истакна Ачкоска. Александар Јаневски, претседател на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“ на промоцијата информира дека на 16 декември 2023 година Сојузот „Македон“ во МАНУ за време на академијата по повод деведесет и осум години од публикувањето на „Абецедарот“ во Атина, ја прифати иницијативата на професорките Нада Јурукова, Виолета Ачкоска и Елка Јачева - Улчар за негово преобјавување во 2025 година, а по повод 100-годишнината. - Затоа денес сме заедно. Нашата искрена и голема благодарност до нив, за иницијативата и авторското учество во неговото јубилејно преобјавување. Почитувани, годинава одбележуваме и 76 години од крајот на т.н. Граѓанска војна во Грција 1946-1949 година и 77 години од егзодусот на децата Македонци од Егејскиот дел на Македонија во 1948 година. Се сеќаваме на најцрната страница од поновата историја на Македонскиот народ. Остануваме посветени на трајно решение на македонското прашање, врз основа на веќе апсолвираното универзално неотуѓиво, неотстапно и неприкосновено право на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ на суверена и самостојна држава Македонија, во согласност со одлуките на референдумите одржани на 8 септември 1991 и 30 септември 2018 година, рече Јаневски. Бараме, како што рече, итно и безусловно еднострано раскинување на Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Протоколот Османи-Генчовска од 17 јули 2022 година, како и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, бидејќи претставуваат санкционирање на Букурешкиот договор од 10 август 1913 година, а со цел: Македонија од држава да стане територија без Македонски народ и историја чии администратори ќе бидат Атина и Софија. -Бараме итно и безусловно продолжување на членството во Обединетите Нации под единственото државно, историско и генеричко име кое се состои само од еден единствен збор - зборот Македонија! Бараме итно и безусловно еднострано распуштање на меѓувладините македонско-бугарска и македонско-грчка комисија за ревизија на македонската историја, рече Јаневски. На промоцијата присуствуваше архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, универзитетски професори, писатели. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканБугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба! Бугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба! Патничкиот авион изврши принудно слетување.Авион на лет од Тел Авив кон Виена извршил принудно слетување во Софија по закана за поставена бомба, при што бугарските воздухопловни сили подигнаа ловци „МиГ-29“. Министерството за одбрана на Бугарија денеска соопшти дека бугарските воздухопловни сили ги активирале своите капацитети за заштита на националниот воздушен простор, откако авион што полетал од Тел Авив синоќа извршил принудно слетување во Софија поради закана со бомба, пренесе „Тачно“. Операцијата на бугарските сили била спроведена во координација со Центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон, Шпанија, јавува БТА. Авион „Ербас А320“ на летот OS82 од Тел Авив кон Виена бил пренасочен кон Софија во неделата вечерта, откако била пријавена закана со бомба, по што слетал на аеродромот „Васил Левски“ во бугарската престолнина, се наведува во соопштението. Според првичните информации, во леталото имало шест члена на екипажот и 51 патник, соопшти бугарското Министерство за транспорт и врски. Додека авионот се приближувал кон границата со Романија, екипажот пријавил дека добил закана со бомба и донел одлука за принудно слетување во Софија. Во исто време, бугарските воздухопловни сили испратија ловци „МиГ-29“, кои ги спроведоа процедурите предвидени за вакви околности. Според бугарската агенција, формирана е оперативна група за брза реакција, а надлежните органи започнаа истрага. Според податоците од веб-страницата „FlightRadar24“, овој авион на „Austrian Airlines“ слетал во Софија во неделата во 20:42 часот по средноевропско време. „Можеме да потврдиме дека беше упатена закана кон летот OS82 на линијата Тел Авив – Виена, поради што беше неопходно принудно слетување во Софија (SOF)“, соопштија од „Austrian Airlines“. Патници изјавиле за израелскиот портал „Ynet“ дека вонредната ситуација настанала по анонимна дојава за присуство на експлозив во авионот. Во леталото наводно се наоѓала делегација на млади луѓе кои требало да говорат пред Обединетите нации, пренесува „Times of Israel“. Поради ова, авионот наводно испратил сигнал за итна помош.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласовиРезултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови, додека ВМРО-ДПМНЕ има раст од скоро 600 гласа.СДС се повеќе тоне. Резултатите од изборите во Брвеница ја демантираа радоста на СДС дека имаат помал пораз од последните локални избори минатата година. Нивниот пораз е уште поголем од ланските избори. Тоа што јасно може да се види е дека СДС сега имаат 57 гласа помалку од гласовите на советничка листа лани, кога истиот кандидат им беше носител. Односно истиот човек лани, како носител на листа за советници, освоил повеќе гласови отколку годинава како кандидат за градоначалник. За појасно да и биде на јавноста, но и на СДС, лани освоија 763, додека вчера, за истиот кандидат гласале 706 граѓани. Кога веќе зборуваме со факти и бројки, вистината е следна. ВМРО-ДПМНЕ освои за скоро 600 повеќе од ланските избори. Имено, на листа за советници лани освоивме 2371 глас, додека вчера за Стојанчо Радичевски гласале 2943 граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМакрон повикува на „мир и ред“ по немирите низ ФранцијаФранцускиот претседател Емануел Макрон повика на „мир и ред“ откако големиот ден на протести се претвори во немири и грабежи во саботата, а некои нереди продолжија во Париз и во неделата.Во национално обраќање од Елисејската палата, тој ги предупреди оние кои учествува во нередите додавајќи: „Сите чувствуваме гнев и срам“. Околу 550.000 демонстранти излегоа на улиците на претежно мирни протести против зголемувањето на цените на горивата, трошоците за живот и влошувањето на јавните услуги, вклучително и училиштата, кои потоа се претворија во насилни. Макрон рече дека мора да се направи разлика помеѓу „Легитимните барања“ на демонстрантите и „оние кои уништуваа, кршеа и ограбуваа“. Полицијата уапси околу 2.400 лица, според министерството за внатрешни работи на Франција. Францускиот претседател рече дека „ништо не го оправдува“ виденото „неконтролирано“ насилство и рече дека вклучените ќе се соочат со правдата. Групи демонстранти, некои облечени во црно и со маски и фантомки на главите излегоа и во Париз, Марсеј и други градови и места, а некои палеа автомобили и згради. Во Лимож, украсното градско собрание од 19 век беше уништено од пожар предизвикан од демонстрантите во саботата, при што нејзината кула и покривот се урнаа, а пламенот се прошири.Сопстевниците на продавници вчера собираат големи парчиња стакло и остатоци од нивните дуќани во Париз, додека камионите за ѓубре ги чистеа остатоците од некои од поголемите улици. По најлошите сцени на јавно нарушување на редот во современата француска историја. .Тагови: Емануел Макрон Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28