Промовиран реконструираниот мозаик во Старата епископска базилика вo Стоби - Канал 5

Промовиран реконструираниот мозаик во Старата епископска базилика вo Стоби

Реконструираниот и вратен мозаик во Старата епископска базилика на археолошкиот локалитет Стоби денеска го посети министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.

Промовиран реконструираниот мозаик во Старата епископска базилика вo Стоби
Мозаикот се наоѓа на површина од 150 метри квадратни, генерално со геометриски флорална декорација која е типична за тоа време, за 4 век.

Неговата конзервација почнала 1991 година од страна на Националниот конзервациски центар, а археолозите од НУ „Стоби“ почнале со доработка во 2012 година и сега е поставен во целиот свој сјај и раскош.

Министерката за култура појасни дека мозаикот е вратен на челична подлога, што е прво вакво решение за изолација од влага и надворешни влијанија во Македонија, но и пошироко.

- Под челичната подлога се гледаат и остатоците од археологијата во овој дел, кој е единствен крупен мозаичен зафат што долго време се работеше и по 20 години е вратен на старото место каде што постоел во епископската базилика, една од најстарите ранохристијански базилики кои датираат од доцниот 4 век и ќе биде достапен за јавноста, истакна Канческа - Милевска.

Со неговото враќање, смета дека ќе се зголеми и посетеноста на локалитетот Стоби, каде во 2014 се регистрирани над 14.000 посетители.

- Од исклучително значење за овој простор се и фреските кои се целосно конзервирани и очекуваме за брзо време да бидат вратени на старото место. Се планира за овој простор да се направи проект за покривна конструкција. Со директорката и стручните лица разговаравме за изработка на проектно решење и почнување изработка на проект со цел да се направи нова покривна конструкција и потоа да се вратат конзервираните фрески на местото каде што постоеле. Мислам дека овој простор навистина ќе има една специфична, автентична убавина со фреските и ќе даде можност за што поголем број посетители, изјави Канческа – Милевска по посетата на локалитетот.

Согласно годишната програма на Министерството, информира дека е предвидено во нартексот на епископската базилика да биде конзервиран мозаикот и да биде вратен со што целиот комплекс ќе биде завршен.

Во делот на конзервацијата на Античкиот театар, министеркатаКанческа-Милевска истакна дека целосно е завршена конзервацијата на источниот дел од гледалиштето, следува фаза за објавување тендер за избор на фирма која ќе ги постави мермерните плочи.

- Извршено е истражување на централниот коридор. Се планира да се почне со истражување и на горниот дел од гледалиштето, а ќе направиме и некоја динамика околу конзервација на другиот дел од гледалиштето каде има мермерни плочи кои поради долгото траење ќе треба да се извадат, да се конзервираат и повторно да се вратат. Имаме одредена динамика која ќе ја следиме во наредниот период со цел театарот да се стави во целосна функција, нагласи ресорната министерка.

Во Годишната програма на Националната установа „Стоби“ влезено е и уредување на музејската поставка, која ќе го уредува објектот „Стара железничка станица“, што се наоѓа од другата страна на локалитетот.

- Објектот ќе има неколку мултифункционални примени. Ќе има музејска поставка, повеќефункционална сала за семинари и слично. Лапидариумот во надворешниот дел ќе биде уреден што е предвидено да заврши оваа година. Во буџетот има обезбедено средства. Институцијата треба веднаш да почне со распишување тендери за изработка на проекти со цел „Старата железничка станица“ да се претвори во една прекрасна музејска поставка. Предвидена е изградба и на кафетерија за посетителите што ќе даде поголема можност да имаат простор да седнат и да одморат од прошетката, додаде Канческа - Милевска.

Директорката на НУ „Стоби“ Силвана Блажевска истакна дека мозаикот во Старата епископска базилика е значаен не само заради тоа што е дел од најстарата ранохристијанска базилика во Република Македонија, туку и заради својот уметнички квалитет, како и заради податоците што ги нуди во научна смисла.


- Мозаикот нуди нови научни сознанија во однос на фазите на поставување. Досега се знаеше за двете фази, а сега во старата епископска базилика се открива и трета фаза која се гледа и во мозаикот и во фреските кои планираме во скоро време да ги поставиме. Мозаикот е генерално со геометриски флорална декорација која е типична за тоа време, за 4 век. Во медалјони се среќаваат молитви, се среќава монограм на Христос, а најзначајниот податок што во едно мозаично поле се среќава натпис со име на епископ кој ја открил базиликата, а не го знаевме претходно. Натписот гласи: „Светата црква се обнови во времето на Пресветиот епископ Естатиј“, појасни Блажевска.

Таа изрази надеж дека следната година ќе почнат со уредување на најпознатиот мозаик со пауни во крстилницата.

- Тоа ќе придонесе во презентација на локалитетот, збогатување на туристичката понуда, а со тоа и во рехабилитацијата на локалитетот, но и исполнување на зацртаната цел да дојдеме до одреден степен на самофинансирање, рече Блажевска.


ретко се случува мозаикот да биде обработен таму каде што е најден. Најчењсто треба да се извади од подлогата да се исече на ситни парчиња, овој беше исечен на 72, кои беа однесени во лабораторијата. Се чисти позадината од страиот уништен малтер, се лие нов малтер, а сега користиме нова метода поставување на мозаикот на алуминиумско саќе кое обезбедува совршена заштита од влага и механички оштетувања, а потоа парче по парче се враќа и се составува.

Над Старата епископска црква, според археологот Митко Тутковски, имало и други мозаици, кои се извадени и со продолжување на ископите е дојдено до неа. Тој појасни дека поради атмосферските влијанија и влагата може да дојде до повторно оштетување на мозаикот, затоа се решиле да го постават на челична конструкција, која ќе овозможи проток на воздухот за негова изолација .


Археолошкиот локалитет Стоби располага со површина од околу 1.600 метри квадратни во различни градби. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се обрати Вучиќ по апсењето на градоначалничката на Смедерево: Ја уапсивте поради депонија (ВИДЕО)

Лидерот на листата „Александар Вучиќ - Единствена Србија“, Александар Вучиќ, се обрати до јавноста во врска со апсењето на градоначалничката на Смедерево.

Се обрати Вучиќ по апсењето на градоначалничката на Смедерево: Ја уапсивте поради депонија (ВИДЕО)

- Ја уапсивте поради депонијата! Не поради пари, туку поради депонијата - забележа тој на почетокот од своето обраќање, тврдејќи дека насилниците дошле во нејзината канцеларија за да ја принудат да поднесе оставка, што таа во тоа време го одбила, објави Телеграф.

Теророт е во тек, тврди Вучиќ, како и „затворањето на медиумите, мечот над главата на Информер, но и на сите други кои се осмелуваат да бидат непослушни“.

- Не го кажувам ова за себе, туку за тие луѓе, за нивните семејства да знаат дека сме со нив и дека не се криминалци. И второ, заради историјата, за да знаат дека утре ќе дојде, и дека ова сега ќе се нарече „вчера“. Бакиќ мисли дека тој е гениј, а ние сме глупави. Сите директно расистички изјави и никој од РЕМ не сака да ги казни за тоа. Едно знам дека има луѓе кои гласаа за Студентскиот список, а кои не го сакаа ова - рече Вучиќ.

- Луѓето сакаа мир и стабилност, а не нестабилност и непознавање на елементарната демократска пракса.

А денес, додаде тој, добил информација дека португалски инвеститор, со кого преговарал 2 години за инвестиција во Бачка Топола, како што стојат работите, се откажува.

- Дека една од најважните компании, која требаше да ни покаже нешто величествено и различно на ЕКСПО, се откажува. Ќе добиете официјално известување за ова во понеделник. Причините се едноставни: луѓето не се чувствуваат безбедно. Луѓето не се чувствуваат безбедно. Луѓето не ја чувствуваат стабилноста каква што отсекогаш сме имале и што отсекогаш сме ја обезбедувале. И можете да им кажете на луѓето, и можете да ги предупредувате секој ден: работите се влошуваат - рече Вучиќ.

- Ќе трошат огромни суми пари за здравствена заштита, нема казни за предвремено пензионирање. Па кој ќе работи за нас тогаш, луѓето ќе се пензионираат масовно - изјави Вучиќ и праша „а како ќе ја финансирате државата“.

- Некој многу посериозен мора да ја заврши таа работа. Па, да седнеме во фотелјата, да видиме кој ќе ја заврши таа сериозна работа.

Им рече на обвинителите и судиите дека ќе одговараат за она што го прават.

- Доаѓа време за пленуми и газење на демократијата. На луѓето во Србија кои нè поддржуваат, само сакам да кажам, знам колку ви е тешко. Знам што значи јавно да се срамат луѓе кои немаат ништо. Сè е исто како во времето на Демократската партија кога се правеа списоци на соодветни обвинители и судии - рече Вучиќ.

YouTube video

Тој рече дека Единствена Србија ќе биде столб на стабилност и дијалог.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда

Денеска се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда.

Мицкоски: Се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда

Денеска се одржа состанок посветен на спроведувањето на Реформската агенда, на кој се разговараше за тековните активности, постигнатиот напредок и следните чекори во реализацијата на предвидените реформи.

Нашата определба останува јасна, доследно исполнување на преземените обврски, забрзување на реформските процеси и создавање поефикасни институции, посилен систем и подобри услови за живот на сите граѓани, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Џони Деп некогаш заработуваше милиони, а сега е задоволен со многу помал хонорар (ВИДЕО)

Џони Деп ќе добие хонорар од пет милиони долари за неговата улога во новиот филм „Ебенезер“, што е значително помалку од сумата што ја заработувал во Холивуд. 

Џони Деп некогаш заработуваше милиони, а сега е задоволен со многу помал хонорар (ВИДЕО)

Извор близок до продукцијата тврди дека актерот се согласил на таков договор затоа што верува во проектот и сака да има удел во сопственоста на филмот.

„Тој се согласил на креативниот договор затоа што се грижи за проектот и сакал да обезбеди значителен дел од заработката. Не станува збор за потенцијален бонус, туку за фактичко сопствеништво на филмот“, рече изворот.

„Ебенезер“ е нова адаптација на познатото дело на Чарлс Дикенс „Божиќна приказна“. Се претставува како потемна, готска верзија на приказната и ќе биде режирана од Ти Вест, позната по хорор филмовите „X“, „Pearl“ и „MaXXXine“.

Некогаш заработувал толку многу што Форбс го прогласил за најпреплатениот актер

Деп некогаш беше меѓу најплатените холивудски актери, но списанието Форбс во 2015 и 2016 година го прогласи за најпреплатениот. Причината беше разликата помеѓу неговите хонорари и заработката на филмовите во кои глумеше.

YouTube video

Според анализата на Форбс, филмот од 2016 година „Алиса низ огледалото“ заработи само 2,80 долари на кино благајните за секој долар што му беше платен на Деп.

Уште во 2011 година, актерот отворено зборуваше за големите суми што ги добил за улогата на капетанот Џек Спероу. Потоа призна за „Венити фер“ дека прифаќа такви пари поради своите деца, ќерката Лили-Роуз (27) и синот Џек (24), кои ги има со поранешната партнерка Ванеса Паради.

„Ако се подготвени да ми платат толку луда сума пари, секако дека ќе ги земам. Морам. Гледате, тоа не е за мене. Го правам тоа за моите деца во овој момент. Звучи смешно, но на крајот на денот, тоа не е за мене. Тоа е за нив“, рече тој во тоа време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер