ВМРО-ДПМНЕ работи посветено и одговара со факти, талогот на СДС заробени во сопствениот хаос, лаги и конструкции
1ВМРО-ДПМНЕ работи посветено и одговара со факти, талогот на СДС заробени во сопствениот хаос, лаги и конструкции
Холандски производител на луксузни автомобили за два дена ги распродал сите модели од 1,5 милиони евра (ВИДЕО)
2Холандски производител на луксузни автомобили за два дена ги распродал сите модели од 1,5 милиони евра (ВИДЕО)
КултураПромовиран речник со поими од медиумската писменост за наставниците со игровни активностиВо ООУ „Мирче Ацев“ - Ѓорче Петров, Скопје е промовиран речникот на поими од медиумска писменост со игровни активности за усвојување, утврдување и примена на поимите од речникот.Авторите на овој речник и игровни активности Елена Апостолова, Гордана Анастасова и Добри Јовевски, денеска апелираа до медиумите и вработените во медиумите да ги користат македонските термини, наместо да користат англицизми. Во речникот e презентиран соодветен превод на дел од поимите од медиумска писменост што досега се користеа како англицизми. - Со преводите и толкувањето на поимите, наставниците добиваат значајна помош во реализацијата на содржини од медиумска писменост за полесно да им објаснат на учениците што е тоа интернет, дигитален простор ,апликација,икона, емотикони,гиф.... Уште поголема поддршка за наставниците претставуваат игровните активности со помош на кои учениците ќе ги усвојуваат и применуваат новонаучените поими како на пример кликбејт - обично е потресен или сензационалистички наслов каде насловот и содржината на текстот не се совпаѓаат односно лажна информација за да измами или лажно да наведува, се наведува во соопштението од авторите на овој речник. Речникот и игровните активности, нагласува таа, се финален продукт што произлезе од активностите во проектот „Намали ризик- медиумска писменост на македонски јазик“, како субгрантиран проект на Do not MIS/DIS TechCamp Ohrid во организација на Стејт Департментот преку Амбасадата на САД и партнерската организација Центар за иновации и дигитална едукација ДИГ-ЕД. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ работи посветено и одговара со факти, талогот на СДС заробени во сопствениот хаос, лаги и конструкцииВМРО-ДПМНЕ работи посветено и одговара со факти, талогот на СДС заробени во сопствениот хаос, лаги и конструкции, разликата е голема.Пред фактите и доказите пропаднаа обидите на талогот на СДС за конструкции, ширеше лаги и паника поврзани со водата за пиење. И, наместо да преземат одговорност за кажаните измислици и за тоа јавно да им се извинат на македонските граѓани, од СДС продолжуваат со потполно истата матрица. Нов ден, нова политичка конструкција и нов обид за создавање хаос. СДС повторно се обидува да наметне политичка тема преку создавање непотребна паника и ширење тврдења кои не се потврдени со факти. Наместо да се соочи со сопствените пропусти и да понуди одговори за своето политичко дејствување, опозициската партија продолжува со познатата стратегија на политички напади и дневни конструкции. Кога фактите не им одговараат, СДС создава нова приказна. Кога ќе пропадне една конструкција, следи нова. Но, граѓаните веќе јасно ја препознаваат оваа политика на СДС која произведува приказни и создавање недоверба, и ВМРО-ДПМНЕ која работи и испорачува резултати во интерес на сите. Од СДС може да покажат трошка доблест и да одговорат каде беше партијата кога на граѓаните во Гостивар им била потребна конкретна помош, зошто не обезбедиле ниту еден пакет вода и зошто не барала одговорност од градоначалникот Валбон Лимани, за кој бараа поддршка на минатите избори. Дополнително, до кога нивниот политички хаос и неуспех ќе го покриваат со нов спин, лага, дезинформација и нов обид за создавање паника и недоверба кај граѓаните. Венко Филипче може да ужива на продолжениот одмор со Зоран Заев на милионската јахта во Паљури, но нема да може бесконечно да бега од хаосот и хистеријата кои ги прави партија чиј формален претседател e. Македонија нема потреба од опозиција која својата неспособност и немањето идеи сака да ги скрие со создавање на хаос, паника и страв, туку на граѓаните им требаат работа, стабилност и конкретни резултати за подобар живот. Наспроти хаосот на талогот на СДС, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да одговара на обидите за политички манипулации со факти, конкретна работа и резултати и тоа граѓаните добро го гледаат. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во градот каде отруја над 5.000 луѓеВчера Христијан Мицкоски и ВМРО славеа во Гостивар.Во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени. Што славеа? Труењето? 22 дена вода со фекалии? Пет недели без документ за анализа на квалитетот на водата? Мицкоски нема ниту трошка морал. Без срам. Мицкоски рече дека Гостивар нема да биде заборавен. А сите заминаа на одмор - во средина на труењето и епидемијата. Но „научно-образовната“ екскурзија не можеше да чека. Тоа е односот на оваа власт кон граѓаните. Слават таму каде што луѓето лежеа по болници. Се сликаат таму каде што кријат анализи. Ветија дека нема да заборават - па заборавија штом се отвори патниот аранжман. Гостивар нема да биде заборавен пред избори - тоа го вели Мицкоски. Гостивар не заборава. Граѓаните не забораваат. Скопје, 19.08.2026 СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураДенес е Преображение ГосподовоДенес е голем ден за Православната црква, денес е голем празник, Преображение Господово - празникот на Неговото Преображение на Таворската гора.Според народните верувања денес прв пат се јаде грозје, откако претходно ќе го благослови свештеникот. Исто така, во делови од земјата домаќинките во пресрет на денешниот ден подготвуваат наутлија-обреден леб. Леб месен со маја подготвена од наут. За здравје и благосостојба во домот. Третата година од Својата проповед на земјата Господ Исус почесто им зборуваше на Неговите ученици за Неговото скорешно страдање, но и за Неговата слава после страдањето на Крстот. За да не ги раслаби Неговото страдање та да отпаднат од Него, Он, Премудроста, сакаше пред да се случат страдањата делумно да им ја покаже Својата Божествена слава. Затоа ги зеде со Себе Петар, Јаков и Јован и излезе со нив ноќе на гората Тавор и таму се преобрази пред нив. И заблеска лицето Негово како сонце, а облеката Му побеле како снег. И се појавија покрај Него Мојсеј и Илија, големите старозаветни Пророци. И видоа учениците и се восхитија. И Петар рече: „Господи, добро ни е да бидеме овде; ако сакаш да направиме три сеници: една за Тебе, за Мојсеј една, а една за Илија“. Но, додека Петар уште говореше, се оддалечија Мојсеј и Илија и сјаен облак ги опфати Господ и учениците и дојде глас од небото: „Овој е Мојот возљубен Син, Него послушајте Го.“ Откако го слушнаа овој глас учениците паднаа ничкум на земјата како мртви и останаа така лежејќи во страв додека Господ не им пријде и рече: „Станете и не бојте се“ (Мт. 17). Зошто Господ ги зеде само овие тројца ученици на Тавор, а не сите? Затоа што Јуда не беше достоен да ја види Божествената слава на Учителот, Кого тој ќе Го предаде, а Господ не сакаше него сам да го остави под гората, та да не може предавникот со тоа да го оправда своето предавство. Зошто се преобрази на гората, а не во долината? За да не научи на две добродетели: на трудољубие и богомислие. Зашто искачувањето на височина бара труд, а височината ја претставува височината на нашите мисли, т.е богомислието. Зошто се преобрази ноќе? Бидејќи ноќта е попогодна за молитва и богомислие одошто денот и ноќта ја закрива со темнина целата земна убавина, а ја открива убавината на ѕвезденото небо. Зошто се јавија Мојсеј и Илија? За да ја разбијат еврејската заблуда дека Христос е некој од Пророците, Илија, Јеремија или некој друг - затоа Он се јавува како Цар над пророците, и затоа Мојсеј и Илија се јавуваат како слуги Негови. Дотогаш Господ многупати им ја покажуваше на учениците Својата Божествена моќ, а на Тавор им ја покажа Својата Божествена природа. Тоа видение на Неговото Божество и слушањето на небесното сведоштво за Него како за Син Божји требаше да им послужи на учениците во деновите на страдањето Господово за укрепување на непоколебливата вера во Него и во Неговата крајна победа. Според православниот календар денес е пост, но е дозволена риба. Извор: denovi.mkКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter