Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, објектот ќе биде отворен во јануари 2026
1Јаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, објектот ќе биде отворен во јануари 2026
3Конески со порака по повод Меѓународниот ден на студентите: Младите треба да бидат активни учесници во создавање на политиките наменети за нив
Опасен ТикТок предизвик се шири меѓу младите- скокаат пред возило за да го тестираат трпението на возачите
1Опасен ТикТок предизвик се шири меѓу младите- скокаат пред возило за да го тестираат трпението на возачите
КултураПромовиран проектот „Кале, срцето на Тетово"„Кале, срцето на Тетово" е иницијатива чија цел е дел од тетовското Кале да се претвори во современ културен центар. Иницијативата предвидува два поголеми објекти, кои се дел од некогашната тврдина, да се адаптираат и во нив да се отвори музеј и помала концертна и мултимедијална сала. На синоќешната промоција на проектот иницијаторите истакнаа дека досега тетовци извонредно ја прифатиле иницијативата бидејќи се очекува на овој начин да заживее оваа историска знаменитост на градот која, како што велат, сега стои целосно запуштена. -Тетовското Кале заслужува да го зачува препознатливиот лик и да добие еден културен центар, а со тоа и да се збогати туристичката понуда на Тетово. За разлика од веќе постоечките културно историски објекти во градот, како Шарената џамија, Арабати Баба Теќе и Музејот на тетпвскиот крај, нам ни треба нешто ново кое ќе биде препознатливо и за младите и за постарите генерации. Идејата на овој проект е едниот, од двата зачувани објекти, да се адаптира во музејски простор во кој би биле изложени археолошки артефакти од овој регион, а вториот објект да се претвори во мал мултимедијален центар со концертна сала и кино сала. Калето отсекогаш било место кое ги обединувало сите тетовци, а такво ќе продолжи да биде и со реализацијата на оваа неша замисла, изјави Дино Блажевски, претставник на проектот „Кале, срцето на Тетово". Зачуваните објекти и ѕидовите на калето се ставени под заштита на државата. Пред десетина години на калето се вршеа архолошки истражувања, а едниот објект, просторијата во која некогаш престојувала и се хранела војската, беше реновиран. Но, тука се застана и од тогаш ништо не е превземено за заживување на овој значаен историски објект. -Со оглед на тоа дека и двата објекти сега се под заштита на државата како културно наследство, ќе мора најблиску да соработуваме со надлежните институции околу адаптирањето на просторот за да не се наруши нивниот автентичен изглед. Досега направивме три суштински анализи, тоа се правната финансиските и компаративна анализа. За овој проект можат да се обезбедат средства и од меѓународни фондови, но се надеваме дека и државата, односно надлежните министерства, ќе го препознаат значењето на оваа иницијатива и ќе пројават интерес да учествуваат во изградба на културниот центар на Тетовското кале. Иако ова за сега е само идеја, мислиме дека има големи изгледи таа и да се реализира во наредниот преиод, изјави Блажевски. Тетовското кале како објект се споменува уште во античко време, а кон крајот на 18 и почетокот на 19 век турскиот паша Реџеп и неговиот син Абдураман на врвот Балтепе градат голема тврдина, со дебели камени ѕидови. Со паѓањето на Реџеп паша и Абдураман паша почнува да пропаѓа и тврдината. Поголемиот дел од градбите се срушени и затрупани со земја, а од некогаш моќните бедени зачувани се делови. Од големиот број објекти кои постоеле, до денес се зачувани два од кои едниот пред десетина години беше реновиран. Проектот „Кале, срцето на Тетово" се спроведува во рамките на Иновативните иницијативи, програма финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка, која ја спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи и нејзиниот партнер Националниот младински совет на Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈаневска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, објектот ќе биде отворен во јануари 2026Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна рехабилитација на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во центарот на Скопје.Објектот ќе биде отворен пред почетокот на вториот семестар од тековната академска година, односно во јануари 2027. Увид во градежните работи за реализација на инвестицијата вредна 10 милиони евра, денес изврши министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, која рече дека актуелната Влада го реализира тоа што го ветува. „Овој објект ќе биде вториот модерен студентски дом што ќе го отвориме со поддршка на Европската унија и Германската развојна банка – KFW со кои заедно започнавме и ќе го завршиме процесот на темелна обнова на 9 државни студентски домови и 6 државни училишта со ресурсни центри. Ова се значајни инвестиции во студентскиот стандард и во инклузијата на образовниот систем“, рече Јаневска, додавајќи дека за нивна реализација се обезбедени 86 милиони евра, од кои 60 милиони евра од KFW, 22 милиони евра се неповратни грантови од ЕУ и 4 милиони евра се буџетски средства. Потсети и дека пред два месеца беше отворен реновираниот „Стив Наумов“ со можност за сместување на 1150 студенти, а сега капацитетите се прошируваат и со овој дом, каде ќе можат да се сместат 280 лица. „Веќе видовте дека се работи за навистина одлични услови, високи стандарди за ваков тип на градби и очекувам студентите што ќе го користат овој дом да бидат задоволни, но и одговорни, за да можат што повеќе генерации да ги почувствуваат придобивките од ова јавно добро“, нагласи Јаневска. Додаде дека денот на посетата е одбран симболично, 17 ноември е Меѓународен ден на студентите, а тие се во фокусот на владините политики. „Грижата за студентскиот стандард е многу подигната во период од неколку години – практично буџетот за оваа намена е двојно зголемен ако ги споредиме 2022 и 2026 година. Продолжуваме посветено да работиме за младите да бидат задоволни од вниманието од државата, да ги надминуваме предизвиците со кои се соочуваат и да ги задржиме тука во сопствената земја да го реализираат својот потенцијал“, порача министерката за образование и наука. Министерство за образование и наукаТагови: Весна Јаневска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД нудат награда од 20 милиони долари за информации за двајца нарко- терористи Стејт департментот нуди до 20 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење или осуда на двајца гватемалски државјани.Стејт департментот нуди до 20 милиони долари за информации што ќе доведат до апсење или осуда на двајца гватемалски државјани осомничени за трговија со дрога и други сериозни кривични дела долж границата меѓу Гватемала и Мексико. Се нудат до 10 милиони долари за информации за секој од нив. Станува збор за Аксел Бладимир Монтехо Сенс, познат како „Мош“ и Валфре Доналд Калдерон-Калдерон, познат како „Ел Тениенте Џуниор“, се вели во соопштението на Бирото за меѓународни наркотици и спроведување на законот на Стејт департментот. Двајцата осомничени се бараат за трговија со дрога, изнуда, трговија со оружје и луѓе и убиство, според соопштението. Стејт департментот вели дека тие работат заедно со мексиканскиот нарко-картел „Нова генерација Халиско“ (CJNG), кој американската администрација го означи како странска терористичка организација минатата година. Монтехо Сенс беше обвинет на 1 ноември 2018 година во Окружниот суд на САД за Јужниот округ на Калифорнија, за заговор за меѓународна дистрибуција на кокаин. Калдерон-Калдерон беше обвинет по истото обвинение во истиот суд на 31 мај 2019 година. Наградите беа доделени во рамките на Програмата за награди за наркотици на САД (NRP), која ги поддржува меѓународните напори за борба против трговијата со дрога и изведување на бегалците пред лицето на правдата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
МакедонијаКонески со порака по повод Меѓународниот ден на студентите: Младите треба да бидат активни учесници во создавање на политиките наменети за нивСтудентските години се специфични токму затоа што во нив истовремено постои и слободата да се сонува и потребата тие соништа постепено да се претворат во реалност.Денес, кога го одбележуваме Меѓународниот ден на студентите, мислам дека најубаво е да зборуваме за студентството онакво какво што навистина е — како еден од најзначајните периоди во животот на човекот, во кој заедно со знаењето се создаваат ставовите, пријателствата, амбициите и првите сериозни идеи за тоа каков живот сакаме да живееме и какво општество сакаме да создадеме. Студентските години се специфични токму затоа што во нив истовремено постои и слободата да се сонува и потребата тие соништа постепено да се претворат во реалност; затоа студентот денес има потреба и од добро образование и од современа технологија, и од можност да истражува и од пристојни услови за живот, но и од чувство дека неговиот труд и потенцијал се препознаени. Кога разговараме со студентите, токму тие секојдневни работи најчесто се покажуваат како најважни — дали можат да си дозволат уред со кој ќе ја следат наставата и ќе истражуваат, дали имаат поддршка за студентскиот оброк, дали можат да добијат стипендија, дали студентскиот дом е место во кое навистина можат достоинствено да живеат и дали до факултет можат да стигнат без секојдневниот превоз да биде дополнителен товар. Затоа е важно зад зборовите за студентскиот стандард да стојат конкретни нешта. Поддршката за електронски уреди, субвенционираниот студентски оброк, стипендиите, инвестициите во студентските домови, бесплатниот превоз и пристапот до меѓународни научни бази се различни мерки, но сите имаат иста цел — студентот да има подобри услови своето знаење да го претвори во можност. Особено значајно е што и кај студентскиот оброк се разговара за решение што би одговорило подобро на реалните потреби на студентите, со предлог месечната поддршка да се зголеми на 4.500 денари и да се воведе дигитален модел преку кој средствата би се користеле за храна, со дополнителни попусти кај вклучените маркети и угостителски објекти. Но, колку и да се важни условите, студентскиот живот не може да се сведе само на нив, затоа што универзитетот не е само место каде што се полагаат испити, туку простор каде што се среќаваат различни мислења, каде што се учи да се аргументира, да се слуша другиот и понекогаш да се промени сопствениот став, а токму таа критичка мисла е една од највредните работи што една генерација може да ги понесе со себе. Токму затоа Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ја гледа својата улога како партнер на студентите, а не како организација што ќе зборува во нивно име без да ги слушне; разговараме директно со нив, ги слушаме нивните предлози и проблеми, сакаме да ги отвориме темите што ги засегаат и, кога ќе препознаеме добра идеја, да создадеме начин таа да стане иницијатива, затоа што веруваме дека младите не треба да бидат само корисници на политиките што се носат за нив, туку активни учесници во нивното создавање. И мислам дека токму тука е најважната порака на денешниот ден: младите не се само иднината за која зборуваме во идно време, туку генерација која веќе денес учи, истражува, создава, предлага и презема одговорност, а наша задача е да создадеме услови тој потенцијал да не остане само на ниво на желба, туку да добие простор за реализација. Драги студенти, ви го честитам Меѓународниот ден на студентите и ви посакувам да не ја изгубите љубопитноста што ве натерала да го изберете вашиот факултет, храброста да поставувате прашања и слободата да создавате сопствени одговори, затоа што токму од такви млади луѓе — образовани, критички настроени, љубопитни и подготвени да преземат одговорност — се создава едно посилно и поуспешно општество. Среќен Меѓународен ден на студентите! Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕТагови: Тодор Конески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00