Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
2Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев
ЗдравјеПромовиран проект за унапредување на образованието на медицинските сестри и акушеркитеПроектот ќе обезбеди натамошно унапредување на сестринскиот и акушерскиот кадар, а ние како Влада и ресорни министерства се стремиме да создадеме услови за нивна поддршка. Проект за унапредување на образованието на медицинските сестри и акушерките и воспоставување систем за признавање на професионалните квалификации во државава (2024-2025) ќе се имплементира со поддршка на Министерството за надворешни и европски работи на Словенија, со техничка помош на Канцеларијата на Светската здравствена организација (СЗО) во Скопје и Министерството за здравство. Проектот е финансиран од ЕУ и ќе им овозможи на учениците и студентите да добиваат квалитетно образование по европски стандарди. На промоцијата во Скопје присуствуваа министрите за образование и за здравство, Весна Јаневска и Арбен Таравари, кои за медиумите изјавија дека медицинските сестри „се столбот на здравствениот систем“. - Проектот ќе обезбеди натамошно унапредување на сестринскиот и акушерскиот кадар, а ние како Влада и ресорни министерства се стремиме да создадеме услови за нивна поддршка. Нашата држава треба соодветно да го цени нивниот придонес, преку конкурентни плати и можности за професионален раст и напредок, за да можеме да ги задржиме меѓу нас. Како лекар можам со сигурност да кажам дека тие се столб на здравствениот систем, без кој не е можна здравствена заштита, рече Јаневска, нагласувајќи дека важен аспект на проектот е воспоставувањето систем за признавање на професионалните квалификации, што ќе овозможи препознатливост на стекнатите дипломи. Јаневска истакна дека здравствениот систем не може да постои без медицинските сестри, акушерките и техничарите и тој „без нивното постоење би се распаднал“. - Нивната стручна работа е од исклучително значење за граѓаните на секоја држава, па и на Македонија. МОН активно се вклучува во овој процес заедно со Министерството за здравство за да постигнеме што е можно поголем успех, изјави Јаневска. Како што посочи на презентацијата, здравствената струка се реализира во 20 средни училишта низ државата, а над 4700 ученици, од прва до четврта година, се школуваат за медицински сестри. Во образовниот профил гинеколошко-акушерска сестра, од прва до четврта година, има вкупно 406 ученици. Дел од нив продолжуваат на студиските програми од прв, втор и трет циклус на студии. Министерот за здравство Арбен Таравари им се заблагодари на поддржувачите на проектот со кој, рече, ќе се унапреди функционирањето на медицинскиот персонал во државава. На новинарско прашање како Владата се справува со одлив на медицинскиот кадар во странство, министерот одговори дека тоа е тренд генерално во регионот, не само во нашата земја, и дека недостиг од кадар има насекаде во државава што потврдуваат и директори на здравствени установи во внатрешноста на земјава. Тој очекува до крајот на годинава да биде објавен оглас за вработување на над илјада лица средномедицински персонал во јавното здравство. - Секаде има недостиг. Затоа Владата веќе презема чекори. Јас се надевам дека до крајот на оваа година ќе биде објавен конкурс за примање на работа на над илјада средномедицински персонал. Тука не подразбирам само медицински сестри, туку и болничари, лаборанти, тие што беа со договор на дело. Но, повторно е малку, повторно ќе имаме уште потреба, изјави Таравари, одговарајќи на новинарски прашања пред промоцијата на проектот организирана со Амбасадата на Словенија. Меѓу преземените чекори на Владата во насока да ги задржи докторите и друг медицински кадар, Таравари посочи дека 300 специјализанти оваа година и 300 идната ќе бидат примени на работа, „1100 средномедицински персонал, колективен договор, покачување на платите“... - Ова е што може да направи една Влада за шест месеци, бидејќи ова се наталожени проблеми од 2017 година. И тогаш беа истите проблеми. И после седум години, успеваме за шест месеци да ги решаваме проблемите, додаде министерот за здравство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаШефот на словачката дипломатија Јурај Бланар во посета на СкопјеМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.Како што соопшти ресорното министертво, предвидена е тет-а-тет средба на министрите муцунски и бланар, по што ќе следи средба на двете делегации. Според агендата, потоа е предвидена и заедничка прес-конференција на министрите муцунски и бланар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден ДончевСпоред неофицијални информации, утрово припадници од Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност – МВР повторно се во акција. Во тек се претреси на повеќе од 10 локации во Скопје, Тетово и Куманово.Под истрага, според првичните информации, се одговорни лица од приватна болница и вработени во Фондот за здравствено осигурување, осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, измама и перење пари. Според неофицијалните информации, штетата врз буџетот надминува 1,5 милиони евра, додека противправно стекнатата материјална корист за болницата се проценува на околу 4 милиони евра. Оштетени се и поголем број пациенти кои се лекувале во болницата. Се очекуваат повеќе детали во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСветски ден на мозочниот удар – превенцијата останува клучнаПревенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет.Денеска во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на мозочниот удар. Превенцијата, навременото препознавање на симптомите и унапредување на здравствената грижа за пациентите ќе бидат во фокусот на одбележувањето кое ќе се одвива во Деканатот на Медицинскиот факултет. Како што неодамна изјавија од Клиниката за неврологија, 16 годишна девојка е најмладата пациентка со мозочен удар хоспитализирана кај нив. Оттаму потенцираат дека навремените прегледи, мерењата притисок, шеќер и холестерол остануваат главен дел во превенцијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter