3Николоски: Излезот за превозниците е на повидок - билатерални договори за долг престој на превозниците
3Од Кичево до вселенскиот сектор: Македонката Мартина Димоска за патот до NASA, аналогните мисии и сонот за Марс
МакедонијаПромовиран „Градскиот воз“ - за 20 минути од Зелениково до Центар По речиси три децении, Зелениково повторно доби локален воз и побрза линија до Скопје. Ако жителите од тука со автобусите на ЈСП патуваа преку еден час, сега до транспортниот центар ќе пристигнуваат за 20 до 25 минути. Долгите патувања со градските автобуси и неизвесноста дали ќе се пристигне во училиште и на работа навреме со години биле горлив проблем за жителите на Зелениково, како и чувството дека биле отсечени од главниот град... -Сега ќе ни значи, поудобно патување до Скопје, да си одиме до пазар, до све. Ќе стигаме побргу, отколку со автобусите, со нив многу патувавме, некогаш можеби час и половина, некогаш доцневме. Се снаоѓавме, некој со коли, се собиравме по тројца, по четворица да патуваме сите до своите работни места. Сега пресреќни сме со овој воз и мислам дека редовно ќе биде полн со патници. Градскиот воз е дел од алтернативите кои ќе ги добие Скопје, кој треба да им го олесни секојдневниот га граѓаните, вели министерот за транспорт Александар Николоски. -Ако пред две години имавме целосно напуштени и девастирани пруги, железнички станици кои што беа затворени и кои што се распаѓаа, возови кои не работеа, локомотиви кои не фунцкионираа и бројни композиции лежеа на македонските пруги, еве после две години имаме јасен и активен карго превоз, а од вчера имаме и градски воз. - Александар Николовски – Министер за транспрот. -Веруваме дека до крајот на оваа година ќе започнеме и градежни активности на двете делници паралелно, кои би требало до крајот на 2027 година или почетокот на 2028 година да бидат целосно оперативни и функционални. - Синиша Ивановски – Директор на МЖ – Инфраструктура Градскиот воз е само дел од интегррианиот систем штои треба да го транформира јавниот превоз на Скопје... Николоски кажа дека Финализирана е и набавката на новите 100 електрични автобуси за Скопје, од кои дел ќе бидат испорачани пред нова година, а градоначлникот Орце Ѓорѓеивски најави дека за 10 дена ќе биде распишан и тендер за долгонајавуваиот проект за автобуско метро, т.н. БРТ -За кратко време почнуваат да стигаат новите автобуси на град Скопје и третата фаза и што ќе значи финална и алтернативи во главниот град, реализација на проектот БРТ.- Орце Ѓорѓиевски – Градоначалник на Скопје Линијата што денеска беше пушптена во употреба е првата од трите планирани. Втората од Ѓорче Петров, и третата од Миладиновци кои исто така ќе завршуваат до транспортен центар, се во фаза на проектирање и според најавите треба да бидат готовои до 2028 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00
МакедонијаЛекарската комора почна процедура за избор на ново раководствоВо тензична атмосфера и зад затворени врати, Лекарската комора одржа собрание, на кое беше одлучено процедурата за избор на ново раководство да продолжи на 7 октомври. Мандатот на актуелната претседателка Калина Гривчева Старделова е истечен од 1 јули, а дел од делегатите ја обвинија дека намерно го опстриура и одложува изборниот процес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнгелов: Шест активни пожари, горат шуми кај Сарај, Штип и во струшкоПродолжува борбата со пожарите низ државата.Гори на неколку локации, а најкритично е во штипско и во струшкиот регион. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Излезот за превозниците е на повидок - билатерални договори за долг престој на превозницитеРешението за македонските превозници е веќе на повидок.Решението за македонските превозници е веќе на повидок а тоа се билатералните договори со земји членки на Европската унија кои ќе им издаваат долгорочни визи, вели министерот за транспорт Александар Николоски за проблемот со престојот на професионалните возачи на кои им се потребни повеќе од 90 дена во 180 дневен период во Шенген зоната. Според Николоски, состанокот кој вчера се оддржа во Брисел меѓу Комисијата и претставниците на превозниците од Западен Балкан, го потврдил ова решение како единствено. -Решението на ова прашање е во две насоки – Европската унија во својата нова визна стратегија ги препозна превозниците како професионалци, и второ дека единственото решение се билатерални договори за долгорочни работни визи кои што ние веќе ги имаме склучено и ги склучуваме и тоа е единственото можно решение. // Решението веќе го имаме на повидок имајќи в предвид дека со неколку држави вакви долгорочни визи веќе се издаваат и ги користат нашите превозници. - Александар Николовски, вицепремиер и министер за транспорт Иако остануваме отворени за разговор за тоа што може да се направи во рамките на нашите правила, мора да биде јасно дека правилата на Шенген и понатаму ќе се применуваат – изјави вчера портпаролот на Европската комисија во врска со состанокот со превозниците. -Тука се применуваат и национални правила и постоечки билатерални договори, па затоа постојат можности за изнаоѓање прагматични решенија во рамките на тековните правила на Шенген, на пример, преку поднесување барања за долгорочни визи и дозволи за престој, или, во одредени ограничени случаи, преку третирање на возачите како прекугранични работници. Сепак, истовремено е важно да се нагласи дека системот за влез/излез не воведува никакви нови правила, ниту нови барања во однос на времетраењето на краткорочните престои во Шенген-зоната. Тоа останува непроменето.- Маркус Ламерт, портпарол на Европска комисија Со предупредувачки протест пред делегацијата на ЕУ во Скопје овој понеделник, превозниците најавија и можна блокада на границите доколку нивниот проблем, како што велат, не се реши во целост, а клучното во нивното барање е наместо во денови престојот да им се брои во часови. Од Макамтранс денеска не беа достапни за коментар, дали планираат да ги блокираат границите и по оддржаниот состанок во Брисел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00Јаневска: Мерките преземени за подобро образование со резултати за пет години11:13Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено09:00Почнува новата учебна година за 238.000 основци и средношколци и 433 паралелки помалку15:00Мицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06
Мицкоски вели дека новото задолжување од 1.3 миларди евра е за враќање на долгови наследени од СДСМ 15:00