Промовиран ДигитМак- Дигиталниот центар за иновации - Канал 5

Промовиран ДигитМак- Дигиталниот центар за иновации

Промовиран ДигитМак- Дигиталниот центар за иновации кој ќе овозможи продлабочување на дигитализацијата на компаниите во државата.

Промовиран ДигитМак- Дигиталниот центар за иновации

Зајакнување на дигиталната подготвеност и капацитет во бизнисите и јавните организации ќе овозможи ДигитМак - Дигиталниот центар за иновации кој што беше промовиран денеска на симпозиум „Иднината на дигиталните иновации – симпозиум за соработка со академијата и индустријата“ на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски во изјава за медиумите по воведното обраќање на настанот истакна дека овој дигитален иновациски хаб има потенцијал да ги зголеми соработката помеѓу бизинис секторот и академијата и во исто време да им ги даде потребните алатки, знаења и вештини на приватниот сектор за да се дигитализира и вклучи во големиот преоект на Владата „Смарт Македонија“. Целиот овој комплекс на активости со дигитализација на приватниот сектор и во јавниот сектор со дигитализација на услугите, на инфраструктурата и на институциите е од исклучително значење за државата.

-Како Влада од првиот ден сме кажале дека сме отворени за соработка со приватниот сектор и високо-образовните и научни установи во државата. Продолжуваме да ги поддржуваме вистинските иновации, не лажните иновации, поддржуваме креативност, соработка и партнерство и се надеваме дека во оваа насока ќе функционира и дигиталниот иновациски хаб, рече Андоновски.

Тој информира дека една и пол година по потпишувањето на Договорот за нашето приклучување во Дигитална Европа со ребалансот на буџетот државата ја исплатила членарината со што оваа програма со вредност од 7,5 милијарди евра станува достапна за нашите компании, бизнисот, НВО, за Академијата и за државните иснтитуции кои можат да аплицираат за средства за дигитализација и иновации. Два проекти, посочи тој, веќе се во најава во МДТ, и уште еден исто така за дигитален хаб. Тој се осврна и на можност за финансирање на диигитализацијата и од страна на државата.

-По последните податоци 85 отсто од приватниот сектор веќе користи интернет, но не им се целосно дигитализирани процесите внатре, и мислам дека постои недостиг на финансирање затоа што Фондот за иновации во последните седум години наместо да финансира технолошки развој, дигитализација и иновации финансираше рецепти за пица. Значи отстуствуваше вистинската поддршка од државата. Но, ако имаме вистинска поддршка од државата ќе го најдеме вистинскиот модел за технолошки развој во наредниот период и особено со буџетот за 2025 година мислам дека ќе постојат средства за финансирање на дигитална трансформација на МСП. Но значајно е и знаењето, мислам дека не постои доволна свесност што е процесот на дигитализација и што значи за малите и средните компании. Задача на ваквите иновациски хабови, на високообразованите институции и наша задача како Министерство ќе биде да им помогнеме на бизнисите да дознаат кои се овие процеси, а потоа и да најдеме методи на финансирање, порача Андоновски.

Деканот на ФИНКИ Боро Јакимовски истакна дека ДикитМак како дигитален иновациски хаб во рамки на активностите предвидени во хабот се можности за проценка на потребите за дигитализација на малите и средните претпријатија во државата, понатаму пристап до финансии за да може тој процес да се олесни, како и пристап до лаборатории специјализирани во рамки на Универзитетот коишто овозможуваат тестирање на нивните идејни решенија. Дополнително преку Европската мрежа за претприемништво хабот ќе нуди можност за вмрежување на комапниите како во државата така и во цела Европа.

-Првото што ќе го добијат компаниите е проценка на нивното ниво на дигитализација и на нивните можности за дигитализација во рамките на користење на основното ниво на дигитализација, но и на напредните технологии од областа на DeeoTech сферата како вештачката интелигенција и слични области, по што ќе се направи план, стратегија и ќе им се помогне како да стигнат до средства за финансирање за да може да го поддржат тој процес на дигитализација. Исто така, ќе им се даде можност од наша страна за пристап до прототипирање на некакви решенија, со цел врз база на податоците или процесите што ги имаат веќе воспоставено, може да се изнајде некакбво иновативно ново решение за поголема приходност и пооптимално производство, појасни Јакимовски.

Во текот на симпозиумот водечки експерти, едукатори и индустриски професионалци ќе говорат за потребната соработка помеѓу академските институции и индустриските лидери.

Новиот дигитален центар за иновации ДигитМак ќе нуди можности за зајакнување на дигиталната подготвеност и капацитет во бизнисите и јавните организации. Тој е основан од конзорциум на четири партнерски институции, секоја од нив со соодветна експертиза во услугите за поддршка на дигиталната трансформација, вклучително и основната инфраструктура. Основачите се Универзитетот Св Кирил и Методиј Скопје, Стопанска комора на Република Македонија, Бизнис акцелератор УКИМ, како и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување. Финансирањето на ваквите инцијативи се одвива главно преку проектите на ЕУ како Хоризонт Европа и Дигитална Европа.

Центарот во следниве години треба да придонесува кон подобрување на дигиталната трансформација, одржливост, раст, продуктивност и конкурентност на приватните и јавните субјекти во државава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Ако се суди според огромната возбуда околу „Grand Theft Auto VI“, брзо се приближуваме кон еден од најголемите настани во светот на видеоигрите во последните неколку години.

Колекционерско издание на „GTA 6“: За 400 долари добивате сè освен самата игра

Новата „GTA“ ветува враќање на сè што ги направи автомобилите клучен дел од серијалот – од брзи потери и трки до уште подетални опции за прилагодување на возилата. Сето ова доаѓа со препознатливата мешавина од криминал, хаос и судири со законот, по кои станаа познати „Rockstar Games“.

Сепак, иако очекувањата се огромни, најновата одлука на „Rockstar“ може да разочара дел од фановите.

Компанијата претстави колекционерско издание насловено „The Goodtime State - Vice City Collection“, со висока цена од 399,99 долари. Проблемот е што во пакетот недостасува најважниот елемент: самата игра.

Што добивате?

„Rockstar“ ја претставува колекцијата како луксузен пакет со предмети за колекционери, инспириран од светот на „Vice City“. Таа содржи разновидни предмети, вклучувајќи очила за сонце „Oakley“, налепници, значки и мапа на Леонида – измислениот регион во кој се одвива дејството на „GTA VI“.

Купувачите добиваат и бејзбол капа, фигура на маскотата на „Vice City“, чашка за жесток пијалак, торба за носење преку тело, приврзок за клучеви, стапче за мешање коктели и магнетно огледало.

Иако колекцијата е очигледно наменета за сериозни колекционери, во кутијата нема да го најдете најважниот предмет: „GTA VI“.

За самата игра, ќе треба да издвоите дополнителни 79,99 долари за стандардното издание или 99 долари за „Ultimate“ верзијата. Тоа значи дека купувачот што го сака целиот пакет ќе мора да плати речиси 480 или 500 долари, во зависност од изданието на играта.

„GTA VI“ без физички диск

Колекционерскиот сет пристигнува во време кога „Rockstar“ веќе предизвика реакции со одлуката „GTA VI“ да биде првиот голем AAA наслов на компанијата без традиционално издание на физички диск.

Играта ќе биде достапна дигитално преку продавниците на „PlayStation“ и „Xbox“, додека физичките примероци во продавниците ќе содржат само код за преземање. Оваа одлука предизвика негативни реакции во дел од гејмерската заедница. Извршниот директор на „Take-Two Interactive“, Штраус Зелник, го бранеше овој пристап, тврдејќи дека физичките дискови веќе немаат голема смисла за потрошувачите.

Ситуацијата е особено интересна за колекционерите. Тие сега можат да потрошат речиси 400 долари за кутија полна со предмети поврзани со играта, а сепак да не ја добијат самата игра во таа кутија.

„Rockstar“ има направено нешто слично и претходно

Сепак, ова не е првпат „Rockstar“ да продава колекционерска кутија без самата игра. Компанијата направи сличен потег во 2018 година со „Red Dead Redemption 2“, изданието „Collector's Box“ објавено тогаш, исто така, не содржеше примерок од играта.

Разликата, сепак, беше во цената. Таа колекционерска кутија чинеше 99 долари – помалку од една четвртина од цената на новата „Vice City Collection“. Денес, оригиналните колекционерски кутии за „Red Dead Redemption 2“ можат да се најдат на „eBay“ по цени што надминуваат 700 долари, што покажува дека вредноста на ваквите производи може да порасне кај колекционерите со текот на времето.

Сепак, останува фактот дека фановите на „GTA VI“, кои ги сакаат и колекционерските предмети и самата игра, ќе мора да ги купат одделно.

Со цена од речиси 400 долари само за колекционерските предмети, „Rockstar“ очигледно цели кон најпосветените фанови на серијалот и кон колекционерите кои се подготвени да платат висока цена за предмети поврзани со еден од најочекуваните наслови во историјата на видеоигрите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

Лука Модриќ преку социјалните мрежи ѝ го честиташе деветтиот роденден на својата најмлада ќерка, Софија.

„Многу те сакам“: Лука Модриќ им ги разнежни срцата на фановите со нова објава

По тој повод, хрватскиот фудбалер сподели неколку фотографии на кои се заедно, придружени со кратка и емотивна порака.

На една од фотографиите, таткото и ќерката се насмеани додека позираат заедно, додека другите прикажуваат опуштени моменти од семејниот живот. На пример, на една фотографија се гледа како Софија седи на рамениците на татко ѝ, а на друга Модриќ ѝ помага да си ја исуши косата.

„Среќен роденден на мојата прекрасна и многу посебна мала принцеза! Многу те сакам!“, напиша Модриќ.

Најмладото од трите деца

Софија е најмладото дете на Лука и неговата сопруга, Вања Модриќ. Покрај неа, тие имаат син, Иван, и ќерка, Ема. Лука и Вања стапија во брак во 2010 година, а една година подоцна ја прославија и црковната венчавка во Загреб.

Модриќ честопати преку социјалните мрежи ги одбележува важните моменти од животот на своите деца, особено нивните родендени. Неговото семејство често го придружува на фудбалски настани. Сопругата и децата честопати го бодреле од трибините за време на клучни натпревари и му се придружувале во прославите по големите победи.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Рускиот претседател Владимир Путин вчера присуствуваше на воена вежба на планините Урал, во која учествуваа војници од Кина и од неколку други земји.

Нов потег на Путин: Русите вежбаат со Кинезите, пристигна нуклеарно предупредување

Путин го посети воениот полигон во регионот Чељабинск за да ја следи завршната фаза од вежбата „Центар-2026“. Вежбата се одржа во склоп на вежбата „Интеракција-2026“, спроведена од членките на Организацијата на Договорот за колективна безбедност – безбедносен сојуз предводен од Москва, составен од неколку поранешни советски републики.

Путин изјави дека 47.000 војници учествуваат во вежбата „Центар-2026“, вежбајќи одбивање напади на 11 полигони и во Каспиското Море. Вежбата започна во понеделникот, а завршува денес.

Путин предупреди дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград.

„Околу 6.000 војници од Русија и од други земји учествуваа во завршната фаза на полигонот Чебаркул“, рече Путин.

YouTube video

Тој додаде дека делегации од 55 земји учествувале како набљудувачи.

Според извештаите на руските медиуми, во вежбата учествуваат воени единици од Белорусија, Киргистан и Таџикистан, заедно со војници од Кина, Монголија и Пакистан. За време на посетата, Путин изврши увид во различни видови вооружување, вклучително и новите беспилотни летала „Геран“ на млазен погон, кои руската војска ги користи во нападите врз Украина.

Посетата на Путин уследи еден ден откако Русија го предупреди НАТО дека нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје за одбрана на Калининград, доколку некоја членка на воениот сојуз се обиде да ја отсече таа руска ексклава на западот на земјата од остатокот на Русија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер