3Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
КултураПромовиран четиритомен избор од творештвото на Иван ЧаповскиВо Друштвото на писателите на Македонија денеска беше одбележана 80-годишнината од раѓањето на македонскиот писател Иван Чаповски. Промовиран беше четиритомен избор од неговото творештво во издание на „Матица македонска“-Скопје, а со предговор на писателот Раде Силјан. Првиот том е посветен на поезијата, а наредните три тома ги донесуваат романите „Змија“, „Магла“ и „Крв на еукалиптусот“. За литературното дело на Чаповски, кој е поет и прозаист, зборуваше Гордана Михаилова Бошнакоска, која истакна дека се работи за богат живот исполнет со големо творештво. - Тој има уште осум романи, кои веројатно во иднина ќе бидат препечатени бидејќи темата со која се зафаќа Иван Чаповски е многу интересна. Би рекла едно толстоевско гледање на проблемот на Македонците од Егејот. Со исклучок на втората поетска книга „Дожд, по дождот Вера“ која се разликува по некои лирски елементи и моменти кои на некој начин се одвојуваат од другите поетски книги, но и од прозата, рече Михаилова Бошнакоска. Чаповски, како што рече, зафаќа едно многу значајно место во македонската литература затоа што навлегува на проблемот кој не е доволно обработен од страна на литературната критика, а е многу важен за историјата на Македонија и на македонската литература. - Животот на Иван Чаповски е живот за егзодус на еден народ, Македонците од Егејксиот дел на Македонија. На оваа тема во македонската литература пишуваа и други автори, Петар Ширилов, Ташко Георгиевски, Паскал Гилевски, Кица Колбе и други, кои овој тежок дел од историјата на Егејска Македонија го отворија не само како литературна тема, но и како тема на која во поголем дел треба да се посвети и нашата историографија, рече Михаилова Бошнакоска. Чаповски изрази задоволство и упати благодарност до неговите пријатели во Друштвото на писателите на Македонија. Иван Чаповски е еден од доајените на ДПМ. Автор е на богат и разновиден поетски, раскажувачки и романескнен опус. Добитник е на високи литературни награди, меѓу кои „Рациново признание“, „Стале Попов“ и „Книжевно жезло“. Поетски и прозни фрагменти од творештвото на Чаповски читаше Александра Велинова. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисијаВо Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска се се одржува надзорната расправа во врска со последните случувања во АЛТА банка.. 30-ина актуелни и поранешни функциониери се на списокот сведоци, кои ќе треба да дадат одговори има ли и чија е институционалната одговорност за АЛТА банка.. Во Собраниете е Јана Јосифоска која ја следи расправата , Јана повели со информациите ? Во видеото погледнете го целиот извештај. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУапсен поранешен министер на СрбијаРаде Баста, поранешен министер во Владата на Србија во периодот од октомври 2022 до мај 2023 година, е уапсен во Белград.Според неофицијални информации, Раде Баста е уапсен по налог на Вишото јавно обвинителство во Белград, бидејќи додека бил директор на „Белградски електрани“ (Beogradske elektrane), го оштетил претпријатието за десетици милиони динари преку одобрување неосновани донации за разни спортски клубови! Меѓу овие спортски клубови, како што пренесуваат дел од српските медиуми, нема звучни имиња, туку станува збор за помали фудбалски и кошаркарски клубови, па дури и еден коњички клуб. Во тек е акција за апсења и претреси на простории, спроведена од припадници на Службата за борба против корупцијата, а се апсат и уште неколку лица поврзани со проневерите на Баста. Да потсетиме, Баста беше министер за економија само 8 месеци, од октомври 2022 до 2023 година, кога беше разрешен од таа функција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во кремаст сос од вргањВо среда (04.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Емилија Мицевска.Состојки за денешниот рецепт: 500 гр. пилешко филе 20 гр. сув вргањ 150 - 200 мл. топла вода 500 мл. павлака за готвење 1 мало шише бело суво вино 40 - 50 гр. пармезан 1 коцка говедска супа 1 лажица путер 1 лажица маслиново масло 1 чешне лук сол, бибер, свеж магдонос мајчина душица Погледнете како се подготвува овој рецепт:Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter