Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
3Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
ЗабаваПромотивна планинарска тура в недела на падините на Галичица Во организација на Алпинистичкиот клуб „Патагонија" и Општина Охрид во недела ќе се одржи првото промотивно издание на планинската тура „Ohrid Outdoor Festival", со излет на планината Галичица .Целта на фестивалот е заедничко дружење и уживање во убавините на Охрид и планината Галичица, возејќи велосипед или искачувајќи го врвот со најубав поглед кон двете езера. Планинарска тура е предвидено да стартува во 8:30 часот од спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори" со обезбеден бесплатен автобуски превоз до превојот „Баба" и пешачење до врвот „Лако сигној" на 1.981 метри надморска височина, а во исто време од истото место стартува и велосипедска тура по падините на Петрино и Галичица преку Велестово, сртовите Крстец и Асанѓура. По завршување на турите во 14:30 часот за учесници и за сите присутни во Охрид ќе биде организирана забава крај брегот на езерото, кај Центарот за обука на вода на АРМ. За безбедноста на учесниците за време на бесплатните тури ќе се грижат тимови од Планинската спасителна служба при Црвениот крст од Охрид, со професионални водичи во планина. Заинтересираните учесници треба да поседуваат лична опрема за планина, соодветна на временските услови, а учеството може да го пријават на [email protected], со назнака за велосипедска или планинарска тура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаГрадскиот воз станува секојдневие: Брза, евтина и удобна транспортна алтернативаДва месеца откако првата сирена на локомотивата го најави неговото враќање, градскиот воз полека, но сигурно станува дел од секојдневието на скопјани. За жителите кои живеат покрај железничката траса веќе станува и навика, оти велат е поинтересна и попрактична транспортна алтернатива. Дел од нив не паметат кога пред градскиот воз, последен пат се возеле на шини – патувањето велат е сосема поразлично, евтино, брзо и удобно, а притоа да не го изгубат целиот ден патувајќи... За други, пак, возот денеска беше можност за празнична прошетка, посета на пријатели или на некој од околните манастири. Велат, брзата железничка врска била мотив плус да излезат од дома и денот да го поминат поинаку. Најголема возбуда, очекувано, кај најмалите. И денеска забележавме родители кои ги носеа своите деца на возење со воз. За тинејџерите од Зелениково пак тој веќе е дел од секојдневнието, превоз до училиште, како и за почести прошетки. Во текот на денот оваа линија од Скопје до Зелениково, каде повратна карта е 70 денари ја користат околу 300 граѓани, половина од нив веќе имаат и месечни билети. Машиновозачите и кондуктерите велат дека интересот е се поголем. Железницата во земјава, како и во целиот свет велат треба да стане примарен, а не алтернативен транспорт. Граѓаните дополнително сметаат дека градскиот воз би бил уште покорисен со почести поаѓања и подобро усогласен возен ред. Предлагаат и воведување интегриран билет што би важел за целиот јавен превоз, што патувањето би им го направило поедноставно и попрактично. Сепак, железницата да стане уште попристапна и побезбедна, потребни се дополнителни инфраструктурни подобрувања, особено во однос на сообраќајната сигнализацвија и рампите на железничките премини. Градскиот воз почна да сообраќа на први септември, со почетокот на учебната година. На линијата Скопје – Зелениково има по осум поаѓања дневно во секој правец, а патувањето трае околу 25 минути. Оваа линија е првата од трите предвидени, односно втората траса ќе биде од Волково до Транспортен центар и третата од Илинден исто така до центарот на градот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Следува период со променливо време, на планините се очекува и снег Завршија топлите и сончеви денови.. Дождливото и ветровито време ќе продолжи и во следните денови, а според прогнозата од синоптичарите, наскоро на повисоките планини ќе падне и снег. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМакедонија го одбележува 11 ОктомвриМакедонија денеска го слави 11 Октомври е денот кога во 1941 година со нападите во Прилеп и Куманово започна организиранот антифашистичко востание за слобода и сопствена држава.Овој голем празник останува морален компас кој потврдува дека македонскиот народ секогаш ја избрал вистинската страна на историјата. Борбата од 1941 година ги постави темелите на АСНОМ и на современата независна Македонија. Со низа свечености денека се одбележува празникот. Централниот настан е во Куманово... Таму е Михаило Донев, го имаме во живо.. Михаило како помина настанот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: 11 Октомври Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter