Промоција на зборникот „Илинденски сведоштва“ том 1 и 2 - Канал 5

Промоција на зборникот „Илинденски сведоштва“ том 1 и 2

Зборникот документи „Илинденските сведоштва“ том 1 и 2 од Ленина Жила, Јасмина Дамјановска и Филип Петровски вечер ќе биде промовиран во арт-кафе „Концепт 37“. Издавач на делото е Државниот архив на Република Македонија (ДАРМ).

Промоција на зборникот „Илинденски сведоштва“ том 1 и 2
„Илинденски сведоштва“ – тоа е условен наслов на комплекс документи од фондот 159 „Извршен совет на НРМ. Одбор за доделување илинденски пензии. Досиеја на признати илинденци (1946-1956)“, кој се чува во во Државниот архив на Република Македонија.

- Илинден е темел на нашата држава. Без саможртвата на македонскиот народ во 1903 година, ние не би можеле да ја имаме својата сегашна држава. Меѓународното право во средината на 20 век го признавало правото на одреден народ да има држава ако тој водел упорна и крвава борба за осамостојување, соопшти Архивот.

Документацијата изобилува со повеќе сегменти од тогашната егзистенција на македонското семејство предводена од турската власт, како и од бугарската, српската и грчката пропаганда, за социјалната положба, за нивниот живот како осуденици и затвореници, за економската сиромаштија, за улогата на религијата, за политичкиот живот.

- „Илинденските сведоштва“ создаваат основа од корен да се промени пристапот на македонската историографија. Првпат се објавуваат извори што ќе создадат основа за проучување на животот на обичниот човек, човек кој се доживува само како една единка од народот. „Илинденските сведоштва“ ќе им помогнат не само на историчарите да го реконструираат животот на обичниот човек туку и на македонските семејства да дознаат повеќе за своите предци, кои беа дел од македонското револуционерно движење, соопшти ДАРМ за изданието./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција: Се заканил дека ќе ја обезглави наставничката, ќе оди во затвор

Во Франција, 47-годишен маж беше осуден на шест месеци затвор поради закана дека ќе ја обезглави наставничката која го казнила неговиот син.

Франција: Се заканил дека ќе ја обезглави наставничката, ќе оди во затвор

Пресудата беше изречена во итна постапка, шест дена по инцидентот во основно училиште во селото Ле Фога во близина на Тулуз во југозападна Франција, објавува Би-Би-Си.

На наставничката ѝ е дадена официјална заштита и моментално е на боледување. Поради инцидентот што се случи минатиот петок, нејзините колеги не одржаа часови во понеделник.

Францускиот министер за образование, Едуар Жефри, изјави дека ниту еден наставник не треба да се плаши да си ја врши работата и дека нападот врз еден од нив е напад врз целата институција. Жефри во текот на летото протурка закон кој го штити училишниот персонал од „значајни ризици“ по безбедноста или здравјето што може да ги претставуваат членовите на семејството на учениците. Министерот истакна дека ова е еден од првите случаи во кои ќе се применува новата регулатива.

Текот на настаните

Раководителот на одделот за образование на Тулуз, Карим Бенмилуд, потврди дека таткото бил повикан во училиштето на разговор. Градоначалникот на Ле Фога, Жан-Мари Пуиг, објасни за BFMTV дека момчето било немирно на час, па затоа било испратено во друго одделение за да се смири. Детето продолжило да се однесува лошо таму, а наставничката го опоменала.

Таткото бил налутен. Според градоначалникот, тој ја сретнал наставничката пред училиштето и ѝ се заканил дека „ќе ѝ ја отсече главата да беше машко“. Таткото подоцна се извинил, но против него била поднесена кривична пријава.

Судска одлука

Таткото на момчето се појавил пред судија во Тулуз завчера попладне. Според извештаите од францускиот суд, судијата му рекол дека таквите изјави се вознемирувачки. Обвинителот побарал шест месеци домашен притвор, но судијата му одредил затворска казна поради сериозноста на неговите постапки.

„Навистина не сум горд на себе“, рекол таткото на момчето, според обвинителите. Казната бара од него да посетува курс за граѓански права и одговорности и му забранува да има каков било контакт со наставничката или да се приближува до училиштето.

Пропис донесен во Франција во јули дозволува префрлање на ученици доколку постои сериозен ризик за персоналот. Се верува дека момчето и неговата помлада сестра ќе бидат префрлени во друго училиште. Се вели дека наставничката, која е во своите 50-ти години, е во длабок шок по заканите.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапи

ДЗР утврдил неефикасно управување со стратешките проекти за време на владеењето на СДСи ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ: 4, 6 милиони евра провизии за незавршена железница, СДС и ДУИ должат одговори, Ј0 да постапи

Државата плаќала 4,6 милиони евра провизии за неповлечени средства додека железничкиот Коридор 8 со години стоел незавршен.

Ова е сериозен скандал и резулат од неодговорното управување на СДС И ДУИ со стратешките инфраструктурни проекти. Првата и втората фаза не биле завршени, роковите биле пробиени, а наместо железничка инфраструктура граѓаните добиле милионски трошоци и нови долгови.

ДЗР констатирал неефикасно управување, a дополнително предупредил и ризик од губење на 61 милион евра европски грант за третата фаза на железничкиот Коридор 8.

Кој е одговорен за овие пропусти? Кој дозволил државата да плаќа милиони евра провизии? И кој ќе одговара ако со нечие постапување или непостапување е нанесена штета на државниот буџет?

СДС и ДУИ неодговорно постапувале со парите на граѓаните.

Јавното обвинителство мора да постапи по наодите на ДЗР. Да се испитаат сите одлуки, договори, постапки и одговорни лица и да се уврди дали има основа за кривична одговорност.

СДС и ДУИ не можат да се кријат и да молчат додека граѓаните ја плаќаат сметката за нивното катастрофално владеење во минатото.

4,6 милиони евра провизии, години доцнење незавршена железница и ризик за европски средства. Тоа е наследството од СДС и ДУИ.

Бараме одговорност за секој потрошен денар и за секоја одлука со која е оштетена државата. Не сме исти. Разликата е евидентна.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Воз излета од шините во Франција, најмалку 20 повредени (ВИДЕО)

Околу 20 лица се повредени во железничка несреќа што се случи вчеравечер кога воз излета од шините помеѓу Руан и Кан во северна Франција, објавија француските власти.

Воз излета од шините во Франција, најмалку 20 повредени (ВИДЕО)

Возот превезувал 180 патници и излетал од шините во близина на градот Клеон во Нормандија, објави францускиот министер за транспорт Филип Табаро на социјалната мрежа „X“.

140 пожарникари биле на местото на несреќата помагајќи им на повредените и патниците, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер