Промоција на „Вдах“ од Борче Панов

Во дворот на манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Новаци вечер ќе биде промовирана поетската книга „Вдах“ од Борче Панов.

Промоцијата е во рамки на Културното лето Новаци 2014, а промотори се Милица Радевска-Димитриевиќ и Елена Г. Костадиновиќ.

„Вдах“ е во издание на „Матица“.

Вучиќ: Да живее челичното пријателство на Србија и Кина

Српскиот и кинескиот претседател Александар Вучиќ и Си Џинпинг пред почеток на официјалните разговори ги поздравија и им се обратија на повеќето илјади граѓани кои присуствуваа на церемонијата на пречекот

Српскиот и кинескиот претседател Александар Вучиќ и Си Џинпинг пред почеток на официјалните разговори ги поздравија и им се обратија на повеќето илјади граѓани кои присуствуваа на церемонијата на пречекот, при што Вучиќ порача „да живее челичното пријателство на Србија и НР Кина“, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој во обраќањето кажа дека денес се пишува историја и дека за неколку години сите ќе се сеќаваат на овој ден и ќе знаат дека на овој ден е напишана иднината.

Како што имаме јасни ставови за кинескиот интегритет, дека Тајван е Кина, така и тие ја поддржуваат територијата на Србија без никаква резерва. Беа со нас во најтешките моменти, беа со нас и пред 25 години кога оваа земја беше рушена и бомбардирана, заедно со нас платија висока цена, и изгубија луѓе на денешен ден“, рече Вучиќ.

Тој се заблагодари на претседателот Си затоа што, како што рече, се што е изградено во Белград е „благодарение на посилната економија, поддршката за Железарата, рудникот во Бор, приватните инвестиции“.

„Можеме и мораме да направиме уште многу заедно, само небото е граница“, рече Вучиќ.

Излезноста во Охрид и Дебрца до 11 часот изнесува 14 проценти

Излезноста во Охрид и Дебрца до 11 часот изнесува 14 проценти, избирачкиот процесот се одвива непречено.

Излезноста на Претседателските избори во Охрид до 11 часот е 14,59 отсто, додека на Парламентарните избори досега гласале 14,62 проценти од избирачите.

Според ОИК, гласањето се одвива непречено и без какви било проблеми.

На избирачките места на територијата на Општина Дебрца до 11 часот излегле 14 отсто од лицата со право на глас.

И во Дебрца нема никакви проблеми и изборниот процес се одвива непречено.

Во главниот избирачки список за денешните Парламентарни избори во Охрид се запишани 51.865 додека за вториот круг од Претседателските 51.717 избирачи.

Според главниот избирачки список, за Парламентарните избори во Дебрца е запишан 4.001 избирач, додека за вториот круг од Претседателските избори 4.009.

Обезбедувач на Дрејк повреден во пукање од автомобил

 Имотот на Дрејк во Торонто, Канада, вчера бил цел на вооружен напад од автомобил. Канадскиот музичар е на безбедно и соработува со полициската истрага којашто сè уште не го открила мотивот.

Полицијата во Торонто во објава на „X“, соопшти дека по пукотниците во градскиот кварт Бридл Пет, еден маж е со „сериозни повреди“ и е пренесен во блиската болница. Се работи за лице од обезбедувањето на вилата.

- Тој стоел пред портите пред резиденцијата кога се случило пукањето. Засега нема познат мотив за пукањето од автомобил. Видеоснимката од безбедносните камери околу куќата на Дрејк се обезбедени и се чини дека пукањето е снимено. Имаме поединци кои очигледно го извршиле пукањето, и се гледаат во возилото. Засега немам опис на возилото или на осомничените. Повторно ќе речам, истрагата е во многу рана фаза, изјави претстаникот на полицијата.

Инаку, периодов се пишуваше за караницата меѓу Дрејк и неговиот колега-рапер Кендрик Ламар. Американецот ги турка своите наводи дека Канаѓанецот, наводно, е сексуален напасник и тоа ја прави кавгата сѐ пожестока. Полицијата сѐ уште не потврдува можна поврзаност.

притисни ентер