Промоција на стихозбирката „Насобрани бигори“ од Наталија Наумовска - Канал 5

Промоција на стихозбирката „Насобрани бигори“ од Наталија Наумовска

Стихозбирката „Насобрани бигори“ од Наталија Наумовска денеска ќе биде промовирана во новата зграда на Општината Ѓорче Петров. Поетската книга свечено ќе ја претстави критичарот и поет проф. д-р Васил Дрвошанов.

Промоција на стихозбирката „Насобрани бигори“ од Наталија Наумовска

Оваа книга е трета нејзина објава по стихозбирките „Восочни солзи“ (2019) и „Навезени букви“ (2021), сите публикувани во Скопје.

Стихозбирката содржи 74 песни. Мотивите во нејзините песни се разгранета мрежа, почнувајќи од колективната болка, предизвикана од социјалните непожелни промени, до личната болка, предизвикана од осаменоста. Песните на Наумовска имаат силен емотивен набој произлезен од нејзината душа и претставуваат драгоцен поетски влог во македонската книжевност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почина пејачот на „Вилиџ Пипл“: Откриени детали за смртта на музичката легенда

Пејачот и еден од основачите на легендарната група„Village People“, Виктор Вилис, почина на 75-годишна возраст по „кратка, но агресивна болест“.

Почина пејачот на „Вилиџ Пипл“: Откриени детали за смртта на музичката легенда

Виктор Вилис беше еден од пејачите и основачите на легендарната група и имаше еден од препознатливите вокали во нивниот голем хит YMCA. Веста за неговата смрт ја објави неговото семејство во кратко соопштение.

„Виктор почина на 30 јуни 2026 година, поради кратка, но агресивна болест. Семејството моли за приватност во ова тешко време на голема загуба.“

Сопругата на Виктор, Карен Хаф-Вилис, исто така ја потврди тажната вест, велејќи: „Со длабока тага морам да ја објавам смртта на мојот сопруг, Виктор Вилис“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дождот предизвика хаос во Скопје: Поплавени улици, возила под вода

Силното невреме кое го зафати Скопје предизвика сообраќаен хаос.

Дождот предизвика хаос во Скопје: Поплавени улици, возила под вода

На социјалните мрежи се појавуваат видеа на кои се гледаат поплавени улици, и автомобили под вода.

Целосно е поплавен подвозникот кај хотелот „Континентал“ каде и возила се потонати под вода.

Тешко проодно е и на булеварот Јордан Мијалков, на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како граѓани ги буткаат своите возила.

Од УХМР велат дека во Скопје и утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Ќе се гради експресен пат од Струмица го границата со Бугарија

Ќе се гради нов екпресен пат од Струмица до границата со Бугарија, најави министерот за транспорт Александар Николоски. 

Николоски: Ќе се гради експресен пат од Струмица го границата со Бугарија

Посочи дека веќе е објавен тендер за избор на изведувач кој треба да изработи струдија за негова изградба.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер